Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манолева: Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3329

,,Светскиот ден на здравјето–7 април традиционално претставува можност да зборуваме за предизвиците во здравството, да ги сублимираме реализираните инвестиции во здравствениот систем, како и заеднички да ги разгледаме аспектите на идниот развој на здравството во нашата држава.

Во оваа прилика сакам да упатам благодарност до Македонското лекарско друштво за поканата заеднички да го одбележиме Светскиот ден на здравјето.

Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува еден од столбовите на секој здравствен систем.

— реклама —

Со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со СЗО, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани.

Во насока на продолжување на успешната соработка со Светската здравствена организација, вчера беше потпишан и двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и СЗО за 2024 – 2025 година.

Посебно сме фокусирани на зајакнување на превенцијата и рано откривање на заболувањата - тука би го споменала успешното спроведување на скрининзите за рано откривање карцином на дојка и на грло на матка. Во рамки на Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања од годинава почнуваме и со активности за организирана скрининг колоноскопија, со идентификување на пациентите со просечен ризик за колоректален карцином на возраст од 50 до 75 години.

— реклама —

Исто така, организираме бесплатен скрининг за две илјади пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување.

Како што знаете, актуелен предизвик со кој се соочуваме е зголемување на опфатот со вакцинација и за таа цел заедно со фелата, деновиве потпишавме заедничка Декларација за поддршка на вакцинацијата, со цел зајакнување на институционалната поддршка на процесот на вакцинација и континуирано спроведување заеднички активности за нејзина промоција.

Во оваа прилика сакам да истакнам и други новини од областа на здравствената заштита, реализирани во претходниот период – минатата година се воведени шест нови лекови за ретки болести, а годинава се воведуваат уште четири нови лека.

Само за споредба, во 2009 година буџетот за ретките болести изнесувал околу 25 милиони денари, а денеска изнесува 950 милиони денари. Ова е показател за посветеното вложување во третманот и лекувањето на ретките болести.

— реклама —

Само во сегментот на нова медицинска опрема, изминатиот период е иницирано двојно зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на 5 милиони евра.

Во делот на инфраструктурни вложувања, сакам да потсетам дека веќе е потпишан договор за формирање нов Ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија.

Меѓу позначајните инвестиции изминатата година се и отворањето нов дијагностички центар на Клиниката за пулмологија, реновирана хируршка сала на Универзитетската клиника за ортопедски болести, отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија во тетовската болница, а за потсетување пуштена е во употреба и комплетно нова поликлиника во Сарај.

— реклама —

Во делот на дигитализација на здравствените услуги, успешно е имплементирана и се користи мобилната апликација „Мое здравје“, веб платформата „Е-здравство, како и можноста за електронско поднесување барање за електронски извод од матична книга на родените.

Како што споменав, ова се само дел од бројните инвестиции кои се реализирани во здравствениот сектор изминатиот период. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата.

На крај, уште еднаш сакам да упатам благодарност до Македонското лекарско друштво и канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, со кои заеднички, традиционално го одбележуваме овој ден.”, изјави заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања