ВРЕМЕНСКА

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Времето оваа недела: подгответе се за магла, а и снег

Во текот на новата седмица во Македонија ќе имаме променливо време со сончеви периоди, а ќе биде претежно тивко. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег.Сепак во текот новата седмица во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, која понекаде, особено во Скопскиот регион и во котлините Долж Повардарието ќе се задржи и во поголемиот дел од денот и истата ќе условува пониски температури на воздухот.Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, локално и под нулата, особено на повисоките и планинските места, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски, особено од средината на седмицата кога ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.Се на се, во текот на седмицата која ни претстои не се очекуваат некои нови пообилни врнежи од дожд и снег, освен од средината на истата кога ќе бидеме под влијание на поладен воздух од север.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.Во Скопје претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.Во текот на наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи. Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Македонија | пред 1 година

51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Најмногу снег утрово на Попова Шапка

Утрово на Попова Шапка се измерени -2 степени, -1 степен е измерен во Маврови Анови и Лазарополе, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Дебар, 4 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип, Виница, 6 Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 40 сантиметри на Попова Шапка, 37 Маврови Анови, 18 Крушево, 5 Лазарополе.Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-10-at-08.49.15

Претежно облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Македонија | пред 1 година

vremenska-esen-vreme

Претпладне облачно, во текот на денот сончево и тивко

Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИСледува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Од среда навечер, како и во четврток, во Македонија нови врнежи од дожд и снег

Променливото време продолжува и во почетокот на оваа работна седмица. Денес (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така утре (вторник) ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно суво.Нов влажен бран од запад и од југозапад територијата на Македонија ќе ја зафати ноќта среда кон четврток, како и во четврток и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините. Особено во западните предели снежната граница ќе се спушти до околу 1000 метри надморска височина, има услови таа локално да се спушти и под 1000 метри, па така услови за повремен снег ќе има и во некои повисоки населени места во споменатите предели.Во Скопскиот регион, до средината на работната седмица ќе имаме променливо облачно и претежно суво време. Нови врнежи од дожд ќе има ноќта кон четврток и особено во четврток. На околните планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.Ветерот кој го имаме деновиве и кој е од северен и од североисточен правец значително ќе ја намали својата брзина.Што се однесува до температурите, не се очекува некој поголем пораст на истите, па така наутро тие ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози.Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во останатите делови од државата врнежите се од дожд. Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.Најстудено утрово беше на Попова Шапка - 5 степени. Во Маврови Анови се измерени -3, во Крушево -2, во Берово -1, во Охрид, Претор и Прилеп 0 степени, во Тетово, Битола, Дебар и Крива Паланка 1, во Струмица и Виница 2, во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип 3.Најмногу снег има во Берово 22 сантиметри, во Маврови Анови и на Попова Шапка 10, во Крушево седум и во Претор еден сантиметар. Најмногу дожд наврнало во Струмица 32 л/на м2.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-31-5990PM

Голем снежен нанос може да ја зафати Македонија

Во текот на денешниот ден, односно во следните 24 часа, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од обилни врнежи, кои особено во западните , северозападните и во југозападните предели ќе бидат од дожд и снег на пониските места (градовите), повремено ќе има врнежи и само од снег во споменатите места, додека на повисоките места и на планините ќе има обилни врнежи од снег.Во следните 24 часа исто така локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 50/60 литри на метар квадратен). На планините ќе се формира снежна покривка од над 60/ 70 сантиметри, на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 40 сантиметри, локално и повеќе, додека на пониските места таа ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри.Ќе дува северен и североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет, па така на планините е можна појава и на снежни наноси. Апелираме, со оглед на тоа дека не очекуваат нови обилни врнежи и тоа на повеќето места во Македонија од снег, доколку патувате низ планинските превои да бидете крајно внимателни како управувате со своето возило.Во Скопскиот регион исто така ќе има обилни врнежи од дожд и снег, додека во повисоките делови од котлината, како и на околните планини ќе има врнежи само од снег и ќе се формира снежна покривка.Температурата денес (сабота) ќе се искачуваа во интервалот само од -1 до 6 степени, во Скопје таа ќе се искачи до околу 3 степени.

Македонија | пред 1 година

49853265_328386198008727_4239393949652877312_n_328386194675394

Викендов студен бран и врнежи од снег и дожд

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2).На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини врнежите ќе бидат од снег.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Претежно облачно, со појава на магла и повремени врнежи од дожд, на планините снег

Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИПод влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.40

Претпладне магла, попладне сончево со умерена облачност

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИПод влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.

Македонија | пред 1 година

50224070_787897708214136_5446277745489215488_n_787897701547470

До петок стабилно и тивко време, за викендот повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

Утрото ведро и студено, преку денот сончево

Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona-1

Ведро и студено, преку денот претежно сончево

Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

„Не паркирајте под високи или суви стебла“, апелираат од Паркови и зеленило: за попладнево е најавено невреме

Поради најавите од УХМР за засилен ветер во попладневните часови, проследен со врнежи од дожд, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.Од УХРМ со предупредување за обилен дожд.- Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира помала снежна покривка, соопштуваат оттаму.Во Скопје денес времето ќе биде претежно облачно и ветровито со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања