Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВРЕДИ: 350 илјади евра кај апелационен судија не се инцидент, туку доказ за заробена правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
evra

„Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда“ соопштија утринава од Коалицијата ВРЕДИ.

— реклама —
— реклама —

ВРЕДИ потсетува дека „Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор“.

— реклама —
— реклама —

„Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки „амнестии“ за моќни луѓе. Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња“ – велат од ВРЕДИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ДУИ и ВРЕДИ во нов судир: Обвинувања за „српскиот свет“ и Охридскиот договор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryu8087700hr7g3qIJCPa

ВРЕДИ се пофали со првиот потег на Шасивари – двојазично име на Фејсбук-страницата на Министерството за правда

Македонија | пред 1 седмица

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: ДУИ го блокира Законот за правична застапеност и дејствува спротивно на еден од основните принципи на Охридскиот рамковен договор

Македонија | пред 2 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ го обвини Таравари за неисполнети ветувања за водоснабдувањето во Гостивар

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања