Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗДРАВСТВО

rd2fdB5

Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред

Министерот за здравство д-р Илир Демири во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца и приоритет треба да им се даде на пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.„Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое *миџинг* техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.Во вестите, Демири информираше дека веќе разговарал со директорот на „Мој Термин“ и се договориле листа на чекање да биде објавена во „Мој Термин“.„И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен. Ќе овозможам колегите оператори, хирурзи кои сакаат дополнителна пракса да може да работат и дополнително, но не на сметка на овие кои се комплетно покриени од Фондот за здравство. И нешто друго со што мислам дека ќе се согласи целата јавност за приватни пациенти ќе има една категорија независно дали се државјани на Македонија или доаѓаат од Сиднеј да се лекуваат тука. Значи тие ќе бидат приватни пациенти. Мислам дека меѓународно право вака ќе биде задоволно, како нашите граѓани кои одат по странство да се лекуваат, па плаќаат приватно и не се дискриминирани со нивните државјани. Ова е многу важно, јас повеќе сум за промоција на нашите стручњаци отколку за промоција на цени. Имаме доста квалитетни стручњаци кои може да повлечат пациенти тука и да одиме кон развој на медицински туризам“, изјави Демири.

Македонија | пред 1 година

428623098_800540118769539_314609684081319362_n-1

Нови грант проекти за три здравствени установи од Јапонска амбасада

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада.Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:„Со особена чест денеска присуствувам на церемонијата за потпишување нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство.Во оваа прилика, сакам да истакнам дека показател за одличната соработка која ја негуваме со Јапонија и јапонската амбасада се бројните реализирани проекти во областа на здравството и вредните инвестиции кои досега се реализирани во над 70 јавни здравствени установи низ целата држава.Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. Уверен сум дека успешната соработка ќе продолжи со уште позасилено темпо во иднина“, изјави Демири.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-1

„Клиника кажала дека Леонид не може да се лекува, ФЗО тврди дека може - конзилијарно има“, Андоновски ја обвини Манолева дека лаже

Здравствените власти го отворија прашањето дали Леонид Индов има конзилијарно мислење за да му се одобрат пари за лекување, а заменик-правобранителот Јован Андоновски тврди дека го поседува и од него се гледа дека Клиниката кажала дека нема услови за негово лекување. Изјавата на заменик-министерката за здравство Маја Манолева која кажа дека не е побарано мислење од соодветна институција, според Андоновски е лага.„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот! Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината‼️ ФЗО - во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас, НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша заменик-правобранителот Јован Андоновски.Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјава се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик – министерката за здравство Маја Манолева вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.„За детето за кое и вчера и денес се дискутира, родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи“, кажа меѓудругото Манолева.

Коментари | пред 2 години

panovski-bekjarovski

Зошто здравството нѝ „цвета“: Да провериме да нѐ имаме гинисов рекорд во промена на директори на Токсикологија

За лошата состојба на здравството освен пациентите, зборуваат и докторите. Тие постојано алармираат на недостатоците и бараат нивна санација. Воедно, посочуваат и за лошите услови во кои работат. Единствено што добиваат се ветувања за подобри денови, како пациентите така и докторите. За пет години, сменети се и четири министри.„Во периодот од 16 февруари 2019 до 16 февруари 2024 година, имав чест да работам со 'само' 4 различни министри за здравство од 3,5 партии и 'само' 5 различни директори на УК токсикологија од 4,5 партии. Ако не Ви беше јасно зошто јавното здравство нѝ “цвета" можеби сега ќе Ви стане појасно“, напиша доктор Нико Беќаровски.На ова се надоврза и доктор Пановски.„Ако продолжи праксава професоре, еден вработен кај вас на клиниката 2019 година, за 40 години работен стаж ќе смени 30 министри и 40 директори. Сега за сега да се провери ова со 5 директори во 5 години дали е Гинисов рекорд, па да се "афирмираме" меѓународно како држава“, коментира доктор Никола Пановски.

Коментари | пред 2 години

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Во Скопје денес 7 нови случаи на заразени од магарешка кашлица, се очекува бројките опасно да се зголемат

Расте бројот на заразени од голема кашлица. Денеска се регистрирани седум случаи во Скопје. Децата во најголем дел се невакцинирани или не ја примиле ревакцината на 18 месеци.Во последната недела, од 9 до 15 февруари, во Скопје се пријавени 17 нови случаи на магарешка кашлица. Најголем број од нив се на возраст од 10 до 19 години.Препорака на лекарите е да се вакцинираат децата бидејќи се очекува бројките на заразени да растат.

Македонија | пред 2 години

Fatmir-Medziti

Фамир Меџити не му го предал кабинетот на новиот министер: Ќе треба да го прашате него зошто

Новиот министер за здравство, Илир Демири, нема направено примопредавање со разрешениот Фатмир Меџити. Сепак, најави дека ќе ги продолжи сите проекти кои се темелат на факти. Зошто немало примопредавање на кабинетот, Демири рече да се праша Меџити, а тој три дена веќе министерува со здравсвството.„Ќе треба да го прашате него, немаме направено примопредавање. Ќе ги продолжиме проектите, ова е трет ден откако сум министер за здравство. Сите проекти кои се со факти ќе ги реализираме“, рече Демири.Според него, Меџити ветил поголеми плати за здравствените работници, но не спровел процедура за да најде пари.„Не е направена постапка за обезбедување на средства од буџетот. Тоа е ветување, а не е исполнет критериумот. Тој договор мора да помине процеудра, па да се потпише по изборите. Здравствените работници знаат дека нема процедура за финансиски средства“, рече тој.

Македонија | пред 2 години

DSC_0683

Аларманто расте бројот на заразени од голема кашлица

Алармантна е состојбата со голема кашлица, предупредуваат медицинските лица. За утре е најавена седница на Комисијата за заразни болести.Досега се потврдени 12 случаи на голема кашлица. Меѓу заразените е и бебе старо 6 недели кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и е изолирано од останатите пациенти.Од досегашните регистрирани случаи, 10 се во Скопје, а најмногу, 8 случаи се во општина Аеродром.Болеста особено опасна за доенчињата и децата во основните училишта. Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд на лица заразени со голема кашлица, ќе настане голем проблем.Лекарите уште еднаш апелираат на совесност, населението да не ја игнорира вакцинацијата која е најдобра заштита против ова заболување.

Македонија | пред 2 години

bekim-sali-31

Сали не ги ферма матичните: Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот

Откако дел од матичните доктори не ги затворија вратите за пациентите, министерот за здравство, Беким Сали, тоа го гледа како негова победа. Според него, оние кои штрајкувале се против пациентите кои трпат последици.„Јас повикав на разбирање и заедничка соработка, а пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Ние во ова не убдивме само 25 отсто од вкупниот број на матични лекари, кои протестираат. Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот. Бидејќи промени во системот се прават преку разговори, ане преку штрајк“, рече Беким Сали.Штрајкот, четврти по ред годинава, продолжува и денес. Повеќето од матичните лекари не издаваат рецепти и упати и не работат во системот „Мој термин“.

Македонија | пред 3 години

233439398_4218957644865499_7272356369434098640_n

Донесена наредба за ексхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на пациентот од лекување заб фати сепса

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип.Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент.Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице.​

Македонија | пред 3 години

fadsfasdf

По смртта на Јован од сепса: Инспекции ги тресат и матичниот стоматолог, доктор и ТОАРИЛУЦ-ОЕ

На ден 26.08.2022 год од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб .„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сеуште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот.По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани.Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство“ велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Нови детали: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“, ѝ рекол на сестрата од Брза помош, пред да почине од сепса

Болката е неискажлива и не може да се опише. Треба да се преземат мерки за да не се гуши и друга фамилија во ваква болка – вели Слаџана Ризинска од Берово за ММС.мк, чиј братучед Јован Димовски (25) почина од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип.Слаџана потенцира дека Јован си дошол дома во страшни болки по лекувањето на забот во Штип, но раната се чистела. Во меѓувреме му паднал дренот и бидејќи било недела (21-ви август) тој отишол во Итната медицинска помош во својот град. Таму му била направена преврска и му било кажано дека треба повторно да оди за Штип.Слаџана вели дека е изреволтирана бидејќи оваа информација никој јавно не ја споменува, односно ја нема во извештајот од лекарот кој вчера до медиумите го лиферуваа од Болницата.„Негово другарче го однесе за Штип и таму истиот доктор му направил повторно интервенција и му го ставил дренот наопаку. Уште таму Јован му рекол дека цела страна почнува да го боли и дека голта крв. Докторот му рекол дека имал многу пациенти и дека сите ги боли. Се вратил за Берово во неделата. Кога се вратил дома, Јован се гушел во болка и добил уште поголем оток. Тетка ми вели дека му се фаќало цело тело, не можел да стане од кревет. Почнал да повраќа крв и гној и заминале во амбулантата во Берово каде бил повикан неговиот матичен заболекар и таму констатирале дека тој има дрен наопаку. Не тече крв од раната, туку навнатре и Јован веќе бил затруен“, раскажува Ризинска.Додека трае голготата на момчето, од Берово го праќаат директно за Скопје. Во возилото сепак, неговата ситуација се влошила, за што посведочила и медицинската сестра која била дел од тимот.-Вчера зборував со медицинската сестра која била во возилото на Итната медицинска помош и таа рече: „Ќе застанам зад случајот“. Пред Штип, Јован изгубил свест. Ја држел за рака и ѝ рекол: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“ – додава Слаџана.Повеќе

Македонија | пред 3 години

buhova

Бухова влезе со инспекции во штипската болница, откако момче почина од сепса

Инспекции ја тресат Општата болница во Штип. Ова доаѓа откако во јавноста се појави инфорамција дека момче од Берово, на 25 години, починало од сепса. Според сведоштвото, момчето лекувало заб, по што, поради погрешно наместен дрен, добило сепса. Инспекцискиот надзор го врши Државен санитарен и здравствен инспекторат, односно Ирена Бухова.“ Државен санитарен и здравствен инспекторат иницира вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип за пациент Ј.Д. 25год. од Берово”, велат од ДСЗИ.Во сведоштвото стои:„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите “професионални” доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со….” како е рекол Бог”…. Дали во 21век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно….🖤“

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-25-at-12.46.16

Беровчанец починал на 25 години поради сепса по интервенција на заб, објавено ново сведоштво

Млад беровчанец почина на 25 година починал од сепса, по интервенција на заб. За случајот е обзнането на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Слаџана Ризинска.Нејзиното писание во целост:„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите "професионални" доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години.....🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со...." како е рекол Бог".... Дали во 21век треба да се случи таков срам....Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно....🖤“

Македонија | пред 3 години

fadsfasdf

„Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции кога системот на функционира“, негодување по најавата за нивно заминување

Д-р Ирина Бухова ќе остане директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Неофицијално, Владата не и најде замена, па и покрај најавите, тргната е точката за нејзино разрешување. За јавноста, познато е само дека таа не сака повеќе да ја извршува оваа функција. Истовремено, се појави информација и за повлекување на министерот за здравство, Беким Сали, кој неофицијално, посочил да му бараат замена. Ова наиде и на одредени коментари и реакции во јавноста.Новинарот Кристијан Ландов посочи дека двајцата се професионалци и наведе примери за експресни реакции кога биле во прашање нивните надлежности.Статусот во целост:„Уствари во цел здравствен систем, Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции при дојави дека системот на функционира.Додека имав корона, притоа, се јави стоматолошки проблем, во Клиниката за стоматологија ми лупнаа врата. По најрегуларен пат со реакција до ДСЗИ, за еден час, од Клиника сами се јавија да отидам на преглед. Тоа за мене значи дека некој направил системот да функционира.Сали, кога го побарав директно, во 22-23 часот навечер. Стануваше збор за еден апел за помош, за баба од скопско село, која беше оставена сама на себе, а амбуланта не сакала да дојде. Веднаш прати екипа, беше прегледана, а и била дадена и терапија.Сакам да кажам, следно очекувам Сали да си отиде и си свиркаме. Пошо само тоа ни останува“, напиша тој.

Коментари | пред 3 години

rak

Истражување: Некои видови на рак на дојка може да се излечат без зрачење

Некои типови на рак на дојка може да се излечат без зрачење, покажуваат резултатите од новата студија на канадски научници објавенa на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго. Жените постари од 55 години на кои им бил дијагностициран одреден тип на рак на дојка во рана фаза може да се подложат на операција, а потоа и на хормонска терапија, велат авторите на студијата.Водечкиот автор на студијата, професорот Тимоти Вилан од Универзитетот Мекмастер во Канада, откритието го нарече „одлично“ бидејќи покажува дека некои жени можат безбедно да го избегнат зрачењето и неговите несакани ефекти.Студијата, претставена на годишниот состанок на ASCO (Американско здружение за клиничка онкологија) во Чикаго, ги проучуваше резултатите кај жени кои имале низок степен на луминален тип А рак на дојка, рак со специфичен генетски маркер.На група од 500 пациенти хируршки им бил отстранет ракот на дојката, а потоа примале хормонска терапија. Потоа биле следени пет години за да се процени дали се враќа ракот на дојката. Истражувачите откриле дека повторувањето било само 2,3 отсто без зрачење. Ова е споредливо со 1,9 проценти од повторувањата во случај на нелекуван рак на дојка.Професорот Вилан рече дека во раните фази на ракот на дојката генерално се користи радиотерапија од три до пет недели за да се намали ризикот од повторување.„Овие наоди се одлични затоа што идентификувавме специфична група на пациенти кои можат да ја избегнат радиотерапијата и поврзаните несакани ефекти, а тоа го отвора потенцијалот за подобра медицинска пракса во третманот на ракот на дојката“, рече тој.„Радиотерапијата има големи несакани ефекти, вклучувајќи замор, исцрпеност и иритација на кожата, која може да трае со недели по завршувањето на циклусот, а подоцна има несакани ефекти кои влијаат на квалитетот на животот, како и многу ретки сериозни компликации како што се срцеви заболувања и други видови рак. Ако можеме да избегнеме радиотерапија, ќе е подобро, бидејќи не сите видови на рак бараат исто ниво на често инвазивна терапија“, рече проф. Вилан.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања