Промени тема
Контакт

ВЛЕН: Дистанцирањето на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikola-gruevski-45

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина!“, соопшти ВЛЕН.

— реклама —

„Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски.

— реклама —

Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје.

Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети.

— реклама —

ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски? Што ве спојува? Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава?

— реклама —

Али, немој да се двоумите и не се плаши бидејќи немате што повеќе да изгубите!“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeama2a6rimgj8kbMSsn

Јакуп Хусеини е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Брвеница

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
grubi-41

ВЛЕН за истрагата против Груби: Не треба политиката да одлучува кој е виновен, ако нема докази не треба да му судат

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања