Промени тема
Контакт

Камен ладно утро, снег ќе има во западна и југозападна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Денешното утро во Македонија повторно донесе многу ладно време, со температури на воздухот кои насекаде се спуштија под нулата. Меѓутоа, од запад полека облачноста се зголемува.

— реклама —

На метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните минимални утрински температури измерени во Македонија. Може да се види дека најладно утрово до 7 часот беше во Берово, со измерена температура од -10 степени.

— реклама —
— реклама —

Снежната покривка на Скијачките центри изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово. Во следните часови, како и утре (среда 12 февруари) особено во западните, а најмногу во југозападните предели ќе има локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Снежната покривка на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри ќе се зголеми. Истата ќе се прошири и во повисоките населени места, а мала снежна покривка можно е да се формира и во дел од градовите во западна и во југозападна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Македонија | пред 1 месец

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања