Промени тема
Контакт

Нови грант проекти за три здравствени установи од Јапонска амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
428623098_800540118769539_314609684081319362_n-1

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Со особена чест денеска присуствувам на церемонијата за потпишување нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.

— реклама —

Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.

— реклама —

Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство.

Во оваа прилика, сакам да истакнам дека показател за одличната соработка која ја негуваме со Јапонија и јапонската амбасада се бројните реализирани проекти во областа на здравството и вредните инвестиции кои досега се реализирани во над 70 јавни здравствени установи низ целата држава.

— реклама —

Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. Уверен сум дека успешната соработка ќе продолжи со уште позасилено темпо во иднина“, изјави Демири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryka2t2gmj2ko84bJ5iGI

Лекар започнува штрајк со глад, обвинува за дискриминација откако трипати бил одбиван на оглас: Солиден специјализант си, но стар си

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
doktor

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Хаос во јавното здравство: 1.822 тужби за неисплатени дежурства, ноќни смени и прекувремена работа

Македонија | пред 4 месеци

media-library2reqo5k0mgkq1taD7Dy

Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања