ЗДРАВСТВО

Нема фотографија

Демири: Здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички на кои треба да сме горди

Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцира дека здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички и соработнички, докторки, медицински сестри, болничарки на кои сите ние треба да бидеме горди.„Тоа се нашите хероини кои неуморно работат за подобрување на квалитетот на живот на сите нас. Горд сум што во Министерството за здравство имаме многу раководителки на сектори и одделенија, државни советнички и заменик министерка кои активно учествуваат во креирање на здравствените политики. Во изминатиот период, вложивме многу во подобар здравствен третман за сите пациентки, за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата. Продолжуваме и во следниот период да ги слушаме женските организации затоа што само заеднички можеме да го зајакнеме јавното здравство. Честит 8 Март!“, се вели во честитката од Демири.

Македонија | пред 1 година

291536842_441631404499303_3486823249652346991_n

Младите лекари на 6 месечна пракса во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош

Министерството за здравство реагираше на незадоволството од младите лекари во делот за шестмесечна платена пракса.Тие ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат од Министерството.„Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои извршуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои извршуваат платена пракса по добивање лиценца, дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, сѐ со цел непречено спроведување на вакцинацијата, стои во соопштението на министерството.Сега се чека одговор и дтав од ДКСК поради, предизборниот период.Ова доаѓа како рескција на стотинс млади лекари по општа медицина кои со месеци чекаат да бидат повикани на шестмесечна платeна пракса, која како што велат, им следува согласно Законот за здравствена заштита после положен испит за лиценца во Лекарската комора.Младите лекари забележуваат дека иако секојдневно се зборува за недостаток и одлив на кадар, активните конкурси за вработување биле ретки.

Македонија | пред 1 година

doktori-skopje-klinika

МЗ веднаш има постапено во делот за шест месечната платена пракса на младите лекари, испратено е до Министерство за финансии

„Ве известуваме дека Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на Законските обврски што ги има во делот за шест месечна платена пракса на младите лекари кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава.Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата.За овој заклучок од Националната Комисија за имунизација министерот за здравство д-р Илир Демири информираше на седница на Владата, по што е испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради предизборниот период“, велат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-07-at-09.21.01

Приказната за Срна (3) ја обиколи Македонија: секоја нова сепса ја прави послаба и ја уништува, потребна е итна помош

Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег. По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11мм во левото бубреже. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување. Ова го сведочат нејзините мајка и татко."Драги луѓе,После сите направени напори од семејството на нашето мило девојче му треба вашата помош. Приказната на Срна започнува со висока тт што слабо реагира на антипиретици, болки во стомакот, повраќање и омалаксаност. Првично е примена на Детска Клиника за респираторни болести Козле но според резултатите од крвната слика и урината не препраќаат на Детска Клиника со суспектна уринарна инфекција. Како итен случај ја хоспитализираат, но не на одделот за Нефрологија (бидејќи немаше место), туку на одделот за Ендокринологија. Одма започнуваат со антибиотска терапија. Поради анамнестички податок дека јадела сладолед, уринарната инфекција се заборава и ја лекуваат под сомнение дека се работи за Салмонела (иако сите понатамошни испитувања се негативни бидејќи е веќе на антибиотска терапија).Деновите поминуваат Срна не се опоравува... На наше инсистирање се зема нова урина која што дава многу лош наод. Деветтиот ден веќе се вклучува детски нефролог и добива соодветна терапија. Процесот на прибирање документи за ФЗОМ е спор и трае а Срна нема време...секоја нова сепса ја прави уште послаба и уништува дел од нејзините бубрези и тело. Драги луѓе, немаме друго чаре освен да бараме помош од вас. Ве молам, доколку сте во можност, донирајте и/или споделете го овој апел за нашето Срно-Зрно да си има нормално детство. Со почит, Трајче Панов и Васка Цветаноска Панова, родители на Срна"Донираните средства ќе бидат искористени за сегашниот престој во болница (за лекување на сепсата), контролите, новите прегледи (Магнетна Резонанца со анестезиолошка припрема, Ехо, Цистографија), и на крај оперативниот зафат за отстранување на каменот и хидронефрозата.Средствата потребни за овие интервенции ќе чинат најмалку 922.500,00 денари.Донациска сметка во банка: 210501614179280 - Васка Цветаноска ПановаIBAN: MK07210501614179280Swift code: TUTNMK22

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири: Ги прифаќаме препораките, ДСЗИ да спроведува контроли

Министерството за здравство ја информира јавноста дека министерот за здравство, д-р Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис). Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца.Вакцинацијата против голема кашлица во Република Северна Македонија се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од 4четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци.Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.Вакцината против голема кашлица на препорачанатa возраст на доенчињата го намалува ризикот од сериозна форма на болест.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пратенкот Здравковски: Пациенти од велешката болница вртат во Брза помош, нема кој да им помогне!

„Граѓаните го изгубија правото на здравствена грижа во болниците.Тотален хаос и целосен распад на системот доживува нашата држава под владеење на СДС и ДУИ.Фрапантна и згрозувачка е информацијата што ја добивме пред неколку дена, а што се случила пред месец и половина во велешката болница.На 22.01.2024 година, пациент во неподвижна состојба со шипки на рацете и ‘рбетот, паднал од болничкиот кревет на физикалното одделение во велешката болница и повеќе од 2 часа не добил помош од персоналот на одделението иако безнадежно ги повикувал. Во таква беспомошна состојба пациентот успеал да го дофати својот мобилен телефон и да се јави на бројот 112 за да повика брза помош. Тие пристигнале, но никој не успеал да ги слушне и не им отвориле. Бидејќи повикот се прекинал и мислеле дека пациентот е во критична состојба биле принудени заедно со болничкото обезбедување, да ја разбијат вратата на одделението за да влезат и да му пружат помош на пациентот.Нели е срамота? Дали има во оваа држава барем малку морална и човечка одговорност? Дали функционерите имаат морална и човечка одговорност? Очигледно е дека господа од СДС и ДУИ дека ве интересираат само бизнисите и криминалните зделки, но како барем малку не се засрамите и да поведете грижа за граѓаните.Малку ли беше што го продадовте и го пониживте овој народ, му ги ускративте и основните човекови права, правото на движење, го заробивте во сопствената држава, но зарем луѓе од болничките кревети треба да се јавуваат во брза помош за да добијат основна нега.Зошто повеќе од еден месец се крие и воопшто не е решен случајот? Дали и овој пат сакате да го сокриете случајот исто како она со градинката кога негователка им даваше електронска цигара на мали дечиња?Како пратеник и граѓанин од Велес, од овде ги повикувам сите надлежни институции, веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај. Згрозен сум од помислата дека и на други одделенија во државата се случува истото ова и многу животи се доведени во прашање.Почитувани,За многу кратко народот ќе си ја врати државата и во оваа држава ќе има систем на вредности, меѓутоа и систем на одговорност. За многу кратко народот ќе ја збрише оваа одродена власт и ќе ја испрати во историјата затоа што никогаш не било полошо!“, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и пратеник

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-02-22-at-13.26.18

Мехмедовиќ: 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје

на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за медиумите информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.„Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа се' уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро. Од 18.01 до 29.02.2024 година по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини. Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.Тој истакна дека она што Комисијата реши да го препорача е да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките.„Следната препорака беше да се овозможи тестирање на територијата на целата држава за пертусис коешто ќе биде спроведувано од Центрите за јавно здравје. Досега таква можност немаше, во другите градови претежно се работеше микробиолошко култивирање коешто е поврзано со изолацијата на пертусисот, меѓутоа сега да се овозможи и ПЦР технологија која ќе биде достапна и на останатите граѓани во државата, за да можат нивните материјали да се обработуваат во локалните Центри за јавно здравје“, посочи Мехмедовиќ.Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.„Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат. Во однос на останатите препораки кои се разгледани, беше разговарано и за тоа дали е завршено со набавката или до каде е набавката на вакцините за возрасни. Знаете дека Комисијата донесе препораки за вакцинирање на возрасни. Информацијата која што ја добивме од Комитетот за имунизација е дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни“, рече Мехмедовиќ.

Македонија | пред 1 година

Fadil-Cana

Хаос ќе биде ако сите се тестираат за голема кашлица, возрасните не се ризични, вели д-р Цана

Голем број на заболени од голема кашлица може да се утврдат доколку населението масовно се тестира, смета д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката. Но додава дека возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години. Според него, хаос ќе биде ако тргнат сите да прават тестови.„Имал кашлица која не била постојана, а пациентот немал друга клиничка слика, па направил тестирање на Институтот и имал претусис. Возрасните луѓе не се ризична категорија за која треба да се грижиме. Ако го тестираме целото население ќе биде хаос и бројките ќе бидат и поголеми од предвидените. Целта на Комисијата за заразни болести е да се заштитат децата под две години. Засега, вкупно само 12 случаи се од Нова година наваму, прегледани и потврдени и последниот случај од вчера, кој е суспектен, но не е потврден резултатот - но клинички нѐ насочува на тоа“, рече Д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката.Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана.

Македонија | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Засилени контроли ќе има во градинките - децата кои не се вакцинирани ни под разно не смеат да бидат примени

Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за Заразни болести, кажа дека тие решиле ДСЗИ да ја засили контролата врз градинките, за да се види дали се примаат деца кои не се вакцинирани.Потоа, Комисијата донела одлука да препорача во вакциналните пунктови, задолжителна да биде електронската евиденција за да има подобар преглед на децата кои се вакцинирани.„Во однос на останатите препораки, беше разговарано и за тоа до каде е набавката на вакцини за возрасни, а информацијата која ја добивме е дека на 15 март се очекува да стигнат првите вакцини за возрасни“, рече Петличковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Аортата препознаена како посебен човечки орган

АОРТА, главна и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет - таа е препознаена како посебен човечки орган.„Тоа е голем чекор“, изјави Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот.Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако тој е дефиниран како таков во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS).Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, пооптимален од сега па натаму.Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.„Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебно медицинско поле. Треба да се поврзе со други слични области на медицината“, објасни Черни, директор на болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, изјави Черни.Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.

Магазин | пред 1 година

272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

Пациент паднал од болнички кревет, два часа никој не му помогнал, ќе понесе ли некој одговорност за ова?!, прашува доктор Лазаров

Пациент паднал од болнички кревет, а немало кој да го крене цели два часа, па помош барал на 122 во Центарот за управување со кризи. Ова го раскажа директорот Стојанче Ангелов за СДК, а доктор Ненад Лазаров повика на одговорност.„Секој еден од нас ни можел да биде во тој кревет, ова е навистина дно што го прочитав. Паднал од кревет повреден и неподвижен ВО БОЛНИЦА и морал на брза помош да врти бидејќи 2 часа никој не се појавил да му помогне да не лежи на под! Дали и кој сносел одговорност за ова?“, вели Лазаров.Претходно, Ангелов раскажа: „Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош“

Македонија | пред 1 година

rd2fdB5

Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред

Министерот за здравство д-р Илир Демири во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца и приоритет треба да им се даде на пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.„Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое *миџинг* техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.Во вестите, Демири информираше дека веќе разговарал со директорот на „Мој Термин“ и се договориле листа на чекање да биде објавена во „Мој Термин“.„И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен. Ќе овозможам колегите оператори, хирурзи кои сакаат дополнителна пракса да може да работат и дополнително, но не на сметка на овие кои се комплетно покриени од Фондот за здравство. И нешто друго со што мислам дека ќе се согласи целата јавност за приватни пациенти ќе има една категорија независно дали се државјани на Македонија или доаѓаат од Сиднеј да се лекуваат тука. Значи тие ќе бидат приватни пациенти. Мислам дека меѓународно право вака ќе биде задоволно, како нашите граѓани кои одат по странство да се лекуваат, па плаќаат приватно и не се дискриминирани со нивните државјани. Ова е многу важно, јас повеќе сум за промоција на нашите стручњаци отколку за промоција на цени. Имаме доста квалитетни стручњаци кои може да повлечат пациенти тука и да одиме кон развој на медицински туризам“, изјави Демири.

Македонија | пред 1 година

428623098_800540118769539_314609684081319362_n-1

Нови грант проекти за три здравствени установи од Јапонска амбасада

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада.Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:„Со особена чест денеска присуствувам на церемонијата за потпишување нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство.Во оваа прилика, сакам да истакнам дека показател за одличната соработка која ја негуваме со Јапонија и јапонската амбасада се бројните реализирани проекти во областа на здравството и вредните инвестиции кои досега се реализирани во над 70 јавни здравствени установи низ целата држава.Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. Уверен сум дека успешната соработка ќе продолжи со уште позасилено темпо во иднина“, изјави Демири.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1-1

„Клиника кажала дека Леонид не може да се лекува, ФЗО тврди дека може - конзилијарно има“, Андоновски ја обвини Манолева дека лаже

Здравствените власти го отворија прашањето дали Леонид Индов има конзилијарно мислење за да му се одобрат пари за лекување, а заменик-правобранителот Јован Андоновски тврди дека го поседува и од него се гледа дека Клиниката кажала дека нема услови за негово лекување. Изјавата на заменик-министерката за здравство Маја Манолева која кажа дека не е побарано мислење од соодветна институција, според Андоновски е лага.„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот! Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината‼️ ФЗО - во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас, НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша заменик-правобранителот Јован Андоновски.Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјава се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик – министерката за здравство Маја Манолева вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.„За детето за кое и вчера и денес се дискутира, родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи“, кажа меѓудругото Манолева.

Коментари | пред 1 година

panovski-bekjarovski

Зошто здравството нѝ „цвета“: Да провериме да нѐ имаме гинисов рекорд во промена на директори на Токсикологија

За лошата состојба на здравството освен пациентите, зборуваат и докторите. Тие постојано алармираат на недостатоците и бараат нивна санација. Воедно, посочуваат и за лошите услови во кои работат. Единствено што добиваат се ветувања за подобри денови, како пациентите така и докторите. За пет години, сменети се и четири министри.„Во периодот од 16 февруари 2019 до 16 февруари 2024 година, имав чест да работам со 'само' 4 различни министри за здравство од 3,5 партии и 'само' 5 различни директори на УК токсикологија од 4,5 партии. Ако не Ви беше јасно зошто јавното здравство нѝ “цвета" можеби сега ќе Ви стане појасно“, напиша доктор Нико Беќаровски.На ова се надоврза и доктор Пановски.„Ако продолжи праксава професоре, еден вработен кај вас на клиниката 2019 година, за 40 години работен стаж ќе смени 30 министри и 40 директори. Сега за сега да се провери ова со 5 директори во 5 години дали е Гинисов рекорд, па да се "афирмираме" меѓународно како држава“, коментира доктор Никола Пановски.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања