ВРЕМЕНСКА

Nevreme-skopje

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Скопје | пред 5 месеци

ohrid-carsija-lugje-turisti-leto-guzva

Температури до 39 степени, но и силен северен ветер - времето идната недела

По краткиот период на нестабилно време, од понеделник нѐ очекува стабилизирање на временските услови, со суво, сончево и потопло време и постепен пораст на дневните температури.Според прогнозите, во четврток и петок температурите ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени целзиусови.Денес и утре ќе преовладува претежно сончево време, проследено со умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во попладневните часови, поради високите температури и силниот ветер.

Македонија | пред 7 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Топло и до 40 степени, но попладне можно е да има невреме

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Македонија | пред 7 месеци

nevreme-skopje

(Видео) Невреме со пороен дожд и град во Скопје и Дојран

Попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и град во повеќе делови од градот.Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и следење на временските прогнози.Силно невреме го зафати и Дојран. Силниот дожд и градот предизвикаа значителна штета.Има проблеми со снабдување со електрична енергија и повремени прекини во мобилната мрежа.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Денеска дожд и засилен ветер

Времето останува непроменето, посвежо и поврнежливо за овој период од годината.Денескане очекува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови.До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа и над 70 km/h, особено долж Повардарието.Утринските температури во земјава ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневните од 9 до 17.Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе биде16 степени.Утре( понеделник), ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер.И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 8 месеци

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Времето идниве денови: нема да има само сонце...

Рано-летните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период, ќе се задржат денес и утре (понеделник 5 мај).Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето. Поточно, во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат високите температури, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Температури и до 30 степени - убаво време нѐ очекува викендов

Викендов територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Времето неделава: Дожд, ветер и пустинска прашина

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.Поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица се очекува сахарска прашина и во Македонија.

Македонија | пред 9 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Сончево и топло до 18 степени во Скопје

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Берово, -5 Битола, -4 Маврови Анови, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -2 Претор, Штип, Гевгелија, -1 Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Крушево, 1 Виница.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)23 Попова Шапка.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАНаутро постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.Дежурен синоптичар:Дипл.инж.метеоролог Јулијана Фиданоска – Мишкоска

Македонија | пред 11 месец

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Какво време ќе имаме до крајот на денов

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која доаѓа од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.Што се однесува до скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.Исклучително ладно и ведро време имаме ова утро, па така најладно со -14 степени ова утро е во Берово. Инаку, буквално насекаде во нашата Македонија ова утро се мерат температури под нулата.

Македонија | пред 11 месец

sneg1

(Видео) Во Скопје снег: еве што да очекувате од времето деновиве

Полека од север кон Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. Утрово, во Скопје има обилни паѓања на снег.Под влијание на руски поларен, но сув воздух, од среда, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен Руски бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови.

Скопје | пред 11 месец

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Камен ладно утро, снег ќе има во западна и југозападна Македонија

Денешното утро во Македонија повторно донесе многу ладно време, со температури на воздухот кои насекаде се спуштија под нулата. Меѓутоа, од запад полека облачноста се зголемува.На метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните минимални утрински температури измерени во Македонија. Може да се види дека најладно утрово до 7 часот беше во Берово, со измерена температура од -10 степени.Снежната покривка на Скијачките центри изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово. Во следните часови, како и утре (среда 12 февруари) особено во западните, а најмногу во југозападните предели ќе има локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.Снежната покривка на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри ќе се зголеми. Истата ќе се прошири и во повисоките населени места, а мала снежна покривка можно е да се формира и во дел од градовите во западна и во југозападна Македонија.

Македонија | пред 11 месец

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Минусни утрински температури во цела држава, најстудено било во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било во Крива Паланка, -7 во Маврови Анови, Попова Шапка, -6 во Крушево, Битола, -5 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Виница, -3 во Струмица, Охрид, -2 во Претор.Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.Времето денескаУтрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 11 месец

51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Утрово минусни температури во речиси цела држава, најстудено било на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.Времето денескаСончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Времето викендов: денеска пролетно топло, утре облачност со можен дожд

Денешното саботно утро во Македонија донесе поладно време за разлика од изминатите неколку утрини, а времето е сончево со појава на локална позначителна облачност, а во дел од котлините има појава на магла или на ниска облачност. Претежно е тивко.Најниска температура до 7 часот утринава беше измерена во Берово, и тоа -4 степени, додека во исто време највисока минимална температура беше измерена во Крушево, и тоа 3 степени.На табелата можете да ги погледнете и останатите температури на воздухот измерени ова утро по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.Инаку и денес (сабота) на повеќе места ќе имаме пријатни пролетни температури на воздухот, кој ќе бидат значително натпросечни за овој дел од годината и на многу места тие ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие ќе се искачат дури и до близу 20 степени.Утре (недела) ќе има поголема облачност и ќе има појава на повремен локален дожд со послаб интензитет, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има послаби врнежи од влажен снег.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања