Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манолева: Кумановската болница се залага за инвестиции во човечки капитал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3323

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово кадешто во изминатите неколку години реализирани се бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови - инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал.

— реклама —

„Со поддршка од Министерството за здравство изграден е и пуштен во употреба нов Хируршки ургентен центар, граѓаните секојдневно добиваат здравствени услуги од областа на хирургија, ортопедија, анестезија и радиодијагностика. Со наша соработка изградена и пуштена во употреба е котлара на гас со што затоплувањето на установата е решено целосно со гас и со тоа е намалено загадувањето“, рече Манолева.

— реклама —

Оваа установа, исто така годиниве е зајакната со нов современ рентген апарат, нов современ мамоград, ендоскопски столб, најсовремен 128 слајден компјутерски томограф и ехотомографски апарат.

— реклама —

Од сопствени средства на болницата набавена е нова опрема за патолошка лабораторија и целосно е обновена апаратурата на одделот за физикална медицина.

— реклама —

Кумановската болница важи за установа која силно се залага за инвестиции во човечкиот капитал. За неколку години реализирани се вработувања на 199 лица, а за седум години упатени се 35 доктори на специјализација во различни области.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања