Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Коментари
media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8
AI

Триесет и четиригодишната Наталија Јосифоска, која е родена со спина бифида, јавно проговори за долгогодишната борба со здравствениот систем, одбивањето на Фондот за здравствено осигурување да ѝ покрие операција во странство и проблемите со кои се соочува по сложениот хируршки зафат што го направила во Турција. Таа тврди дека, иако македонските лекари уверувале дека можат да ја оперираат, сега се соочува со неизвесност дали воопшто има стручно лице кое може да ги прочита нејзините снимки од магнетна резонанца.

Јосифоска раскажува дека уште од детството лекарите ѝ укажувале дека медицинските можности во Македонија за нејзината состојба се ограничени и дека, доколку некогаш биде неопходна нова операција, ќе добие препорака за лекување во странство.

Пред една година, според нејзиното сведоштво, состојбата се влошила до степен што постоел ризик целосно да ја изгуби способноста за движење. Била неопходна исклучително сложена операција, која и самата носела ризик од парализа.

„Од мала од докторите слушам: ‘Ние овде направивме сè што можеме, доколку некогаш се решиш да се оперираш, веднаш ти потпишуваме за операција во странство’. Е, за жал, пред една година дојде тој момент“, пишува Јосифоска.

Меѓутоа, кога побарала лекување во странство, како што тврди, добила поинаков одговор. Лекари од Клиничкиот центар ѝ соопштиле дека операцијата може да се изведе и во Македонија, а комисијата одлучила дека нема потреба за лекување во странство.

— реклама —

Таа наведува дека истовремено добила и писмена лекарска препорака за операција во Турција, во која, според неа, биле посочени ограничените можности за лекување во земјава, недостигот од кадар и опрема и големиот ризик при изведување на зафатот.

„За среќа, сè уште постојат и совесни доктори кои отворено ми кажаа: ‘Барај го патот за Турција, ова што ти го кажуваат не е ни приближно слично со твојот случај’. Ама комисијата одлучи дека сепак можат да ме оперираат овде“, сведочи таа.

Откако Фондот за здравствено осигурување не го одобрил финансирањето, Јосифоска и нејзиното семејство самостојно ги обезбедиле средствата за операцијата во Турција. Зафатот, според неа, поминал подобро од очекуваното, но лекувањето не завршило со операцијата.

Поради невролошките последици поврзани со состојбата позната како tethered cord, Јосифоска вели дека ѝ е потребна најмалку една година континуирана физикална рехабилитација.

Таа тврди дека не можела да го оствари правото на 30-дневна рехабилитација на товар на Фондот, бидејќи операцијата била направена приватно во странство и не била евидентирана во системот на начин што би ѝ овозможил користење на оваа услуга.

— реклама —

Дополнително, според нејзиното сведоштво, упати за физикална терапија може да добива само еднаш на три месеци, иако рехабилитацијата ѝ е потребна секојдневно. Поради тоа, продолжила приватно да ги плаќа третманите, за кои наведува дека чинат илјадници денари дневно.

Последниот проблем, кој ја поттикнал јавно да реагира, се случил при контролно снимање со магнетна резонанца, речиси половина година по операцијата. Снимањето требало да покаже дали повторно дошло до слепување на нервните структури на 'рбетниот мозок.

Јосифоска тврди дека вработените кои го извршиле снимањето изразиле загриженост дали ќе има стручно лице кое ќе може да ги протолкува резултатите.

„На прашањето кога ќе бидат резултатите готови, ми рекоа: ‘Ааа, тоа не знаеме, кога ќе се најде некој што ќе знае да ги прочита’“, наведува таа.

— реклама —

Токму поради ова, Јосифоска јавно му се обраќа на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, прашувајќи како здравствените власти претходно процениле дека операцијата може да се изведе во Македонија, ако сега, според нејзиното сведоштво, постои неизвесност околу толкувањето на контролните снимки.

„Како тоа не знаат кога и дали ќе има некој што ќе знае да ги прочита снимките, а знаеше да ме оперира?“, прашува Јосифоска.

Таа смета дека одлуката да не ѝ се одобри лекување во странство ја изложила на дополнителен страв и неизвесност во период кога се соочувала со ризик од трајно губење на подвижноста.

„Знаете ли, господа, дека на 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот само за да покажете дека имаме ‘супер здравство’?“, пишува таа.

Јосифоска сега бара Фондот да ѝ ги надомести средствата што самостојно ги платила за операцијата во Турција, како и извинување за, како што наведува, претрпените стравови и нервози.

— реклама —

„Ова сега го зборувам како пациент, но верувајте, само да можам да се вратам на работа, и како новинар, и тоа како длабоко ќе ја фатам работава да ја истражувам“, порачува таа.

Во објавата упатува посебна благодарност до доктор Мичун Мичуновиќ од Охрид, кого го издвојува поради поддршката во текот на лекувањето.

media-libraryakupo56sm2rnfNMdVQF

Јосифоска наведува дека, по сите досегашни трошоци, повторно ќе мора приватно да бара и да плати стручно толкување на снимките од магнетната резонанца.

Нејзиното сведоштво отвора прашања за институциите како ФЗО, Министерството за здравство, но и Клиниката за неврохирургија. „Скопје1“ ги исконтактира, од каде очекуваме информации поврзани со постапувањето во случајот на пациентката Јосифоска.

Од ФЗО веднаш одговорија дека ќе го прибават цел предмет за овој случај и веќе во понеделник ќе ги дадат сите информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg153g0td1r047Nvyak1

Една година донираниот апарат за хемодијализа на Детска клиника не е ставен во уптореба, а децата и натаму се носат во странство

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања