Промени тема
Контакт

Заврши ерата на ДУИ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Коалицијата ВРЕДИ по завршувањето на вториот круг од локалните избори соопшти дека резултатите претставуваат „јасна пресуда на народот“ против, како што наведуваат, оние кои 23 години го држеле албанскиот народ како заложник на лаги и измами.

„Изборите што ги нарекоа ‘референдум’ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од коалицијата.

— реклама —

Од ВРЕДИ истакнуваат дека двата изборни круга потврдиле драматична промена во албанското гласачко тело и „пад на ДУИ од политичката карта на Северна Македонија“.

— реклама —

„По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВРЕДИ, туку слободниот глас на Албанците“, се наведува во соопштението.

Во првиот круг, коалицијата освои победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, додека во вториот круг триумфирала во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.

— реклама —

„Овие победи не се случајност, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата“, нагласуваат од ВРЕДИ.

— реклама —

Во партиското соопштение се наведува дека Албанците јасно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува, истакнувајќи дека ова гласање означува крај на една ера и почеток на „нова визија за албанската политика“.

„ВРЕДИ го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците, бидејќи Албанците веќе проговорија“, стои во завршниот дел од реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ до ДУИ по пресудата за Тачи и другите: „УЧК не е сопственост на ДУИ“

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: За Али Ахмети правдата е коцка

Македонија | пред 1 седмица

grubi-41

Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?: ВРЕДИ бара одговори по првото рочиште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf7th35aspu7o6GaScvu

ВРЕДИ: „Секое ново соочување на ДУИ со граѓаните за нив значи уште една шлаканица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања