Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Демири потпиша заедничка Декларација со Лекарска комора за поддршка на вакцинацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска потпиша заедничка Декларација со Лекарската комора за поддршка на вакцинацијата, со цел зајакнување на институционалната поддршка на процесот на вакцинација и континуирано спроведување заеднички активностите за нејзина промоција.

— реклама —

Во своето излагање, тој истакна дека сме сведоци на објавување лажни вести и дезинформации во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот.

— реклама —

“Оттаму, неопходно е заеднички да работиме на подигнување на нивото на здравствена едукација кај населението, имајќи предвид дека многу болести се превенирани токму поради вакцинацијата. Епидемијата со голема кашлица со која за жал се соочуваме во моментов е поради невакцинирањето на децата, а можеме да ја сузбиеме преку имунизација на нашите деца”, рече Демири.

— реклама —

Тој потсети дека во периодот 2018-2019 година кога беше регистрирана епидемија на морбили заради опаднат опфат на вакцинација од 74 проценти - само во таа година се дадени 41.623 дози вакцини на деца до 14 години и како резултат на тоа е спречено натамошно ширење на епидемијата.

— реклама —

“Во насока на подигнување на свесноста и афирмирање на имунизацијата, Министерството за здравство, во соработка со УН партнерите, спроведе неколку кампањи за информирање на родителите за важноста од вакцинацијата. Од двете реализирани кампањи „Од врата до врата“ над пет илјади деца се вакцинирани или закажани за термини вакцинација и повеќе од 13 илјади едукативни материјали се поделени, како за рутинска, така и за ковид вакцинацијата. Со потпишување на заедничката Декларација формираме поширок фронт за поддршка на вакцинацијата, одржување континуитет на активностите и потенцирање на важноста на имунизацијата. Наша заедничка цел е заштита и унапредување на здравјето на граѓаните и само заеднички - со здравствената фела можеме да ја реализираме оваа цел”, рече Демири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 4 дена

media-library7qn05d28as93cH9cpU6

Лекарската комора: Не смее да има генерализација на одговорноста кај докторите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryc732or5a7ngu5dmjMJV

„Фали терапија“ пред Министерство: Пациентите со ретки болести бараат континуитет, од институцијата велат нема недостинг на лекови

Македонија | пред 5 дена

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања