ВРЕМЕНСКА

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Студено утро, сончево и релативно топло преку ден

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_4235

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло

Времето денеска со постудено утро, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.И во среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност.Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток по котлините ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Македонија | пред 1 година

berovo

Најладно утрово во Берово, најмногу дожд во Лазарополе

Најладно утрово било во Берово каде што се измерени 6 степени, 9 степени било на Попова Шапка, 10 Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка, Куманово, 11 Тетово, Гевгелија, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес, Кавадарци, 13 Претор, 14 Виница, Дебар.НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)6 Лазарополе, 2 Штип, Охрид, Виница, Прилеп, Крушево, 1 Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци, Маврови Анови.Во текот на ноќта беше променливо облачно, утринава зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени.Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер.Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-102233

„Мини лето во следните два дена во Македонија”: детална метео анализа за четврток и за петок

Утре (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека во петок повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.Утре (четврток), како и во петок повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.Во Скопскиот регион утре (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во петок во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_4715

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Особено во северните делови од земјата ќе има повремен пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.Во Скопје променливо облачно. Во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи.Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 1 година

275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 23 степени.Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Македонија | пред 1 година

dozd

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.Под влијание на циклонска активност денеска и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 27 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.Во Скопје сончево со умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИПод влијание на циклонска активност во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Утрото посвежо, преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 25 степени.Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.40

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 25 степени

Утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.И во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро. Во четврток ќе има зголемена облачност а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

(Видео) Подгответе се за невреме во Скопје со силен ветер

Од УХМР известуваат:Во регионот на Скопје и на североистокот започна да дува засилен до силен северен до северозападен ветер.Овој засилен до силен ветер (и над 70 км/час) ќе се прошири особено долж Повардарието и во источните делови, а ќе продолжи да дува и особено во првиот дел од ноќта.На северозапад има и зголемена нестабилна облачност со која има појава на пороен дожд кој брзо се преместува и наместа е проследен со ретки грмежи.Услови за нестабилност во текот на денот ќе има претежно на северот и на североистокот од земјата.

Скопје | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Нов бран врнежи се движи кон Македонија: Дополнително ќе залади во следните часови

Во следните часови, како и вечерва под влијание на нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад, во Македонија, особено во северните и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд со променлив интензитет. Преку денов и тоа особено во југозападните предели ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денов и вечерва ветерот ќе го промени својот правец во западен и во северозападен, и повеќе ќе биде изразен Долж Повардарието.И во Скопскиот регион во следните часови, како и вечерва ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека кон крајот на денов ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.Максималната температура денес ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени, во Скопје таа ќе достигне до околу 21 степен. Да напоменеме за време на овој влажен бран, локално во северните и во западните предели од државава ќе наврнат над 15 литри дожд на м/2.Поради продор на уште поладен воздух од север, кон крајот на денов и во текот на ноќта се очекува дополнително заладување на времето, па така на високите планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-10-at-08.49.15

(Видео) Колапс во Скопје: „Од Ѓорче до Центар денес можете да стигнете со чамец по првата лента на Партизанска“

Дожот направи хаос низ Скопје. Некои од улиците и булеварите се поплавени поради тоа што водата не истекува во канализација, возилата се движат споро, граѓаните се брзаат да стигнат на работа. Ваква е сликата од утринава, а ја има скоро секое утро кога времето нестабилно, па макар и при помал дожд.Граѓаните реагираат.Дел од крстосниците беа блокирани од возила.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Се очекуваат нови врнежи на дожд, најавуваат од УХМР

Изминатите 24 часа територијата на земјата беше погодена од влажен бран при што на некои места во западните делови наврнаа и поголеми количини на дожд (Рашче 74 mm, Попова Шапка 59 mm, Маврово 40 mm). Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголеми зголемувања на водостоите на реките низ земјава, вели УХМР и додава:Во текот на денот, како за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд но количински помалку и со нешто помал интензитет во однос на вчерашните. Овие врнежи се очекува да ги зголемат водостоите на реките низ земјава без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците. После долгиот сушен период ќе бидат добредојдени за природните езера во земјава, особено за Преспанското Езеро и Дојранското Езеро чии што водостои се под минимално дозволените, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно наполнување со вода.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања