„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

здравство

Нема фотографија

Демири и Баланс МК разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата

Министерот за здравство д-р Илир Демири вчера оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК. На средбата, разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за континуирано мерење на гликемија.„Министерството за здравство и Баланс МК имаат успешна соработка која продолжува и во следниот период со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес во земјава“, вели Демири.За потсетување, минатата година за првпат се набавија 650 сензори за безболно мерење гликемија во крвата кај деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1 и слепи лица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Економската директорка на Токсикологија не знае македонски и доаѓа на работа со татко ѝ?

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, пишува медиумот „Мкд.мк“. Додаваат дека кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника. Во текстот се додава дека таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.„Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување“, велат извори за „Мкд.мк“.Од Министерството за здравство добиле кус одговор дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 февруари годинава.„Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката“, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

vakcina-dete1

Три дози од „ДеТеПер“ пропусница за во градинка: дел од децата се вратија, дел завршија на вакцинација

Три дози од „ДеТеПер“ вакцината против голема кашлица беа доволни за децата денеска да почнат во градинка. Десетици кои минатата недела останаа дома, сега се назад во занималните, а ќе можат да останат само ако во наредните шест месеци примат и ревакцина. Ова се мерките на Комисијата за заразни болести, откако беше обзнането дека состојбата со големата кашлица е лоша, особено во Скопје каде 50 отсто од децата се невакцинирани.Рестриктивните мерки на здравствените власти ги наполнија вакциналните пунктови. Интересот за вакцинирање и натаму е голем, но Скопје се уште брои деца кои што треба да ја комплетираат вакцинацијата против пертусис.Вкупно во земјава се евидентирани 216 случаи на голема кашлица, а 88 проценти или 190 се во главниот град, каде е прогласена епидемија на голема кашлица на 8 февруари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-16-at-09.36.40

(Фото) Срна си оди дома! Девојчето за кое се обедини цела Македонија е пуштена од болница

Тригодишната Срна замина од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“. Мајката Васка Цветаноска-Панова се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.„Др Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава.Медицинскиот персонал, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој...“, вели Васка Цветаноска-Панова.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири: Крводарителите се луѓе со големи срца кои својата крв ја даваат таму каде е најпотребна, МЗ има посебен фокус за крводарителството

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на свечениот настан по повод Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството на Република Северна Македонија во организација на Црвениот крст.Демири го честиташе овој ден на крводарителите истакнувајќи дека се големи хуманисти, луѓе со големи срца кои секогаш се подготвени својата крв да ја дадат таму кадешто е најпотребна.„Министерството за здравство посебен фокус става на оваа тема и за таа цел, во насока на поддршка и афирмација на крводарителството, Министерството секоја година изготвува посебна Програма, во која се содржани мерки и активности за поддршка на крводарувањето во нашата држава. Во неа се содржани мерки и активности за организирање и спроведување крводарителски акции, изготвување материјали за промоција, мотивациски средства за крводарителите, надомест на трошоци за организирање крводарителски акции за општинските организации на Црвениот крст, активности на Институтот за трансфузиона медицина и партиципација при користење здравствени услуги на дарители со над 10 крводарувња“, рече Демири.Тој посочи дека ова е посебно важно затоа што немањето континуитет во обезбедувањето крв ќе предизвика застој на хируршки и други интервенции за кои е потребно апликација на крв и спасување многу животи.„Преку чинот на дарување крв и во иднина ќе се стремиме кон напорите за обезбедување крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствениот систем во РСМ. Честитки по повод денешниот ден и ви посакувам натамошни успеси, посебно на сите волонтери, крводарители и мотиватори, кои преку сопствениот позитивен пример - се пример и за целата заедница“, изјави Демири.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-11.37.01

„Не е во ред да се враќаат заразни болести во 21 век“, инспекторите не најдоа невакцинирани деца во градинките

Сите градинки ги почитуваат насоките да не се примаат на чување деца кои не се вакцинирнани.„Извршивме околу стотина инспекциски надзори, детските градинки, предучилишните установи, соработуваат до инспекторите, го почитуваат издаденото решение и објавено е во нивните предучилишни установи. Од извршените контроли до сега, нема констатирано недостатоци. Одговорните лица во градинките, се ажурираат податоците на секое дете. Сега за сега, сме задоволни од самата соработка и од начинот како се спорведуваат надзорите“, кажа директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.Според неа, родителите ќе мора да имаат трпение, бидејќи не е во ред да се враќаат заразни болести во 21 век.

Македонија | пред 1 година

vakcina-vakcinacija-7

Стигнаа вакцините за возрасни против голема кашлица - уште денеска може да се прими во пунктовите

Вакцините против голема кашлица за возрасни се стигнати во Македнија. Министерот за здравство, Илир Демири, посочува дека тие се веќе во вакциналните пунктови.„Вакцините се стигнати и одма ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба за таков вид ревакцинација“, вели Демири.Прашан дали може граѓаните кои имаат потреба да одат на вакцинација, тој одговори: „Да може уште денеска, има во вакциналните пунктови“.Засега возрасните не се загрозени од епидемијата на голема кашлица која ја има во Скопје.

Македонија | пред 1 година

fxoyu3dbh5snp0ruirfk

Низ пример објаснета препораката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на децата

Доктор Нико Беќаровски, ја објасни препораката на Комисијата за заразни болести, која се однесува на вакцинирањето против големата кашлица.„Сите кои ме прашувате што значи да се примени СИТЕ ТРИ ДОЗИ DTaP вакцини ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ, еве Ви едноставен пример:1 доза септември 20232 доза ноември 20233 доза јануари 2024Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка.Накратко ова е денешната препорака на КЗБ, објаснета низ едноставен пример“, напиша Беќаровски.

Коментари | пред 1 година

morbili

Нова опасност: Можна епидемија од морбили

Епидемиолозите, педијатрите и детските лекари предупредуваат дека е можна уште една опасност и да се појави епидемија од морбили.Кај нас сè уште нема регистрирани заразени од морбили, но укажувањето е поради загрижувачката состојба во регионот и случаите со заразени од морбили.„Ќе апелираме до градинките проверката на картоните да оди поинтензивно, поригорозно и во проверката да биде вклучена и вакцинацијата против морбили. Имаме шанса да го изгаснеме овој пожар пред да почне. Тука сме, на прагот на почнување нов пожар“, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.На вчерашната прес- комференција, Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, предупреди дека ризикот од две епидемии кај нас е многу голем. Сипаниците ни се доближуваат на ист начин како што ни се доближи големата кашлица и прерасна во епидемија во Скопје.„Исто онака како што посочивме во октомври дека бранот на движење на пертусис во регионот, движејќи се од Хрватска и Србија, доаѓа накај нас, а сега го потврдивме, сериозно апелираме и во однос на морбилите. Секаде во регионот веќе имаме епидемии. Мора да се подигне свеста кај родителите, кај граѓаните, дека мора да го запазиме делот на превентивата со цел да имаме здрави поколенија, здрави деца. Вакви состојби на здравствена криза воопшто не ни се потребни, особено ако две епидемии ни се случат истовремено“, рече Грозданова.Таа беше јасна дека вакцината против морбили може да се прими во ист ден со дитепер.Уште во јануари Комитетот за имунизација до вакциналните тимови испрати препорака секое дете што доаѓа да ја прими ревакцината против пертусис на 18 месеци, бидејќи МРП се прима најрано на 13 месеци, да се искористи ревакцинацијата на дитепер и заедно да се прими МРП.Тие ги едуцираат родителите дека не постои никаков проблем двете вакцини да се примат во ист ден. Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски, вчера изјави дека состојбата со голема кашлица не е добра, можно е да има и построги епидемиолошки мерки.Во однос на состојбата со грип, во државата има нови 427 случаи од 4 до 10 март, а најмногу од тоа во Кавадарци.Децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци

Македонија | пред 1 година

GInxr8UXQAAuoDL

(Фото) Доктор од Прилеп ги посрамоти колегите од Битола во извештај: „За срамота, при 10 хирурзи во Битола да се праќа пациентот во Прилеп за катетер!“

Пациент од Битола бил пратен во Прилеп за да му биде ставен катетер. Ваквиот чекор на битолските доктори е причина за остра реакција од страна на нивните колеги во Прилеп. Во специјалистичкиот извештај, докторот ѝ се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки. За овој случај „Скопје1“ исконтактира со в.д. директорката на битолската болница, Елизабета Ивановска. Таа не беше запознаена со случајот. Ѝ го испративме извештајот.„Ставен катетер. За срамота при 10 хирурзи во Клиничката болница Битола се праќа пациент во Прилеп, за поставување на катетер на пациент со ретенција, крајно време директорот да си преземе и повеќе мерки да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното“, стои во извештајот.Откако ја прочита препораката во која се бара да преземе мерки за нејзиниот кадар, директорката одговор ни достави преку лицето за односи со јавност во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Оттаму потврдуваат дека лицето било пратено во Прилеп, не поради катетерот, туку бидејќи требало да биде третиран.„Причината поради која пациентот кој што беше примен во Клиничка болница Битола на 03.03.2024 година од страна на доктор супспецијалист кардиолог во Оддел за интерни болести и беше препратен на доктор специјалист Уролог во општа болница Прилеп бил под специфична состојба и тоа со 24 часовна ретенција на урина. Причината поради која беше пратен при Општа болница Прилеп е да истиот биде понатаму прегледан и третиран од доктор специјалист уролог, со цел да се спречи понатамошна компликација на неговата специфична состојба, која може да биде и живото-загрозувачка“, вели Ивона Трифунов - лице за односи со јавност при ЈЗУ Клиничка болница Битола.Оваа здравствена установа е честопати споменувана во медиумите. Таму почина шестгодишната Јана Христова, случај кој ја потресе јавноста. Потоа, почина новороденче непосредно по раѓањето, откако на родилката и била дадена таблета за провокации по што била пуштена дома. По сето ова, директорот Александар Обедниковски денеска ја депонираше оставката, а Елизабета Ивановска беше назначена за в.д. директор.Во болницата влегоа и јавни обвинители со истражители. Ревизорскиот извештај покажа малверзации и неправилности, а тоа беше причина да се отвори предистрага.Последен во низата скандали беше на почеток од месецов, кога докторка од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-09-22-202659

Изведена мултиорганска трансплантација на органи - пациенти добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.Министерот Демири упатува огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку 4 животи.„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-14-at-13.24.13

Состојбата не е добра и не е стабилна, можат и возрасните да бидат донесени во ризик, алармира Петличковски за големата кашлица

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кажа дека состојбата со големата кашлица не е стабилна. Докторката Александра Гроздановска посочува дека ако се продолжи со невакцинација на децата, возрасните ќе бидат донесени во ризик. Петличковски посочи дека мора да се почитува календарот на имунизација.„Состојбата не е добра и не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле поради долги години наназад неодговорно однесување на граѓаните. Поразителен податок за државата е податокот за 50 отсто невакцинирани деца. Имаме научна поткрепа дека дека имунизацијата со трите дози помага. Ние сме пред прагот на нов пожар (со морбили). Можно е следните недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки, зависно од комисијата“, кажа Петличковски.Професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација. потврди дека имунолошката состојба е далеку од добра. Посочува дека и возрасните ќе бидат донесени во ризик.„Оценивме дека детето вакцинирано со три дози во последните шест месеци, ќе биде оптимално заштитено, со цел да може да посетува градинка, да се социјализира, со напомена дека ревакцината мора да биде примена во наредните шест месеци. Целосно заштитен, имунолошкиот систем може да биде само така“, рече професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација.Новата порепорака значи дека без разлика на возраста на детето, ако прима вакцинација од три дози, може да иде во градинка, но во наредните шест месеци, да мора да биде ревакцинирано.„Овде ги имаме во предвид децата кои од различни причини не се вакцинирале, има здравствени ситуации, ковид-пандемија“, додаде Петличковски.

Македонија | пред 1 година

vakcina

„Ризикот е сериозен, две епидемии истовремено не ни се потребни“ - професорката Гроздановска алармира за вакцинирање против морбили

Нема зголемување на бројот на заразени со мобили, но случувањата во регионот укажуваат дека состојбата може да се влоши. Ризикот за појава и на ваква епидемија е сериозна, со оглед на ниското ниво на вакцинација. Професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација кажа дека ваква здравствена криза може да се превенира.„Сериозен апел и за морбилите. Секаде во регионот има мини епидемии. Еднаш имавме таква ситуација. Мора делот на превентивата да го запазиме, за да има здрави деца и здрави поколенија, здрави деца. Вакви состојби на здравтвени кризи не ни се потребни. Посебно, да не прејудицираме, ако две епидемии ни се случат истовремено. Со ваков опфат на вакцинација, ризикот е сериозен, а секоја мерка понатаму ќе биде поригорозна“, алармираше професор Александра Гроздановска од Комисија за имунизација.Таа упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца навремено, според календарот за имунизација.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Клиника Жан Митрев се залага за еднакво бубрежно здравје за сите

Клиника Жан Митрев се приклучува на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста и грижата за бубрежно здравје и за рамноправен пристап до нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните, со намалени цени за нефролошки преглед во текот на месец март. Нефролошките прегледи ќе ги изведува д-р Катерина Ристоска, специјалист по нефрологија, а заинтересираните треба само да закажат термин за преглед на телефонскиот број 02 3091-484.За сериозноста на бубрежната болест укажуваат и статистиките дека секој десетти возрасен во светот има одреден степен на бубрежна слабост. Во нашата држава, секоја година околу 400 нови пациенти започнуваат лекување со хронична дијализа, која што претставува доживотен третман.Хроничната бубрежна болест може да се развие на која било возраст, но е почеста со зголемувањето на возраста. Дијабетесот и високиот крвен притисок се најчести причинители на бубрежни заболувања. Во раните стадиуми на хронична бубрежна болест нема никакви симптоми и знаци. Може да е загубена и повеќе од 90% од бубрежната функција без да се почувствуваат какви било симптоми.Најновите откритија во терапевтскиот пристап нудат огромни можности за спречување, одложување на болеста и ублажување на компликациите. Новите терапии и терапевтски пристапи би требале да бидат подеднакво достапни за сите пациенти, но недоволната свест за хроничната бубрежна болест, недоволното познавање и довербата во новите терапевтски можности и стратегии, како и недостигот на соодветен професионален кадар придонесуваат за појава на големи разлики во пристапот до лекување.Она што треба да се направи за да се намали ризикот од развој на бубрежна болест е секако:· Да бидете активни и да вежбате;· Да јадете здрава храна, да ја контролирате телесната тежина;· Редовно да го проверувате и контролирате шеќерот во крвта;· Барем еднаш годишно да го проверувате нивото на протеини во урина;· Редовно да го проверувате и контролирате вашиот крвен притисок;· Да земате соодветен внес на течности;· Да прекинете со пушење;· Да не користите лекови без препорака на вашиот доктор;Проверете ја вашата бубрежна функција ако имате еден или повеќе ризик фактори како што се дијабет, хипертензија, обезност или доколку имате семејна историја на бубрежна болест.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири: Македонскиот и шведскиот микрохируршки тим успешно изведоа комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија по повод успешно изведена комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастетомија со примена на иновативни микроваскуларни процедури со поддршка од тимот на стручни лекари од Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при Универзитетската болница во Упсала во Шведска.Демири, изрази голема благодарност до целиот медицински тим вклучен во комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки од Клиниките во Скопје и Упсала, но и до проф. Андрес Родригез, директор на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, како и до проф. Димитрис Дионисис од Универзитетот Аристотелис во Солун за посветеноста и стручноста.„Унапредувањето на едукацијата за специјалисти и специјализанти во микрохирургијата е клучен аспект на реконструктивните процедури. Токму ова партнерство ја покажува заедничката посветеност за унапредување на микрохируршката едукација, како суштински сегмент на реконструктивната хирургија, истакна Демири.Манолева, потенцираше дека низа специјализирани обуки во изминатите години се спроведени на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, каде хирурзите и специјализантите од клиниката од нашата држава имаа можност да научат за најсовремените микроваскуларни техники. Едукациите на хирурзите се под менторство на проф. Марија Мани и д-р Елеонора Димовска.„Заедничката соработка е составен дел на мисијата за обезбедување највисок стандард на третман, вклучувајќи ги најновите техники и трендови во реконструктивната микрохирургија. Целта е продолжување и проширување на овие плодни партнерства, препознавајќи ја огромната вредност во размената на знаења и искуства со врвни професионалци и институции во областа на пластичната и реконструктивната хирургија“, рече Манолева.Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова истакна дека установата веќе неколку години има одлична соработка со Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при Универзитетската болница во Упсала во Шведска.„Ја изразуваме нашата искрена благодарност до проф. Андрес Родригез, директор на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, за неговата исклучителна посветеност во поттикнувањето на професионалниот раст на нашиот медицински тим. Наш гостин е и проф. Димитрис Дионисис од Универзитетот Аристотелис во Солун, реномиран авторитет во областа на хирургијата на лимфедем. Неговото присуство носи дополнителен спој на експертиза и имплементација на иновативни техники, посочи д-р Пејкова.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања