Промени тема
Контакт

ВРЕДИ без нови ресори: Еден човек ќе биде и вицепремиер и министер, потврди Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

По заминувањето на Изет Меџити од Владата и преземањето на градоначалничката функција во Чаир, премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека нема да има проширување на владиниот состав и дека ресорите под ВРЕДИ ќе останат непроменети.

— реклама —

Тој нагласи дека не се планира отворање нови министерства ниту ангажирање дополнителни функционери, туку дека исто лице ќе ги извршува двете функции – вицепремиер и министер.

— реклама —

„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека одлуките се веќе договорени во рамки на владејачката коалиција.

— реклама —

„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено“, изјави тој.

— реклама —

Во однос на кадровските решенија, Мицкоски посочи дека очекува имињата да ги достави во понеделник, откако ќе биде донесена конечната одлука, додавајќи дека станува збор за личности чии имиња веќе кружат во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?: ВРЕДИ бара одговори по првото рочиште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања