Промени тема
Контакт

ВРЕДИ: Уште 50 милиони евра за решавање на суштинските проблеми на општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
evra-falsifikat

„Со дополнителните 50 милиони евра што ги обезбедивме преку договор со Европската инвестициска банка, правиме уште еден чекор за подобрување на условите за живот за сите граѓани, без исклучок. Како и предходно, со фондот од 100 милиони евра, овие средства нема да бидат распределени само на некои општини, туку на сите локални власти без разлика“, велат од ВРЕДИ.

— реклама —

„Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги враќа средствата од централниот буџет, кои ќе бидат распределени според утврдената методологија и претставуваат неповратни субвенции за општините. Сето ова ја докажува целосната посветеност на коалицијата ВРЕДИ за целосна децентрализација на општините, што беше и наша заложба во изборната платформа на парламентарните избори.

— реклама —

Додека ДУИ во општините со мнозинско албанско население ги остави без инфраструктура, вода за пиење и непокриена канализација, коалицијата ВЛЕН распределува буџетски средства за граѓаните да не се соочуваат со суштински проблеми за живот.

Оваа дополнителна инвестиција од 50 милиони евра е важен чекор за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и квалитетот на животот на граѓаните. Овој фонд ќе опфати различни развојни проекти насочени кон: Подобрување на патната инфраструктура, изградба и одржување на патишта за олеснување на сообраќајот и поврзувањето меѓу општините. Како и проекти за зачувување и заштита на животната средина за да се

— реклама —

гарантира одржлива иднина за идните генерации. Затоа ги повикуваме општините да аплицираат за овие средства со потребната документација, за да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните.

— реклама —

Коалицијата ВРЕДИ, со распределба на средства во општините каде што гравитираат Албанците, ќе обезбеди општините да имаат автономија да управуваат со инвестиции и капитални проекти во интерес на благосостојбата на граѓаните“, соопшти ВРЕДИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?: ВРЕДИ бара одговори по првото рочиште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања