„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

здравство

IMG_4773

(Видео) Хирург од „8 септември“: Невремето направи сериозни последици на оперативниот блок; Таравари ќе го разрешува директорот

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ тврди дека вчерашното невреме направило сериозни последици на оперативниот дел од објектот. Според него, тоа е последица на невремето.„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-3990PM

(Видео) Застрашувачки изгледаат дел од хируршките сали: мириса на изгорена гума

Застрашувачка слика затекнал министерот за здравство, Арбен Таравари кога ги посетил хируршките сали на Клинички центар. Тој тоа го сподели во поткастот „Претрес“ каде кажа дека изгледало неубаво. Според него, за сите да бидат функционални, ќе требаат помалку од шест месеци. Проблемот со миризбата на изгорена гума, ќе се надмине со инсталирање на нов систем.„Ми кажуваат дека треба шест месеци, ќе се обидам порано од тоа да завршиме, инсталација на комплетно нов систем, со гаранција“, рече Таравари.Нема точна бројка колку пациенти чекаат за операција.„Апсолутно е срамота да чекаат“, додаде Таравари.Извештајот од Германија нема да смени ништо во тоа како треба да се реши проблемот.„Повеќе губиме сега финансиски, со неработење, отколку да се смени системо“, посочи тој.Ги претресовме сите клиники и болници – проблеми куп. Како ќе ги реши? Дали ќе ги реши? На Кардиохирургија тепачка, на Онкологија гужви и несоодветни услови, на Радиологија додека стигнат исчитани резултати луѓето оздравуваат, Брза помош има листа на чекање иако е „брза“... Ќе се разбуди ли комираното здравство или ќе има клиничка смрт?Судривме куп ставови:?t=3140

Македонија | пред 1 година

IMG_4728

Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија

Министерот за здравство Арбен Таравари, започна со разрешувањето на економските директори, како што вети вчера. Денеска разрешил неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и Бесија Иљази, досегашна економска директорка на Клиниката за Токсикологија.Таа на никој можен начин не комуницираше на македонски јазик, ниту со вработените на клиниката, а ниту пак со новинарите. Иљази ја имаше најголемата поддршка од поранешниот министер Илир Демири.Како што вчера изјави Таравари, за оние економски директори кои што не се вршители на должност, туку имаат менаџерски договори, потребни ќе бидат измени во Законите, кои ќе бидат иницирани во најскор рок за да и тие ги напуштат клиниките и функцијата економски директор да престане да постои. Крајната цел е функцијата економски директор повеќе да не постои.

Македонија | пред 1 година

IMG_4439

Демири: Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен поради прекршување на законските нормативни

Министерот за здравство д-р Илир Демири во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија информира дека тие биле поради пропусти во нивната работа.„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Република Северна Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај. Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд. Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме јавното обвинителство да постапи. Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство“, рече Демири.

Македонија | пред 1 година

14112020_Svetskidendijabetes-2

Добро бе говеда, дали имате мозок!? Морам да пијам половична терапија за дијабет, оти некој решил да не се увезува, регира дијабетичар

Пациент со дијабет, Дејан Ристески од Скопје, сведочи како не може да набави терапија, оти некој решил таа да не се увезува. Тој револтирано прашува како да се лекува.„Како дијабетичар препишани ми се лекови амарил и глукофаж. Е сега морам да пијам половична терапија, само глукофаж бидејќи некој во државава решил да не се увезува амарил. Добро бе говеда, дали имате мозок!? Ама знам дека глупости прашувам, да имаа мозок немаше да бидат криминалци.Него кажете ми сега, пошто сте "одлична" власт (народот ве гласаше) како да се лекувам јас како дијабетичар!? Ама ве заболе вас за мене или за некој друг дали имало или немало лекарства, нели!? Тие што ве гласаа ако треба и ќе цркнат за вие да може да крадете. Живече овај народ!“До овој момент, Министерството за здравство, а и Фондот за здравство, немаат излезено со став или информација за овој проблем.

Коментари | пред 1 година

IMG_4420

Потпорниот ѕид позади Клиниката за детски болести е изграден на државно земјиште, велат од Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност.

Скопје | пред 1 година

toksikologija

Демири незаконски го разрешил медицинскиот директор на Токсикологија

Министерот за здравство Илир Демири незаконски го разрешил медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, доктор Данил Петровски, оцени денеска Антикорупциска и притоа ќе поднесе иницијатива за одговорност пред надлежните институции.Според ДКСК, назаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на клиниката на кои им престанал работниот однос, бидејќи истите не биле потпишани од двајцата директори како што налага законот.Тогаш реагираа и вработените во Клиниката кои го осудија овој чин и укажуваа дека според упатствата на Антикорупциската комисија, разрешувањето е незаконско, бидејќи изборниот процес беше во тек.Додека пак здравствените инспектори констатираа дека директорката Бесија Иљази незаконски им ги потпишала решенијата на договорците со кои им се продолжува работниот однос до крајот на годинава.Меѓу вработените кои добија решение беше и болничарот кој се обиде да лажира резултати на урина со наркотици, што предизвика низа реакции во јавноста.

Македонија | пред 1 година

IMG_4400

Манолева се сретна со стручниот и лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.На средбата, беше дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побара од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

IMG_4359

Манолева: Нова компресорска станица е сериозно решение за надминување на состојбата со хируршките клиники

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија ТВ21 потенцираше дека набавка на нова компресорска станица е сериозно решение што би донела комплетна сигурност во однос на пружањето здравствени услуги кон пациентите.Манолева истакна дека ја информирала Владата за состојбата со хируршките клиники и што досега е направено и изјави дека на вчерашната седница,беше донесен заклучок да се укаже на јавната установа заеднички служби за потребите на здравството на Клинички центар да спроведе итна набавка на нова компресорска станица со дислокација на компресорската станица, но и да спроведе итна набавка за нова инсталација на сите хируршки клиники во Клиничкиот центар.„Побарав од Владата да ја задолжи јавната установа за сите овие активности кои би требало да ги спроведе да направи оперативен план за динамика и спроведување на истите, односно со точни временски рокови да даде информација кога сето ова би можело најбргу да се спроведе. Во меѓувреме, секако се работи и на утврдување на причините кои доведоа до појава на ваква непријатна миризба во операционите сали која досега не се случувала, но која сега периодично се случуваше на различни клиники во различни операциони сали, во различни временски интервали. Ова решение кое го изнаоѓаме во периодот кое е сега преодно решение, а секако може да биде и решение во еден пократок да речам временски период од неколку месеци би можело да ги задоволи потребите на хируршките клиники и хируршките клиники до изнаоѓање на конечно решение, односно до набавка на нова компресорска станица, до поставување на нова инсталација и за кислород и за компримиран воздух, тоа се два посебни доводи кои се спроведуваат би можело да биде еден од начините како ќе го надминеме целиот овој период. Сметам дека набавката на нова компресорска станица е навистина сериозно решение и би ни донела комплетна сигурност во однос на пружањето на здравствени услуги кон нашите пациенти“, рече Манолева.

Македонија | пред 1 година

447551288_825499882336125_208381924886024519_n

Манолева донесе наредба операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително садови со компримиран воздух

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска одржа состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух.Во текот на вчерашниот ден, заменик министерката д-р Манолева донесе наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм.Во наредбата до УК за урологија, за ТОАРИЛУЦ, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична и реконструктивна хирургија, за торако-васкуларна хирургија, за детска хирургија реализирањето на оперативниот програм да се организира по принцип работа во две смени (прва и втора), а оперативниот план и редослед на пациентите да се реализира согласно Одлука и утврден распоред од страна на стручниот колегиум на секоја јавна здравствена установа.Дополнително, Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники при Клинички центар кои е потребно да се достават до Министерството за здравство.Наредбата предвидува секоја од клиниките да стапи во контакт со Клиниката „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ за потребата од дополнителен персонал кој ќе биде пратен на работа како помош за одреден временски период, а врз основа на склучена спогодба за меѓусебна соработка помеѓу јавните здравствени установи.„Оваа одлука се носи со цел изнаоѓање на преодно решение во насока на функционирање на оперативниот програм. Со цел обезбедување на пружање соодветна и квалитетна здравствена заштита на пациентите се укажа потребата од реорганизирање на начинот на функционирање и обезбедување на компримиран воздух со надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух како преодно решение до надминување на состојбата“, истакнува заменичката Манолева.На следната владина седница, заменичката Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица.

Македонија | пред 1 година

klinika-brza-pomos

Министерот Демири и заменичката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран?, праша Стоилковски

„СДС/ДУИ го потврди пресот од петокот дека цел викенд никаде ќе ги нема, поважен е викендот и партиските функции од катастрофата во Хирургија“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите?Здравството тоне, проблемот со Хирургија и уште повеќе немањето волја брзо да се реши не може да се исклучи од аспектот за намерно рушење, односно мини државен удар во здравството.Оттука, ќе поставам и прашања и до исчезнатиот министер Илир Демири, и до заменичката Маја Манолева, дали се работи за санација која би вредела 120.000 евра? Дали заради 120.000 евра, се создаде колапс на сиот здравствен систем? Каде е сега претприемачкиот дух на ДУИ, каде е претприемачкиот дух на семејството на Али Ахмети, или тој важи само за трговски центри и бизниси со енергенси?Дали СДС/ДУИ свесно креираа проблем којшто го уништи столбот на терцијалното здравство, Хирургија, 12 оддели се исклучени, а нив никаде ги нема, вклучително и директорите, вклучително и оние Заеднички служби, вклучително и економскиот директор и администраторите кои заминаа на Азурен брег?Почитувани, ова е срамно, недостоинствено, и над се неетички и нехумано. Трета недела нема никаков план за решавање на проблемот на хирургија, ниту пак некакви решенија се понудени.12-те директори на оддели кои функционираат на Хирургија се уште немаат доблест да излезат во јавност и да проговорат за проблемите и за тоа колку пациенти со тешка медицинска состојба се оставени на чекање.Одговорност ќе има, а неа нема да ја сноси повторно некој кабел!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-02-at-10.04.47

Доктор Каревски предлага решение за Клинички: Со доволен број на боци во секоја сала на Клинички, тие би можеле да работат?

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург смета дека можеби салите во Клинички центар „Мајка Тереза“ можат да се вратат во функција, доколку анестезиолошката машина биле исклучена од централен довод и секоја сала има доволен број боци на кислород и воздух. Ова го предлага како решение откако повеќе од половина месец тие се вон функција бидејќи од централниот довод се шири миризба.„Не сум инжињер но сакам и мислам дека ми е должност да ја познавам опремата со која што работам. Со оглед на тоа до сега не сум сретнал анестезиолошка машина која не функционира на боци и која исклучиво бара централен довод на кислород и воздух, ми личи дека со доволен број на боци секоја сала би можела да работи. Можеби грешам, а можеби и за тоа треба тендер?“, пишува Каревски.На ова реплицираше Дејан Трајковски, професор во Универзитет “Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола.„Порано, додека немаше централен довод во болниците можеа да се видат само боци. Како привремено решение можат повторно да се користат, иако најправилно би било да се оспособи централниот довод на гасови. Ова сето предолго трае и укажува на целосна негрижа и неспособност, а не треба да се исклучи ни диверзија, т.е. специјална војна“, напиша Трајковски.

Коментари | пред 1 година

IMG_4246

Доктори од Кардиохирургија му го возвратија ударот на министер во заминување: Лиферува безброј лаги!

,,Реакцијата е поради наводите изнесени во јавноста во вчерашната емисија WIN- WIN, на која беше гостин техничкиот министер за здравство во заминување, д-р Илир Демири, во која беа лиферувани безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на клиниката за кардиохирургија.Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството со што се доведуваат во општа опасност животот и здравјето на граѓаните на РСМакедонија. Имено командната одговорноста за нефункционирањето на хируршкиот блок на клиничкиот центар, кој претставува срцето на здравствениот систем, е во рацете на човекот за чија стручност и професионалност сите беа информирани кога како раководител на КОВИД центарот во време на пандемија Македонија заврши на неславното 4-ро место во Европа и 6-то место во светот по бројот на смртни случаи.Зарем на овој човек ќе му се дозволи со давање на паушални и своеволни субјективни судови, со кои ја доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас, притоа запоставувајќи ги своите семејства, своето здравје и жртвувајќи го своето слободно време, да предизвика непоправлива штета.Со злоупотреба на својата позиција како министер, се служи со секакви методи познати во некои други општествени уредувања за да дисциплинира исклучителни професионалци. Тој го доведува во прашање кредибилитетот на образовниот систем, медицинскиот факултет и сите професионални здруженија на лекари.Ја напаѓа програмата на владата за кардиоваскуларни болести преку која во нашата институција дошле да ги споделат своите искуства врвни професионалци како Проф. Омер Џемаили, кој е сега директор на одделот за Кардиохирургија во Цирих, Швајцарија, Д-р Петар Ристевски кој е негов заменик, Проф. Светозар Путник, директор на клиниката за кардиохирургија во универзитетската клиничка болница во Белград, Проф. Слободан Мичовиќ, директор на институтот за кардиоваскуларни заболувања - Дедиње во Белград,Проф.Иван Кнежевиќ,директор на хируршки блок при КБЦ - Љубљана Проф. Марек Ерлих, шеф на универзитетската клиника АКХ во Виена, Проф. Теодосиј Биздас, врвен експерт во ендоваскуларната хирургија од реномираниот центар Оназис во Атина. Судејќи според неговата стручност и експертиза се сомневаме дека воопшто слушнал за овие центри и нивните достигнувања.Очигледно мотивиран од други цели спротивни на хуманоста, грижата за здравјето и животот на граѓаните, а опкружен со луѓе кои се наоѓаат на дното на стручноста и професионалноста, неговиот порив е да се предизвика неповторлива штета на јавното здравство со непромислените и невистинити изјави, како и дејствија планирани во јавноста. Уште еднаш повикуваме релевантните институции задолжени за заштита на законитоста, животот и здравјето на граѓаните да реагираат согласно нивната надлежност. Го повикувам целиот еснаф, министерството за здравство и образование каде има се уште професионалци кои си ја знаат својата работа. Истовремено го повикуваме медицинскиот факултет при УКИМ, кој е директно нападнат со овие наводи, да излезат и да се произнесат. Неговите закани кои секојдневно ги слушаме во јавноста нема да не поколебаат да ја докажеме вистината, да го одбраниме професионалниот и одговорен однос.Времето ќе покаже и докаже на која страна е вистината.Почитувани граѓани, ние сме професионалци кои ќе продолжат како досега да се грижат за вашето здравје и вашиот живот, и покрај сите актуелни случувања и по сите напади врз нашата стручност, бидејќи ние имаме морална и професионална одговорност кон сите вас.Res, non verba (ДЕЛА, НЕ ЗБОРОВИ).”, изјавуваат од Стручен колегиум на ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија.

Македонија | пред 1 година

bolnica-lekari-napad

Матичните лекари се жалат за изречените казни

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостиг на лекови. Решенија во корист на здравството многу бавно се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме барем на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација - рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека дури ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била признаена.- Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи што доведуваат до вакви небулози - подвлече таа, нагласувајќи дека бараат и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а како што истакна, работат во корист на пациентите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4160

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 случај во државава

Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени. Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен изутринава.Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 27, а пријавени се и четири случаи од Тетово и по еден од Прилеп, Кичево и од Велес. Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година и од пет до девет години.-Заклучно со 23 мај, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 631 случај на голема кашлица, со инциденца од 34,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје - 507 или 80,3 проценти со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 35 заболени лица или 5,5 отсто. Случаи се пријавени и во други 17 градови низ државата, се наведува во извештајот на ИЈЗ.Дистрибуцијата по пол покажува дека 297 лица се од машки, а 334 од женски пол.- Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето - за седмодневен период од понеделник до недела, се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12 до 21-ва недела, бројот на пријавени случаи флуктуира, забележуваат од Институтот.Од вкупниот број заболени, хоспитализирани се 90 лица или 14,3 проценти. Од нив, 75 или 83,3 отсто - на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 60 или 66,7 проценти се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 85 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.- Во тек се две епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Од вкупниот број регистрирани случаи - 631, 379 односно 60,1 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани - 201, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,4 години, заклучуваат од ИЈЗ.Од 18 јануари до 23 мај дадени се вкупно 49.934 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања