Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВРЕДИ

VLEN-press

ВЛЕН: Лани ДУИ ја разреши, денеска лее крокодилски солзи за Весна Дамева

Со своја реакција за оставката на Весна Дамева се огласи и ВЛЕН:„ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозиција почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите.Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа 'утеха' во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат 'непристрасна правда'. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност.Уште еднаш се потсетуваме на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот шеф на бел коњ, Никола Груевски. И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку 'своите' во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ лее крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми - член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласa и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што и одговараат на поранешната власт“.

Македонија | пред 1 година

nikola-gruevski-45

ВЛЕН: Дистанцирањето на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Груевски

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина!“, соопшти ВЛЕН.„Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски.Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје.Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети.ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски? Што ве спојува? Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава?Али, немој да се двоумите и не се плаши бидејќи немате што повеќе да изгубите!“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

244008664_4350484378321396_586385827109234694_n

ВРЕДИ: Патериците на Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси

„Јасно е како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство. Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции. Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија“, велат од ВРЕДИ.„Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес. Времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши! Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

evra-falsifikat

ВРЕДИ: Уште 50 милиони евра за решавање на суштинските проблеми на општините

„Со дополнителните 50 милиони евра што ги обезбедивме преку договор со Европската инвестициска банка, правиме уште еден чекор за подобрување на условите за живот за сите граѓани, без исклучок. Како и предходно, со фондот од 100 милиони евра, овие средства нема да бидат распределени само на некои општини, туку на сите локални власти без разлика“, велат од ВРЕДИ.„Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги враќа средствата од централниот буџет, кои ќе бидат распределени според утврдената методологија и претставуваат неповратни субвенции за општините. Сето ова ја докажува целосната посветеност на коалицијата ВРЕДИ за целосна децентрализација на општините, што беше и наша заложба во изборната платформа на парламентарните избори.Додека ДУИ во општините со мнозинско албанско население ги остави без инфраструктура, вода за пиење и непокриена канализација, коалицијата ВЛЕН распределува буџетски средства за граѓаните да не се соочуваат со суштински проблеми за живот.Оваа дополнителна инвестиција од 50 милиони евра е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Овој фонд ќе опфати различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за олеснување на сообраќајот и поврзувањето меѓу општините. Како и проекти за зачувување и заштита на животната средина за да сегарантира одржлива иднина за идните генерации. Затоа ги повикуваме општините да аплицираат за овие средства со потребната документација, за да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните.Коалицијата ВРЕДИ, со распределба на средства во општините каде што гравитираат Албанците, ќе обезбеди општините да имаат автономија да управуваат со инвестиции и капитални проекти во интерес на благосостојбата на граѓаните“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

canmathshelp

ВЛЕН: Ги отстранивме игрите на среќа од домовите на граѓаните затворајќи четири компании на кои Артан и Перпарим им дадоа без основа лиценци

„Ангажманот на ВЛЕН во насока на уништување на коцкањето не беше добро прифатен од опозициската албанска партија ДУИ. Зашто, за овие последниве, казината беа претворени во кошници од кои “земаа мед” за да купат гласови и да преживеат на политичката сцена. Затоа, нивната загриженост е оправдана, и тие се нервозни, бидејќи дејствуваат од нивната позиција како опозиција. Но, многу брзо кошниците на ДУИ (казината) ќе бидат искоренети, а ДУИ ќе оди во историјата“, велат од ВЛЕН.„Нивните договори се обидуваат да ги прикријат преку обвинувања базирани на клевети. Ова претворање во улога на будала не било видено никогаш до сега во нашиот политички плурализам. И, нема сомнеж дека нема да помине толку лесно, бидејќи ВЛЕН не дозволува да се потценува свеста на граѓаните, каде нивните измами ќе бидат сокриени зад измислени обвинувања.Општо познато е дека кумот на кумот на казиноманите, Артан Груби, дал негативно мислење за затворањето на онлајн коцкањето, а извршител на неговите наредби е Прпарим Бајрами.Државната лотарија од 2015 година, односно од 2017 година според законот за организирање на игрите на среќа, немаше лиценца за да ја врши оваа дејност. Но, тоа не ја спречи државната лотарија на нелегален начин да продолжи со создавање на разни компании кои се занимаваа со онлајн казина, чии инвестиции достигнуваа стотици милиони евра. Но со автентичното толкување на законот за онлајн игри на среќа, актуелната влада целосно ги затвори онлајн казината.Пратениците Албанци од коалицијата ВЛЕН ја поднесоа барањето за автентично толкување.Коалицијата ВЛЕН има конкретен план за справување со штетните последици од игрите на среќа, кој веќе се спроведува. Благодарение на тој план ги отстранивме игрите на среќа од домовите на граѓаните затворајќи четири компании на кои Артан и Перпарим им дадоа без основа лиценци за игри на среќа на интернет.Ќе има целосно расчистување на злоупотребите во Лотаријата, законска одговорност за сите оние кои постапиле спротивно на законот и нов Закон за игрите на среќа кој ќе го намали бројот на казина најмалку на половина.ВЛЕН го продолжува ангажманот кон исполнување на ветувањата и демаскирање на клеветите!“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

ВРЕДИ: „Фронтот на Ахмети и Села е без компас“

„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен кадровски и програмски ремонт пред воопшто да почнат да се обидуваат да ја бараат довербата кај Албанците. Меѓутоа, тие наивно потценувајќи ја интелигенцијата на народот, упорно сакаат демократската околност што не се дел и од оваа Влада да го претворат во причина за меѓуетнички тензии. Тоа што оваа подмолно сценарио не им поминува кај Албанците, кои јасно им ставаат до знаење дека нема да станат алатка за заштита на нивните поранешни корумпирани функционери, ги прави Ахмети и Села фрустрирани, збунети и без компас. Цело лето најавуваа есенски протести, па се префрлија на средби со нивното разочарано членство, пишуваат патетични писма и ги тераат пратениците да бидат подвижни паноа“, велат од ВРЕДИ.„Коалицијата ВРЕДИ ја потсетува дезориентираната Албанска опозиција дека и должи на јавноста одговори на многу чувствителни прашања кои се останати во нивната меморија како заштитен знак на нивниот режим и потсетници за нивното сегашно лицемерие и дволичност. Зошто „западњаците“ од ДУИ му се поклонија на Лавров среде Скопје? Зошто додека беа власт му дадоа државјанство на Александар Онишченко, додека илјадници Албанци родени во Македонија ги оставија без државјанство? Зошто му дадоа бизниси во Тетово на Дака Давидовиќ, кој е на црна листа на САД?Зошто Ахмети не пишуваше писма за одбрана на Албанците кога беше дел од Владата на Груевски и Мијалков? Зошто Ахмети одлучи да го спречи Арбен Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори и ги повика гласачите на бојкот на гласањето за Претседател на 8 мај? Зошто Ахмети лажно тврдеше дека е сигурен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, затоа што наводно ја има поддршката на стратешките меѓународни партнери? Кој е креатор на срамната понуда на ДУИ, изречена во собраниската канцеларија број 161 за влез во Влада наместо ВРЕДИ, со четири министерства, без Претседател на Собрание и ветување за теренска поддршка за да се изберат Македонци за градоначалници во Струга и Кичево на локалните избори во 2025?Зошто Ахмети преку своите инсталации во правосудниот систем се обидува да ја дестабилизира земјата преку одлуки за задржување на воинот на УЧК Блерим Рамадани во притвор, укинување на балансерот, Законот за бранители и проблематизирање на употребата на Албанскиот јазик?Како и со чии милиони евра Дрин Ахмети стана сопственик на Соравија?Колку тендери внуците на Ахмети имаат добиено благодарение на режимот на ДУИ? Каде се милионите од казино бизнисите на Артан и Прпарим?Колку народни пари се завршени во џебовите на функционери на ДУИ? Зошто Ахмети и Османи активно работат против полноправното членство во ЕУ со спречување да се случат уставни измени?Се додека нема одговори на овие и многу други прашања, фронтот на Ахмети и Села нема што да бара од Албанците. Коалицијата ВРЕДИ е надежта на Албанците!“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

ВРЕДИ: Европскиот фронт се распаѓа од лагите на Ахмети

„Кога ДУИ и нивните сателити зборуваат за фолклоризам и лажен патриотизам, вистината секогаш ги удира по лицето. А вистината е една! Рамиз Мерко, од американските црни листи како пријател и ветеран на кликата на ДУИ, ги потсетува Али Ахмети и Зијадин Села дека корупцијата беше основен столб на нивното 22-годишно владеење“, велат од ВРЕДИ.„Кога Ахмети зборува за ветинг, да го потсетиме дека токму неговиот долгогодишен кадар, Иџет Мемети, спроведе ветинг во неговата партија преку договорот со абазијанското обвинителство. Кога зборува за албанскиот јазик, го потсетуваме дека неговиот „пациент“ Бујар Османи ги испрати трите членови на Венецијанската комисија за оспорување на јазикот.Кога зборува за сила, да го потсетиме на покорноста кон Мијалков и Груевски — едниот ослободен од одговорност, а другиот пуштен да избега. За економијата, да го потсетиме на „Лас Вегасот“ што Артан Груби и Прпарим Бајрами го создадоа во нашите населби.Но, за разлика од нив, ВРЕДИ во своите 100 дена ги покачи пензиите, донесе странски инвестиции, вложува 34.5 милиони евра во изградбата на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза и обезбеди 100 милиони евра за општините. Овие се реални дела што ќе го подобрат животот на нашите граѓани.ВРЕДИ, преку своите кадри, донесе нова свежина, надеж, работна етика, чесност и посветеност кон ветеното. Со непоколеблива волја, поставивме темели за нова ера, каде што граѓаните се на прво место, а нивните очекувања се исполнуваат со дела, не само со зборови. Ние продолжуваме напред, заедно со вас, граѓаните, како наш најголем капитал.На крај, го потсетуваме Али Ахмети дека ВРЕДИ ги доби изборите со 107 илјади албански гласови“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

VLEN_20241002_042624_0000

ВРЕДИ: Азири го призна тоа што го зборуваме во контуинитет - состанокот помеѓу ВМРО и ДУИ заедно со нејзините сателити се случил на барање на Ахмети

„Елми Азири, пратеник од таканаречениот Европски фронт, во телевизиска изјава јавно призна дека учествувал на состанокот одржан во собраниска канцеларијата 161!“, велат од ВРЕДИ.„Со оваа, пратеникот Азири го призна тоа што Коалицијата ВЛЕН го зборува во контуинитет: Состанокот помеѓу ВМРО и ДУИ заедно со нејзините сателити се случил на барање на Али Ахмети пред основањето на Владата. Средбата е одржана во Собрание во канцеларијата 161. На тој фамозен состанок присуствувале Блерим Беџети, Елми Азири и Мендух Тачи.Оваа „европска“ тројка коленичела пред претставниците на ВМРО со цел да издејствуваат да станат дел од Владата наместо ВРЕДИ со само четири министри и без претседател на Собрание. Дури, нуделе на локалните избори да сработат ВМРО да добие Македонци за Градоначалници на Кичево и Струга и да направат список на поранешни функционери на ДУИ кои Ахмети бил подготвен да ги жртвува само за да ги спаси своите внуци.Со оваа јавно признавање, паднаа сите маски. Се потврди дека „Европскиот фронт” за да ги спаси своите поранешни функционери од кривична одговорност за сторена политичка корупција нема дно кое може да го пробие“, соопштуваат од коалицијата ВРЕДИ.

Македонија | пред 1 година

ministri-dui

ДУИ одржа состанок за бркање уплав од кривична одговорност, исплашени се до срж, велат од „Вреди“

„По секоја средба во Мала Речица, може да се потврди еден заклучок- ДУИ е исплашена до срж“, велат од коалицијата Вреди и додават:Изгледа тажно колку ова раководство на тазе опозицијата ДУИ е одлепено од реалноста. Му продаваат магла на чесното членство дека се некакви визионери, а всушност ги има фатено уплав од тоа што следи.Како и во секоја криза што ја доживеа, ДУИ ја има вообичаената тенденција да го користи Охридскиот договор како параван за криминал и неуспеси. Оваа навика на ДУИ сега е јасно читлива. Секогаш кога ќе кажат „Охридски договор“ и „легитимитет“ значат дефокусирање за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим.Судбината во несреќа е што Албанците веќе се свесни за оваа манипулација и ја отежнуваат старата реторика на ДУИ, затоа и oткако увидоа дека нивните лажни тези за одбрана на Охридскиот рамковен договор немаат поддршка кај Албанците почнаа да негираат дестабилизација.Оние кои избегнаа од етничката конкуренцијата и преминаа на граѓанскиот концепт, сега залудно леат крокодилски солзи и се обидуваат да ги уништат гласовите од различни етнички припадности и да ја контесираат волјата на 107 илјади Албанци, за заштита на нивните ситни лични и партиски интереси.Политичките неуспеси, оркестрираната корупција и незаконското богатење не можете да ги покривате ниту со пропагандни изјави, ниту со купување експертиза, ниту со создавање политички ситуации. Или со други зборови, ниту со Охридскиот договор ниту со промоција на нови договори!Потсетуваме дека ги изгубивте изборите токму поради ширење демагогија, бидејќи додека зборувавте за интеграција во ЕУ, вашите антидемократски постапки беа клучната причина што ја држеше земјата во заложништво од интеграциите. Народот разбра дека со изјави за ЕУ ги штитите вашите фотелји и џебови, а сега со изјави за легитимитет штитите функционери потопени во корупција да се соочат со правдата.Време е да се реформираат и да се искористи опозицијата за да се направат кадровски, програмски и прагматични реформи. Картата од Охридскиот договор не ви одминува. ВЛЕН е гаранција на секој Албанец во оваа власт, па не дозволува да ги држите Албанците во заложништво за да ја спасите криминалната структура на ДУИ. Одговорноста е неизбежна.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања