Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗАЕВ

gruevski-zaev-14141

Се скараа експремиерите: Заев вели дека Груевски е забеган во умот, по тврдењето дека гради кула во Дубаи со „перени пари“

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, со средства стекнати преку масовен рекет и злоупотреба на власта. Според Груевски, голем дел од парите биле пренесени со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи. Тој исто така тврди дека Заев подготвува нова инвестиција во друга азиска држава. Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави дека најголемиот дел од средствата за инвестиција во кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, се проневерени и пренесени во оваа држава преку приватен авион, каде што биле депонирани на банкарска сметка. Груевски обвинува дека парите за оваа инвестиција се заработени преку масовен рекет и злоупотреба на власта, особено во периодот на владеењето на Зоран Заев. Според него, проневерените средства биле пренесени во кеш со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи.„Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови, кога според информациите, започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра. Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет, како никогаш во постоењето на Македонија, и со злоупотребата на власта за време на неговото владеење“, напиша Груевски.На ова во коментари врати експремиерот Зоран Заев, го нарече Груевски „забеган“.Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. А некои луѓе кои многу добро и јас ги познавам а и тие мене, овде коментираат нешто во што и самите не веруват ама и јас и тие добро знаеме зошто тоа го прават.Заеви вработуваат преку 1000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политика, така било додека сум бил во политика, така е и сега. Ве гушкам камелеони офарбани со сите бои“, стои во коментарот.

Македонија | пред 1 година

vilma-ruskovska-vs-vilma

(Видео) Русковска vs Русковска: Спорно и е ако Мицкоски одговара на прашања за предмети, но не и ако Заев и се јавува за предмети

Вилма Русковска го искритикува премиерот Христијан Мицкоски бидејќи одговарал на новинарски прашања за предмети кои ги води Минситерството за внатрешни работи. Според неа, тоа мешање на извршната власт во судската власт.„Кој е премиерот да дава такви информации и изјави? Тоа е мешање диркетно на извршната власт во судската власт. Затоа постои министер за внатрешни работи кој треба да одговори на новинарски прашања и се. Не смее премиерот тоа да го прави“, рече Русковска во „Топ тема“.Истовремено, Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“ во октомври рече дека контактирала со претходниот премиер Зоран Заев кој и барал преквалификација на делото за „27 април“, но и се јавувал и за Рашковски. Не го пријавила и не гледа ништо спорно.

Македонија | пред 1 година

zaev-najglupav-od-site-750x430-1

„Заев е најглупавиот политичар од сите со кои сме разговарал“ велат руските пранкери кои го надмудрија експремиерот

Руските пранкери Вован и Лексус, поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, го нарекоа „најглупавиот херој“ на нивните шеги. Tие успеаја да го надмудрат Заев претставувајќи се како „Петар Порошенко“ и воспоставија комуникација со него. Шегаџиите тврдат дека снимката од разговорот со Порошенко ја чувале во тајност околу една година, додека Заев несвесно продолжил да комуницира со нив.Наивноста на Заев доведе до тоа тој да испраќа фотографии од неговите официјални средби, да дава контакти на косовски политичари, па дури и да ги „спамира“ шегобијците. Вован вика: „ова е веројатно најглупавиот политичар со кој сме биле во можност да разговараме“.Вован и Лексус велат дека откако му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател Порошенко, снимката од разговорот не ја објавиле цела година потоа. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап, но и од контакти на државници од Косово, и мислел дека комуницира со Порошенко. Тие велат дека досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година.Во јуни 2019 година Вован и Лексус на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и во април 2019 година. Во нив комичарите, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми – ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот Порошенко го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.Во разговорот со лажната Грета Тунберг и нејзиниот татко, Заев со нив зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Магазин | пред 1 година

zaev-merkel

„Храбар и одлучен“: Заев е единствениот политичар од Балканот спомнат во мемоарите на Ангела Меркел

„Храбар и одлучен“, пишува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во своите мемоари од над 700 страници, за поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.Михаел Мартенс, познатиот германски новинар на Франфуртер алгемајне цајтунг и добар познавач на приликите на Балканот, на социјалната мрежа Икс напиша дека поранешниот премиер Зоран Заев е единствениот (жив) политичар од Западен Балкан кој Ангела Меркел го споменува во своите мемоари.Мартенс имал увид во мемоарите на Ангела Меркел кои се објавени на повеќе јазици во повеќе од 30 земји.Во балканското поглавје Меркел не ги спомнува ниту Александар Вучиќ, ниту Еди Рама, Бојко Борисов или Борис Тадиќ.Мартенс вели дека Меркел во нејзините мемоари избрала да не пишува негативно за политичарите на кои таа не им се допаѓа или не им верува и ги игнорира таквите политичари. Таа не ги споменува ниту поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис и многу други, напиша Мартенс.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-09-at-13.25.15

(Видео) Српски пејач, соработници, семејство - Заев славеше 50-ти роденден во Струмица

Спрскиот фолк-печај, Дарко Филиповиќ се пофали дека бил на роденденот на експремиерот и експретседател на СДСМ, Зоран Заев. Тој објави неколку кратки видеа на „Инстаграм“ од кои се гледа просторот каде Заев го прославил љубилејниот 50-ти роденден, но и фотографија со дел од семејството Заеви, односно сопругата на Заев (Зорица), како и Вице Заев, брат на Зоран со неговата сопруга (Славица).На забавата присуствувале и блиски соработници на Заев од Владата, како што е Љупчо Николоски кој беше министер за земјоделство и вицепремиер. За тоа тој сподели и фотографија на Инстаграм. 

Магазин | пред 1 година

86124789

Полиција упадна во струмичка „Вила Парк“: Инспектори прават претреси

Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации. Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.„Скопје1“ го контактираше експремиерот Зоран Заев, за тоа дали тој се поврзува со фирмата, но тој не одговори на телефонските повици. Неофицијално, неговото семејство нема поврзаност со оваа фирма. Одговори очекуваме и од Министерството за внатрешни работи, чии инспектори ја испитуваат работата на фирмата, но и детали дали истрагата стигнува и до Заеви.Повеќе детали најавуваме за подоцна.Премиерот Христијан Мицкоски, во вчерашниот поткаст „Претрес со Ландов“ откри дека се водат предистражни постапки за десетици случаи. Детали:?t=4284

Македонија | пред 1 година

30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Ципрас: Ако Заев не го променеше името на државата, Грција ќе беше под голем притисок

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас се сретнаа на конференцијата во Атина.,,Ако Зоран Заев не го променеше името на државата, Грција ќе беше под голем притисок да ја признае Македонија под уставното име" изјави Ципрас.„Не само што беше вистинското време туку ако не го потпишевме договорот работите можеа да ‘скиснат’, не само да созреат затоа што 6 години подоцна работите многу се променети. Се прашувам, ако денес дури и скандинавските земји сакаат да се приклучат во НАТО, каков ќе беше притисокот врз Грција? Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на нашата соседна земја“, изјави Ципрас пред Заев.

Македонија | пред 1 година

21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Се јави Заев од Америка, раскажуваше како соборил режим

„Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДСМ се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска. Дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно. Договоривме основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување. Прво дека „Шарената револуција“ не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.Тој рече дека „Шарената револуција“ била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.„И се трудевме да се разбереме и се трудевме да се цениме затоа што имаше голем ризик. Јас лично бев уапсен, многу новинари беа апсени сите овие години и режимот растеше низ годините, а ние го започнавме најголемиот митинг што го гледате овде, најголемиот беше на 17 мај 2015 година, повеќе од 100 илјади луѓе“, истакна Заев.Тој кажа дека 2008 се инсталираше режим партијата предводена од Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и појасни дека станува збор за најголемата десно ориентирана партија во Северна Македонија.„И тој момент беше причина за подготовка на „Шарената револуција“ и дриугите големи граѓанските движења низ целата земја. Тоа беше време кога многу луѓе беа под опасност, новинар беше во затвор, бизнисмен изгуби сопствена компанија, активисти и универзитетски професори беа казнети и ставени во затвор, имаше целосна контрола врз медиумите. Имаше целосна контрола на јавната администрација која патем беше целосно партизирана, имаше целосна контрола на нашата економија“, потенцираше Заев па додаде:„Главни говорници на Шарената револуција беа активисти, граѓански организации и различни луѓе важни од нашето општество. За сето ова време не беше лесно затоа што режимот ја користеше режимската полиција, тие уапсија многу луѓе, затворија, им се закануваат на децата на семејствата и беше навистина страшно, но имајќи ги предвид сите дискусии овде имаме една многу голема среќата ја најдовме пукнатината на режимот и ја искористивме за борба против режимот, продолжувајќи со алатки за ненасилство, со многу трпение, со блокади на сите улици на главниот град на Северна Македонија, Скопје, но и низ целата земја, а пукнатината беше ние заедно со неколку многу храбри луѓе најдовме нелегални материјали за снимање околу 20 илјади луѓе во државата“.Тој додаде дека тогаш немаше слобода, сите се плашеа, и секако сето тоа беше причина да се кренат луѓе и да го за почнат протестот кој со ненасилни средства сруши режим.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Фондацијата на Заев го поддржувала издавањето на македонскиот весник на Македонците во Албанија

Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија, напиша Зоран Заев.„Го помагаме информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик. Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

zaev-gruevski

Груевски и Заев се препукуваат, стигна нова порака од Будимпешта

Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал. Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за криминалот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата?И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени.Напротив во контактите со многу Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати разбирам дека кај сите најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.Знам и дека потрошувачката кошничка за сите отиде од 30 на 50 илјади денари, и не сум чул дека некој се радува на тоа, а дека владата неможеше книги за учениците да обезбеди пола година одкако е почната наставата. Освен флоскулата без реална суштина “едно општество за сите” што ја “дробат” политичарите во официјални настани и соопштенија, оние кои ништо не направија за народот, друго суштински важно и што суштински на подобро ги менува нивните животи нема.Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред се за Македонците може само да ми биде криво, што Грција не доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучено име, за која таму никој незнае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.По овие работи гледам дека Заев и понатаму го потценува капацитетот на македонскиот народ и го смета за толку многу глупав што мисли дека на вакви небулози ќе му верува. Да, тој мисли дека мнозинството народ се согласува со глупостите кои редовно ги “треска” и со самото тоа само укажува дека оправдано во овој фб статус по втор пат се повикувам на гореспоменатата мисла на Зигмунд Фројд.Тој сака да ни каже дека не само што не се срами, туку и се гордее со предаствата на националните интереси, пљачкосувањето, неспособноста и криминалот за кој токму во неговио време Макединија се најде на 108 место во светот само неколку години подоцна одкако бевме стигнати до 69. Место на листата на Transparency International за перцепција на корупцијата.Тој сака да ни каже дека не се срами ни од довербата на судството и обвинителството која во негово време ја спушти на 4 односно 3 осто доверба.Не се срами ни од податок објавен дека на анкета на студентите од битолскиот универзитет се покажа дека 80% од студентите планираат по дипломирањеро трајно да се отсечат од Македонија.Листата е долга и тука ќе ја прекинам. Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга.Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга!ПС. А тоа дека несакал да прави пуч во СДСМ и несакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка.Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија.Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат.Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко.Тој сеуште смета на тоа дека заради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл. Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чиа заштита смета и сметал цело време додека злодела“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

zaev-gruevski

Груевски брутално му врати на Заев: Оддеднаш кога не ти е се под контрола, те фаќа таква нервоза и ти излегуваат “бели коњи” пред очи

„Белиот коњ како метафора на ноќна мора“Првиот знак на човечката глупавост е целосно одсуство на срам”Зигмунд Фројд, (1856 - 1939) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологијаОва е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината“, вели поранешниот премиер Никола Груевски.Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.И сета таа налудничавост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…И да завршам со Фројд со кого почнав: “нервозата е неспособност да се поднесе неизвесноста”, додава тој.Претнодно поранешниот премиер Зоран Заев реагираше на социјалните мрежи во врска со укинатата пресуда за Сашо Мијалков.„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, напиша меѓу другото Заев

Коментари | пред 3 години

greuvski-zaev-mijalkov

Заев: Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?

Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда, вели поранешниот премиер Зоран Заев.„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден.Прочитајте ги последните колумни на Катерина Блажевска и Љупчо Поповски кои ја одразуваат суштината на проблемот со кој сите сме соочени“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

15082021_PVRSM-Zaev_uvid_Krivogashtani-Zitoshe_1

Заев: Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот

Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“ рече денеска поранешниот премиер Зоран Заев Кој присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.„ Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството, ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, тука сум да помагам, затоа и се вратив во бизнисот и работам економија“, рече тој.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заев и Груби договориле деградација на Агенцијата за млади и спорт, вели Кираџиева

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, вели координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева.„Со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците. Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија!Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

Misajlovski-12.06

Мисајловски: Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби

Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Вчера македонската јавност беше сведок на досега невиден меѓународен блам. Вчера видовме како Димитар Ковачевски го надмина Зоран Заев во секој поглед во погазувањето на достоинството и дигнитетот на државата преку срам на јавна меѓународна сцена.Не се само понижувачки зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓународна средба пред балканските лидери и германскиот канцелар, туку уште повеќе тоа што Ковачевски сето тоа го проследи со недоветно смеење и одобрување.Вчера кога го преставуваа како премиер на идна западна Бугарија, Ковачевски ако имаше грам достоинство ќе реагираше во одбрана на својата држава која ја претставува и за што зема плата од граѓаните, а не уште без врска да се смее и да се радува.Што има за смеење и радување господине Ковачевски?Ако вака понизно и со измеќарски пристап реагирате на јавни омаловажувања и понижувања на Република Македонија, тогаш е јасно дека вие немате кредибилитет и авторитет во меѓународните односи да ги застапувате и штитите македонските национални и државни интереси. Оваа вчерашна сцена само ја соголи вистинската слика за целиот сјај на бедотијата со која се води нашата дипломатија.Очигледно дека тие кои ја негираат и омаловажуваат и се мајтапат на сметка на Македонија се охрабрени затоа што спроти себе имаат политичари без кичма, со измеќарска ментална матрица кои немаат патриотско чувство, туку само болна амбиција и желба за власт.Почитувани,Ова однесување на Ковачевски е срамно и бедно. За ваквото навредување на својата земја тој должи не само извинување туку оставка, како чин на одговорност за срамот кој се нанесе на меѓународна сцена. СДСМ е таа која должи извинување за ова поведение на Ковачевски, но тие решија тоа да го бранат.Со тоа СДСМ решија да ја навредуваат интелигенцијата на своите граѓани. Ова кое што СДСМ се обидува да го направи е да го убедува народот дека тоа што некој го плука е всушност дожд.Доволно се порази, понижувања и погазување на националното достоинство. Доволно се срам и неуспеси со оваа влада. Време е да се каже - премногу е! Време е за протест за промени. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, меѓудругото и заради овој срам кој го приреди Ковачевски.Време е за избори и нова достоинствена и просперитетна иднина за Македонија“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања