ВРЕМЕНСКА

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Очекувајте врнежи, пообилни во западните предели

Пов влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес (среда, како и утре, четврток) во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните предели повремено ќе бидат поројни и со услови за ретка појава на грмежи. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.И во Скопскиот регион за време на овој влажен Медитерански бран ќе има појава на повремен дожд со послаб интензитет. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.Да напоменам, дека повремено на повисоките планини со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Македонија | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Од овој петок разведрување, наутро температури и под -10 степени

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи у утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север  и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи. Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација.

Македонија | пред 1 година

sneg-tocaci

Врнежи од снег и студено време и во наредните денови

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени.Во Скопје утре ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.Времето во наредните деновиВо четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Македонија | пред 1 година

275205671_510789260503771_7444390103664158592_n

Претпладнето донесе скоро 70 сантиметри снег на скијачките центри, во Дебар околу 35 сантиметри – доаѓа нов снежен бран

Скоро 70 сантиметри снег ова претпладне имаме на Попова Шапка, околу 60 сантиметри во Маврово, Близу 40 сантиметри во Крушево, во Дебар пак имаме околу 35 сантиметри снежна покривка. Најниска температура ова утро е измерена на Попова Шапка, и тоа -10 степени, додека од градовите најниска температура е измерена во Крушево, и тоа -8 степени и во Берово -5 степени.Инаку, во текот на денов од југ ќе навлезе нов влажен бран, кој ќе се помеша со многу ладниот воздух кој владее во Македонија, со ова ќе имаме нови врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, пообилни во јужните и во југозападните предели, со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, па така ќе има појава на снежни наноси.Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот само од -5 до 3 степени, во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 0 степени, а ќе има и послаби врнежи од снег, проследени со слаб до умерен ветер од северен правец.

Македонија | пред 1 година

51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно во Берово каде што се измерени -3 степени, -2 во Тетово, Штип и Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и Кавадарци, 0 во Куманово и Велес, 1 во Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор и Попова Шапка, 4 во Маврови Анови и Крушево.Висината на снежната покривка утрово во седум часот била 43 сантиметри во Попова Шапка и 38 во Маврови Анови.Времето во текот на ноќта и изутринаваПроменливо облачно, по одделни котлини има појава на магла. Дуваше слаб, наместа умерен ветер од јужен правец.Времето денескаПроменливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Македонија | пред 1 година

berovo

Најстудено утрово во Берово

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола, Струмица и Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп, Демир Капија и Крива Паланка, -3 во Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, Дебар и Крушево, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Попова Шапка, 4 во Гевгелија.Висината на снежната покривка во 7 часот утрово, изнесувала 51 сантиметар во Маврови Анови, 50 во Попова Шапка и 22 во Крушево.

Македонија | пред 1 година

49898467_306931759946188_8691939150451965952_n_306931756612855

Наутро студено и магливо, во текот на денот сончево

Наутро времето ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.Времето во наредните деновиСледува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Македонија | пред 1 година

50182990_743269149392452_4899072832937394176_n

Најладно на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Маврови Анови, -3 во Берово, -2 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, 2 степени во Гевгелија.Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 59 сантиметри во Маврови Анови, 54 во Попова Шапка, 24 во Крушево, 2 во Тетово.Времето во текот на ноќта и изутринаваВо текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 км/ч. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.Времето денескаСончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 1 година

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Најладно утрово на Попова Шапка и Маврови Анови

Утрово најладно било на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што се измерени -5 степени, -4 било во Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола и Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес, 3 во Виница и Гевгелија.НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)6 Попова Шапка, 5 Битола, 4 Демир Капија, 2 Маврови Анови, 1 Претор, Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Крушево, Пожаране.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)70 Попова Шапка, 56 Маврови Анови, 4 Тетово, 2 Гостивар.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАСе задржа претежно ведро со мала и само понекаде умерена облачност. Утринава е сончево и студено. Дува слаб до умерен северен до северозападен ветер кој засилува во регионот на Штип.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПроменливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.Во Скопје променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Македонија | пред 1 година

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.Времето во наредните деновиОд сабота следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска.

Македонија | пред 1 година

popova-shapka

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 2 во Тетово, Дебар, Претор, 3 во Скопје-Петровец, Штип, 4 во Куманово, Демир Капија, 6 во Струмица, Гевгелија.Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.Висината на снежната покривка во 𝟢𝟩 часот утрово била 68 сантиметри на Попова Шапка, 60 во Маврови Анови, 25 во Крушево, 7 во Тетово, 4 во Гостивар.Времето во текот на ноќта и изутринаваОблачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Времето денескаПроменливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Македонија | пред 1 година

49807066_385247978904813_5791866151453589504_n_385247972238147

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.Времето во наредните деновиДо петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер(над 60км/ч). Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Македонија | пред 1 година

popova-shapka

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто биле измерени -4 степени, -3 било во Крива Паланка и Маврови Анови, -2 во Претор, Берово и Крушево, -1 во Охрид, Виница и Струмица, 2 во Тетово, Прилеп и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип и Дебар, 4 во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 5 во Гевгелија.Висината на снежната покривка, во седум часот утрово била 39 сантиметри на Попова Шапка, 28 Маврови Анови и 5 во Крушево.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо текот на ноќта во западните и источните делови ведро, а утрово преовладува сончево време со локална појава на облачност. Во централните делови се задржа облачно. Дува слаб до умерен северен ветер.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПретпладне променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 1 година

popova-sapka

Најмногу снег на Попова Шапка

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка кадешто било -4 степени, -1 било во Берово и Маврови Анови, 0 во Крушево и Лазарополе, 1 во Прилеп и Струмица, 2 во Битола, Демир Капија, Штип и Кавадарци, 3 во Охрид и Претор, 4 во Гевгелија, Дебар, Крива Паланка, Виница, Велес и Куманово, 5 во Скопје-Петровец и Тетово, 6 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 42 сантиметри на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови и 6 во Крушево.Времето во текот на ноќта и изутринаваУмерено до значително облачно со слаб локален дожд. По одделни котлини има појава на магла, особено во Пелагонија. Наместа дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Времето денескаПретпладне по одделни котлини, особено во Пелагонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 14 степени.Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

vremenska-esen-vreme

Променливо облачно со слаб северен ветер

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИДо сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања