ВРЕМЕНСКА

3

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Претпладне врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали

Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 км/ч). Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

272904263_1090726778139929_9056762489912881461_n

Променливо облачно од пладневните часови со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта . Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h).Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.Во Скопје променливо облачно од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.24

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.Во Скопје наутро во делови од котлината со појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Македонија | пред 1 година

vremenska-esen-vreme

Променливо облачно со сончеви периоди и умерен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали и до крајот на денот времето ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо вторник времето ќе биде стабилно со студени утра. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран се очекува во среда кон крајот на денот.

Македонија | пред 1 година

275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни

Претежно облачно со слаб дожд уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДенеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Македонија | пред 1 година

dozd-1

Претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет

Претежно облачно, по котлините ќе има услови за појава на магла. Претпладне во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.Во Скопје претежно облачно и тивко со услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Претежно облачно време со врнежи од дожд, на повисоките места и планините снег

Претежно облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Следува период на променливо облачно и постудено време

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИСледува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.

Македонија | пред 1 година

esen-vremenska-prognoza-oblacno

Наутро студено со услови за магла, преку денот сончево со мала облачност

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна. Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona33

До сабота ќе се задржи сончево време, од недела заладување

Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.24

Продолжува периодот со студени утра и сончево време

Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.Во Скопје утрото студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИПродолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona-1

Претежно сончево време, со постудени утра

Наутро студено со услови за слаба магла или ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степен.Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла, а преку денот претежно сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 20 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИЌе продолжи периодот на претежно сончево време, но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до околу 20 степени.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona33

Утрото постудено со услови за слаба магла, во текот на денот претежно сончево

Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо текот на новата работа седмица времето ќе биде претежно сончево со студени утра и минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona33

Промена на времето: вакви ќе бидат температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.Во текот на следната работна седмица, од УХМР прогнозираат дека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања