„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

здравство

detska-klinika

Мемеди: Модринките на раката на 4-месечното бебе настанале при процедурата земање венска крв за анализи

Модринките на 4-месечнито бебе настанале настанале при процедурата земање венска крв за анализи на 11 јули. Немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда.Ова го истакна директорот на детската клиника, Реџеп Мемеди, откако родителите на бебето јавно ја прозваа медициснката сестра дека им го тепала бебето бидејќи не знаеле македонски јазик.Тој објасни дека земањето крв било реализирано од страна на две медицински сестри, а како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица.„Сметаме дека највероајтно во основа причина за алармирање на случајот од страна на родителите е едно недоразбирање меѓу дедото и медиинската сестра кое се случило претходно, па довербата кон сестрата била нарушена“, рече Мемеди.Вчера била реализирана средба меѓу родителите и медицинската сестра. Родителите се покажале доблесни и медицинската сестра изразила спремност дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и си подале рака на помирување, а тука завршила и работата на комисијата која го истражувала случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-4490PM

За да бидеш доктор, мора да имаш љубов, срце и душа, а не само диплома: Александра сведочи за лошото искуство на Хирургија

,, Пред титулата доктор, треба да стои титула ЧОВЕЧНОСТ”, пишува Александра Алексиеска, која на социјалните мрежи го сподели своето лошо искуство од однесувањето на дел од луѓето во бели мантили.Таа им порачува дека паднале на голем тест. Еве низ што минала Александра:Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав вчера, нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро.Вака ќе почнам.За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа.Не си доктор само со диплома.Знаеле древните, како Хипократ за тоа нешто, затоа сеуште во негово име се даваат заклетви.Вчера јас: Александра Алексиеска имав инцидент со прстот, врз него се затвори врата од багажник на кола. Од болка едвај останав при себе. Другарките што беа до мене, ме однесоа на брза помош, а од брза помош ме пратија со упат на хирургија.На хирургија немаше ни шалтер ни жив човек. Имаше само едни големи сиви врати што потсеќаа ко врати за затвор а не за болница и едно ѕвонче. Заѕвонивме на ѕвончето еднаш, чекаме, нема никој…. Двапати…. Нема никој…чекаме.. трипати… нема никој, во силна болка, со голем оток и очигледен деформитет на прстот се молам некој да отвори. Поминува време, а почнувам и да се сомневам дали воопшто сме на право место, нема ни повидок од пружена помош. На четвртиот пат излегува медицинска сестра, со изиритиран поглед и згрчена вилица, наполнета со ароганција и го кажува ова“ Умира некој? Има некој крв од глава да му тече, нормални сте вие што ѕвоните толку пати? Така се звони само кога некој умира" (агресивно го нагласува тоа неколку пати)Невкусно, ниско и невоспитано. За убав човек мајка и татко те учат, ама ете, некои ко да не се дојдени од мајка.Јас и враќам"Ве молам, имам силна болка се повредив.. и објаснувам како.. ме пратија кај вас". Воопшто не сака да слуша, добивам само едно дрско "Влези внатре" Другарките ги бркаат надвор, не ги оставаат ни во ходник.Влегувам внатре. Се појавува докторот(ми доаѓа за момент душа на место и мисла "конечно ќе ми помогне некој)А докторот, (кој подоцна ќе биде именуван)- со најгрд, обездушен тон ми вика “Што е работата? Кај гори ? Дали умира некој па да ѕвоните толку пати”Му веламМоментално имам голема болка во прстот, се шири низ целата рака. Ми треба помош.Како одговор добивам " И за еден прст звоните толку пати, како не ви е срам"Стои на дистанца и воопшто не погледнува во повредата.Се обидував да бидам трепелива и покрај целата болка, уште продолжуваше да се зборува за тоа кој и зошто звонел толку пати, а не зошто не ни отвориле побрзо.Едвај собирав сила да зборувам, со благ тон им велам:"Не би звонела ако немав мака, а ако не треба да се звони четири пати и да се чека толку време пред врата, зошто тогаш не отворите од прв пат?"Толку многу ги повреди тоа прашање, што сите заедно вербално почнаа да ме напаѓаат. И докторот и сестрите. Дел од тие пискотници и некултура ќе напишам тука."Ние за твојот прст треба на врата да седиме? Да чекаме да звониш и одма да трчаме да ти отвориме. Што се замислуваш ти? Како се осмелуваш да прашаш зошто не сме отвориле побрзо?" Коментарите продолжуваа, само знам дека почна сериозно да ми се заматува во главата, не можев веќе ни да ги следам што зборуваат.Добив шок, кој сега беше измешан со физичка и душевна болка. Одам да барам помош, добивам напади и навреди.Очајна од болка со тивок глас му се обраќам на дотичниот доктор."Не можам веќе, ќе ми помогнете или не?"Добивам за возврат едно ужасно, дрско и гласно"Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ "Тука физичката болка веќе престанав да ја чувствувам, надвладеа таа другата. Станав и тргнав да си одам, не знаев од паника како да ја отворам вратата, слушнав само "стисни на белото копче"Ми помогнаа да си одам."Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ" ми одзвонуваше во главатаТоа е дело што подлежи на законски акт. Не треба доктор да се моли за помош, тоа е должност и обврска.Дали се работи за глава или за прст, болка е болка, а должноста треба да се знае.Паднавте голем тест луѓе, многу ми е жал.Пред титулата "доктор" треба да стои титула- ЧОВЕЧНОСТ.И нема земски, ама има космички закони. Многу, многу посилни.Кога веќе срцето ви е толку затворено и несочуствително, барем од божјите закони би требало да се плашите.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Пациентките кои направиле скрининг - мамографија за резултати чекаат и до 3 месеца

,,Пациентките кои живеат во внатрешноста на Р.Македонија се жалат дека за резултат од скрининг мамографија чекат и до 3 месеци од датумот на снимање!На пример во ЈЗУ Општа Болница Велес се снима мамографија, но бидејќи тука нема Радиолог, резултатот за читање се препраќа во Универзитеската Клиника за Радиологија во Скопје.Со оглед на тоа дека целта на скриниг мамографијата е рана и навремена детекција на карцином на дојка, апелираме до Минитерство за здравство побрзо решавање на овој сериозен проблем со цел пациентките кај кои ќе биде откриен карцином на дојка да можат да добијат и навремен третман.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Биле надрогирани, имаат повреди во пределот на главите: Се освестиле четворицата малолетници на Токсикологија

Малолетниците кои вчера завршија на Клиниката за токсикологија не биле пијани, туку надрогирани. Станува збор за четири лица на возраст од 14 до 17 години, кои имале пореметена свест, но и низа повреди по телото кои не се посериозни.Според последните информации од Клиниката, малолетниците ќе бидат задржани неколку денови на лекување. Сите се контактибилни иако повредите им се и во пределот на главата. Станува збор за две момчиња и две девојчиња.Сите четири лица биле пронајдени откако во МВР било пријавено нарушување на јавен ред и мир. Тие се наоѓале во куќа на 40-годишен скопјанец.Детали од МВР засега нема.

Македонија | пред 1 година

bebeb

Дете има траги на насилство по телото, семејството тврди дека детето било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски

“Пред малку дознав за еден монструозен случај”, вели министерот за здравство Арбен Таравари и додава:“Тримесечно дете има траги на насилство по телото. Семејството тврди дека детето било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски ...1. Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи2. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети3. Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!”.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Именувани тројца нови директори на јавни здравствени установи

,,Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска именуваше нови в.д. медицински директори во следните јавни здравствени установи:На универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ се именува, проф. д-р Марија Срцева.Во Специјализирана болница за нефрологија-Струга се именува д-р Берат Лена.На Универзитетски стоматолошки клининички центар „Св. Пантелејмон“ се именува проф. д-р Цветанка Бајрактарова.На Универзитетскиот институт за клиничка биохемија се именува д-р Николина Гроздановска.”, информираат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

449831958_3511586455798899_863178731844687617_n

Струмичанец каснат од „црна вдовица”, Чибишев предупредува

Новиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев преку социјалните мрежи се обрати до граѓаните со предупредувања дека овие денови инсектите и влекачите стануваат поактивни, и поагресивни.Тој информира дека викендот на Клиниката за токсиколгија бил примен пациент во исклучително тешка здравствена состојба заради каснување од инсект кој, според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и од кажувањето на пациентот, бил црн инсект кој личел на пајак, познат како црна вдовица.Еве што напиша Чибишев:„Добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии.Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето.Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,, црна вдовица ,, ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција.Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот.Колеги, браво за исклучително професионалнот и стручен пристап и брзата реакција.Се во интерес на пациентите“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4897

Марија Андоновска нов директор на Институтот за јавно здравје

Две здравствени установи добија нови директори.Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски.Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.Следната недела се очелука промена на директорите и во другите здравствени установи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-12-03-at-17.09.10

Чибишев: Лицата кои беа вработени од Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија

18-те вработени кои беа вработени од поранешната директорка Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија, откри новиот новиот директор Андон Чибишев.Овие лица работеле со незаконски договори и со тоа внесувале немир помеѓу вработените и незаконски престојувале во институцијата со невалидни договори и добивале плата.„Со тоа буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите.Чибишев вели дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања, ќе се вработуваат сите според законите на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Објавен е тендер за компересорите во хируршките сали кои не работат, вели Таравари

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.,,Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави министерот за здраство Арбен Таравари”.Таравари, најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа.Како и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.?t=2138

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

(Видео) Повеќе се исплати да се работи како таксист, отколку како доктор во Брза помош: фалат минимум 100 работници

Итно мора да се средува состојбата во „Здрвствен дом-Скопје“, кои се надлежни за Брзата помош. Недостасуваат 150 лица да бидат вработени, за да има доволно медицински екипи. За ова, министерот за здравство, Арбен Таравари отворено зборуваше во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој посочи дека ова мора да се надмине, како и дека граѓаните веќе сведочат дека Брзата помош воопшто не е брза. „Мислам дека Здравствен дом, веднаш треба да се интервенира. Знам дека задоцнуваат со давање здравствени услуги. Повеќето кажуваат дека доцнат, но доаѓаат. Ќе мора да поставиме можеби уреди за да се следат автомобилите каде се движат и да се надгледува каде се даваат здравствени услуги, да се контролираат“, рече Таравари и додаде дека платите се прениски:„Ми кажуваат дека плата на општ доктор добива 35.000 или 36.000 денари. Повеќе му се исплати да работи како таксист“.Здравството тоне во проблеми, сите ги ставивме на маса во поткастот со Таравари:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-28-at-12.01.02

(Видео) Таравари: Не можам да кажам дека непартиски ќе поставувам директори, економските ќе се укинат до септември

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека од септември нема да постојат економски директори на клиниките. Тој е дециден дека ова ветување ќе го реализира во овој временски рок. Посочи и дека стручноста и професионалноста ќе бидат главни критериуми за новите директори на Клинички, но не отфрли дека улога ќе има и партиската припадност.„На Клинички ми е многу полесно, знаеме кои се добри кадри. За периферија ми требаат консултации, можеби ќе задоцнам малку. Не мора да се сменат сите директори. Ќе се обидам што помалку да има влијание политиката, но не можам да кажам дека апсолутно непартиски ќе поставувам директори“, рече Таравари.Клинички ќе се спојува, систематизацијата се работи. Дигитализација на здравството ќе има за две години - откри што значи тоа. Матичните доктори ќе имаат друг начин на финансирање и земање капитација. Пак ќе се бара нова локација за Клинички. Што ќе се прави со Онкологија?Погледнете од одговорите на Таравари:https://www.youtube.com/live/fROrWD9f3Yo

Македонија | пред 1 година

dr-lazarov-klinicki

(Видео) „Оваква катастрофа не памти здравството, ете тоа оставивте во наследство“

Доктор Ненад Лазаров посочува дека ваква катастрофа не памети здравството. Коментарот доаѓа откако се затворија салите на Клинички центар, а хаварија има во ГОБ „8 септември“.„После клинички центар, денес поради хаварија од дождовите се затвораат хируршките сали и во ГОБ 8ми Септември. Последна линија на одбрана на пациентите останува да биде Градска хируршка Св.Наум Охридски. Господ нека им е на помош, среќа има кадарен директор ама не е магионичар. Оваква катастрофа не памти здравството, ете тоа оставивте во наследство“, напиша Лазаров.Не може да се оперира во салите на третиот кат од болницата „8 септември“, а опремата се преместува на долните катови. Ова е епилогот од прокиснувањето на хируршкиот блок во болницата, по вчерашното невреме. Се спроведуваат итните и неодложни операции.Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.

Коментари | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-02-2300PM

(Видео) Директорот Костов од ГОБ „8 септември“ да ги пакува куферите, хируршки сали се поплавени од вчера

Не може да се оперира во салите на третиот кат од болницата „8 септември“, а опремата се преместува на долните катови. Ова е епилогот од прокиснувањето на хируршкиот блок во болницата, по вчерашното невреме. Се спроведуваат итните и неодложни операции.Во тек е санација на кровот, а оперативниот програм се спроведува. Во функција остануваат шест операциони сали. Во оваа болница има дополнителен бран на пациенти поради тоа што е затворен дел од хируршкиот блок на Клинички центар поради проблеми со системот за воздух.Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ одговорност лоцираше кај директорот Христијан Костов.„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања