Промени тема
Контакт

ВРЕДИ ја финализира листата: Сали за прв вицепремиер и евроинтеграции, Хоџа во животна средина, Бакиу во здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
bekim-sali-31

По неколкунеделни интензивни разговори, коалицијата ВРЕДИ ја усогласи листата на функционери што ќе му ја предложи на премиерот Христијан Мицкоски за пополнување на испразнетите позиции во Владата. Според извори од партијата, кадровските решенија се договорени и се чека финалната потврда од Мицкоски.

— реклама —

Беким Сали е предвиден да ја преземе функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Мухамед Хоџа ќе го води ресорот животна средина, додека Башким Бакиу треба да стане нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.

— реклама —

Алиу, пак, по заминувањето од Министерството за здравство треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел.

— реклама —

Промените стануваат потребни по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, со што неговите дотогашни функции останаа празни.

— реклама —

Доколку премиерот ги одобри предложените имиња, очекувањата се дека до крајот на неделата документите ќе бидат доставени во Собранието и ќе започне постапката за избор на новите министри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?: ВРЕДИ бара одговори по првото рочиште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања