ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВРЕМЕНСКА

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.40

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 25 степени

Утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.И во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро. Во четврток ќе има зголемена облачност а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

(Видео) Подгответе се за невреме во Скопје со силен ветер

Од УХМР известуваат:Во регионот на Скопје и на североистокот започна да дува засилен до силен северен до северозападен ветер.Овој засилен до силен ветер (и над 70 км/час) ќе се прошири особено долж Повардарието и во источните делови, а ќе продолжи да дува и особено во првиот дел од ноќта.На северозапад има и зголемена нестабилна облачност со која има појава на пороен дожд кој брзо се преместува и наместа е проследен со ретки грмежи.Услови за нестабилност во текот на денот ќе има претежно на северот и на североистокот од земјата.

Скопје | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Нов бран врнежи се движи кон Македонија: Дополнително ќе залади во следните часови

Во следните часови, како и вечерва под влијание на нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад, во Македонија, особено во северните и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд со променлив интензитет. Преку денов и тоа особено во југозападните предели ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денов и вечерва ветерот ќе го промени својот правец во западен и во северозападен, и повеќе ќе биде изразен Долж Повардарието.И во Скопскиот регион во следните часови, како и вечерва ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека кон крајот на денов ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.Максималната температура денес ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени, во Скопје таа ќе достигне до околу 21 степен. Да напоменеме за време на овој влажен бран, локално во северните и во западните предели од државава ќе наврнат над 15 литри дожд на м/2.Поради продор на уште поладен воздух од север, кон крајот на денов и во текот на ноќта се очекува дополнително заладување на времето, па така на високите планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-10-at-08.49.15

(Видео) Колапс во Скопје: „Од Ѓорче до Центар денес можете да стигнете со чамец по првата лента на Партизанска“

Дожот направи хаос низ Скопје. Некои од улиците и булеварите се поплавени поради тоа што водата не истекува во канализација, возилата се движат споро, граѓаните се брзаат да стигнат на работа. Ваква е сликата од утринава, а ја има скоро секое утро кога времето нестабилно, па макар и при помал дожд.Граѓаните реагираат.Дел од крстосниците беа блокирани од возила.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Се очекуваат нови врнежи на дожд, најавуваат од УХМР

Изминатите 24 часа територијата на земјата беше погодена од влажен бран при што на некои места во западните делови наврнаа и поголеми количини на дожд (Рашче 74 mm, Попова Шапка 59 mm, Маврово 40 mm). Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголеми зголемувања на водостоите на реките низ земјава, вели УХМР и додава:Во текот на денот, како за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд но количински помалку и со нешто помал интензитет во однос на вчерашните. Овие врнежи се очекува да ги зголемат водостоите на реките низ земјава без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците. После долгиот сушен период ќе бидат добредојдени за природните езера во земјава, особено за Преспанското Езеро и Дојранското Езеро чии што водостои се под минимално дозволените, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно наполнување со вода.

Скопје | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Во следните часови продолжуваат обилните врнежи во Македонија: Можно е локално невреме

Циклонот од Средоземјето, преку Јадранот пристигна и во Македонија. До крајот на денешниот ден насекаде во Македонија овој циклонски систем ќе услови пообилните врнежи од дожд да продолжат. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион продолжуваат врнежите од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Толку од летото: Од понеделник доаѓа вистинска есен на Балканот и во Македонија, ќе ни треба и потопла облека

Почнувајќи од Понеделник (9.9.2024), па речиси во текот на целата наредна седмица територијата на нашата Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето.Во ваква ситуација времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повеќе места ќе има и развој на конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.За време на оваа циклонска активност, на повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2) локално и над 30 л/м2, со што се можни и локални поплавувања.И во Скопскиот регион од понеделник (9.9.2024) па во деновите потоа ќе има честа појава на врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.Ветерот кој го очекуваме во текот на следната седмица повремено ќе биде со брзина и од над 60 км/час и претежно од северен правец, особено кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд.Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие во текот на следната работна недела ќе бидат значително пониски од сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степени, меѓутоа за време на следниот викенд тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 19 до 26 степени, а утринските ќе бидат во интервалот од 6 до 14 степени, додека на планинските и на повисоките места ќе бидат и уште пониски.Со оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, дефинитивно му кажуваме збогум на долгото и тропско лето во Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Следната седмица ни доаѓаат обилни дождови, голем пад на температурите, па дури и можност за снег на највисоките места

Почнувајќи од 9.9.2024 (Понеделник), па во текот на целата наредна седмица ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со повремено силен ветер. Сето ова ќе биде поради формирањето на циклонски систем над Средоземјето, и истиот ќе влијае на времето насекаде на балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Во поголем дел од регионот се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, со што можни се и локални поплавувања, а температурите следната седмица ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината, што значи дека и тоа како следната седмица ќе ги почиувствуваме првите знаци на есента.Со оваа промена, поради големиот пад на температурите, на Европските Алпи ги очекуваме и првите обилни врнежи од снег. Можеби звучи чудно, поради тоа што сеуште е многу рано, но моменталните излези на прогностичките материјали со кои располагаме дури цртаат дека следната седмица ќе има и прво провејување на снег на високите планински места во регионот, па дури и во Македонија.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Натпросечно топло време, но и попладневна и вечерна нестабилност со пороен дожд и грмежи – можно е локално невреме

Во Македонија и покрај натпросечно високите температури на воздухот (продолженото лето), започна период на нестабилно време. Тоа значи дека до крајот на денешниот ден, како и во следните денови очекуваме локален попладневен и вечерен развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во петок на повеќе места очекуваме нестабилност со пороен дожд и грмежи, кога локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.И во делови од скопската котлина постои можност за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во петок попладне, кога е можна и појава на невреме.Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, додека преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.Пад на температурите за неколку степени се очекува во петок, како и за време на викендот.На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Температурите ќе се искачат до екстремно високи 42 степени, сепак и покрај ова, од среда постои опасност и за локално невреме

Од денес (12.8.2024), па во текот на целата оваа седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР”. Овој екстремно топол бран ќе донесе и екстремно високи температури на воздухот и тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па и над 40 степени, односно до 41, 42 степени.Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлото време, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течноти.Сепак, и покрај екстремно високите температури на воздухот, од среда попладне растат и условите за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија, токму поради екстремно високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Македонија | пред 1 година

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Временска за неделава: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари

По краткотрајната и локална дестабилизација на атмосферата која ја имаме овој викенд, во текот на следната седмица продолжува големата суша и топлина во Македонија. Времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.Повремено ќе засилува и ветер од променлив правец, па токму поради сушното и многу топло време, но и поради ветерот кој се очекува, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.Што се однесува пак до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до близу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 8.

Македонија | пред 1 година

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Ни следува сушен и топол период, и тоа поради антициклон, придружен со африканскиот топол бран – постои опасност од нови шумски пожари

Пред нас е сушен и топол период, и тоа поради антициклонот кој ќе биде над нашата територија, односно поле на висок воздушен притисок, но и поради Африканскиот топол бран кој ќе условува топло време со температури насекаде над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38, 39 степени.На почетокот на следната седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Токму поради ваквата ситуација, повторно расти опасноста од појава на шумски пожари во Македонија. Затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни околу тоа како се однесуваат со природата, за да не дојде до повторна појава на шумски пожари.

Македонија | пред 1 година

20180511_024801

Ќе имаме пеколно лето: Сепак гледано долгорочно, топлотните бранови ќе траат пократко за разлика од минатите години

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот бран на многу високи температури на воздухот кои беа натпросечно високи за овој период од годината.Секако ова не значи дека пред нас е екстремно топло лето, напротив според долгорочните прогнози со кои ние располагаме ќе имаме едно нормално топло лето, што значи дека не очекуваме некои долготрајни топлотни бранови. Секако топлотните бранови ќе ги имаме и тие ќе условуваат многу високи температури на воздухот, но ќе траат пократко за разлика од изминатите години.Тука се и временските непогоди кои ќе бидат почеста појава и ова лето, особено во јули и во август кога би можело да имаме и поголеми временски непогоди и натпросечно количество на врнежи за тие месеци.Да напоменеме дека тука ни е и метеоролошкиот феномен “Ла Ниња” која особено ќе добива на интензитет кон крајот на ова лето. Таа носи пониски температури и го лади Европскиот Континент, кај нас врнежите токму поради овој метеоролошки феномен во иднина ќе ги има повеќе.Со оглед на тоа дека се работи за сезонска и долгорочна прогноза, граѓаните истата не треба да ја земаат здраво за готово и дека промени во истата се можни, што значи дека сезонските прогнози се со помала веројатност за остварување.

Македонија | пред 1 година

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Температури до 41 степен: Максимумот на топлотниот африкански бран ќе биде во вторник и среда

Својот максимум овој многу топол бран кој продира од северните предели на Африка во Македонија ќе го достигне во вторник и во среда (11 и 12.6.2024). Тогаш максималните дневни температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат и до 40-41 степен.Ув индексот овие два дена ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова ги советуваме граѓаните да пијат повеќе течности, и секако, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.Во Скопје максималната температура на воздухот за време на максимумот на овој топол бран ќе се искачи до околу 37 степени.Да напоменеме дека следната седмица и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели ноќите ќе бидат тропски, односно тоа значи дека температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.Мало освежување на времето не очекува дури во четврток (13.6.2024)

Македонија | пред 1 година

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Циклон од запад овој викенд ќе ни донесе нови обилни врнежи и грмежи, а ќе има појава и на ново локално невреме

За време на викендов, и тоа поради влијанието на висински циклон од запад, повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места, и тоа особено во западната половина од државава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално повторно ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и со појава на град.И во Скопскиот регион од денес попладне ќе биде нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека утре ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.Да напоменеме дека за време на викендов локално ќе наврне позначително количество на воден талог, особено во западната половина од државава, и тоа над 25 литри дожд.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања