„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

здравство

IMG_4159

Хирург од Воена болница: Не знам како на друг начин да го опишам ова освен лудило

Ортопедски хирург во Општа градска болница - Скопје, 8-ми септември Скопје (стара Воена болница), Александар Каревски, алармира дека 10 дена има хаос во здравството откако салите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се вон функција. Тој бара да се спасат пациентите и предлага решение, а потоа да се бара кој е крив.„10 дена хаос, неодговорност и не знам како на друг начин да го опишам ова освен лудило. 10 дена се бара кој е крив а проблемите никој никој не ги решава. Сакате решение? Пратете инструментарки, материјали и останат среден персонал од клиниките кои немаат сали затоа што и ние сме виртуозно изменаџирани па ние "секундарната" 8ми Септември ќе ги згрижиме пациентите.Ставете го стационарот на клиниките на наше располагање за веќе оперираните пациенти за кои не треба кислород и ќе имаме места.Спасете ги пациентите а после барајте си кој е крив. А важно е да се најде кој е крив, само да не ви треба огледало за истото?Морам да ги спомнам и колегите од Св Наум Охридски кои се на истиот удар и колегијално со нас се договараат и успеваме некако да издржиме“, напиша доктор Каревски.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-05-27-at-20.24.30

(Видео) Новинарите добија нов колега-министерот за здравство наместо одговори имаше прашања

Илир Демири, министерот за здравство, по една недела молк излезе на прес конференција за да каже зошто се затворени хируршките сали во Клинички центар.Не лоцирајќи конкретна одговорност, Демири ја откри професијата која најмногу му лежи.Наместо да одговара на новинарски прашања за колапсот и хаосот, тој се обиде да им го земе лебот на новинарите. И тој, иако е предложен од политичка партија за министер, не ја научил основната лекција дека треба да одговараат на прашања кои се од интерес за јавноста, а не да се расправа и да им поставува прашања на новинарите?Па, на секое нивно прашање имаше контра-прашање.Не му беше јасно и побара одговор зошто би ја сменил економската директорка, Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која протестираа лекарите од оваа Клиника.„Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработила тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени”, ги праша министерот новинарите.Од нив бараше одговори до каде е изградбата на Клинички центар, болницата Штип, модуларните болници.Ги подучи новинарите:„Драги мои новинари, бидете коректни, не се занимавајте со цевки во парното, занимавајте се со суштински работи. Не се занимавајте со луѓето кои се оставени без леб, туку кој ги остави без леб. Спротивно поставете ги прашањата”.Се налути и зошто податоците од ДСЗИ ги добиваат новинарите пред министерот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4153

Министерот Демири во одбрана на директорката на Токсикологија

Откако на денешната прес конференција Министерот Демири најави разрешување на директори на клинички беше запрашан дали ќе ја разреши и организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази, околу која последните месеци се низа скандали.,,Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали.”, рече Демири.,,Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го прекрши законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали.”, рече Демири.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Треба да лечиме или да баеме?! Матичните доктори добија мејлови со намалување на сумата од капитација за терапија, алармира Дервишова

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова алармира дека за време на викендот кој измина, здравствените власти решиле да ја намалат сумата за капитација во два дела во однос на препишана терапија, која ја земаат матичните доктори. Таа бара итна промена на буџетот.“За викендов матичните доктори добија мејлови со намалување на сумата од капитацијата и за делот на хронична тетапија и во делот за антибиотици и анксиолитици!!! Дали треба не квалитетно да лечиме,дали треба да баеме!!! Под итно да се смени буџетот за лекови за матични доктори!!! Огромен дел од лековите кои ги пропишуваме се по препорака од специјалисти,антибиотици,анксиолитици и се друго.Не смее само нас да ни се крати за работење“, напиша Чолакова-Дервишова па додаде:„Дали знаете колку проблеми има народов??? Ние сме доктори За нас на прво место е здравјето на нашиот народ!!! Дали се слушаме??? Под итно да се донесе промена на буџет на Управен на ФЗОМ,кој ќе важи ретроградно од почеток на годината!!! Со месеци има некоја сува кашлица кај пациентите која трае по три недели и како да ја лекуваме ,со волшебно стапче??? Кили направија луѓето од кашлање!!! Огромен број влезови,нема блокирани болници,еден тон разводи,фамилијарни проблеми,животов не им е розов на луѓево и мора терапија да примаат за да го издржат притисокот на времето и животот!!! Чекаме одговор…“

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

„Многу сум загрижен за нефунцкионирањето“ - кислородната мрежа на Клинички ќе се проверува дел по дел

Дел по дел треба да се испитува кислородната мрежа во Клиничкиот центар, за да се утврди од каде доаѓа смрдеата која стига до салите за операција. Ова го кажа министерот за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека е многу загрижен и бидејќи нема бекап.„Огромна мрежа е, треба да се испита дел по дел. Јас сум многу загрижен за нефункционирањето. Иако тешките случаи ќе се интервенираат, со помош на надворешните компресорски единици ставени во КАРИЛ. Јас не сум министер четири години туку два месеци, го правам максимумот за да го решам проблемот. Ги имам сите ресурси ангажирано, и дадов налог без разлика на цената да се реставрира целата компресорска станица“, рече Демири.Тој кажа дека би ги разрешил сите директори на Клинички центар, а имаше и забелешка на бројот на директори.

Македонија | пред 1 година

IMG_4150

Разрешен Шокаровски од директорската фотелја на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во систем, лоши меѓучовечки односи меѓу песоналот

Разрешен медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, таму и натаму има нарушени меѓучовечки односи.„170 лица не биле внесени во Мој термин. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот директор Шукаровски. Крајно нарушените меѓучовечки односи е втората причина за ваквата одлука. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам, за наредниот министер.. Таму треба директор да биде експерт од надвор“, рече Демири.Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.Доктор Шокаровски дојде на местото на кардиохирургот Јовев.?si=-HrzpIYbwG1A6xGp

Македонија | пред 1 година

IMG_4149

Смрдеата низ станиците за кислород на Клинички присутна: не се знае која е причината, необјасниво е што се случува

Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека 8-9 дена има проблем со кислород станиците во Клиничкиот центар кои се користат при оперирање на пациенти. Не знаат од каде доаѓа проблемот. Присутна е миризба, а за Демири е необјасниво што се случува и која е причината за проблемот. Тој јавил и во Обвинителството да проверат за што станува збор.„Некаде пред 30 години се градени, точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до влегување на улје во тие цевки, па тој компресор е изваден од финкција, Клиниката функционираше со два компресори, имаше технички преглед од независни фирми. Хибербарната комора ја извадивме од функција. Побарав од менаџерите да поднесат барање за сервисирање на компресорите“, рече министерот и додаде:„Пред 8-9 дена имаше исти проблем, без да има хаварија во системот, едноставно има лоша миризба во дистрибутивната мрежа на кислород. Ги повикавме независните фирми, спроведоа испитување, а во Северна Македонија нема лиценцирана компанија за лиценцирање за квалитетот на испорачување на гласови. Побаравме странска компанија и испратени се мостри во Германија. Од двете компании не нашле никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага. Препорачаа промена на филтри во компресорските станици“.Според Димири, ќе се користат надворешни компресори се додека не се најде конкретно решение за постоечките кои ги има Клинички.

Македонија | пред 1 година

IMG_4068

ДСЗИ: Договорите на нововработените се само со потпис од Иљази

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) откри дека договорите за вработување на 18 лица на Клиниката за токсикологија се неважечки, што претставува прекршување на Законот за здравствена заштита. Министерството за здравство ја задржува надлежноста да го реши проблемот и да утврди соодветни активности.„Што се однесува до потпишувањето акти на самата клиника од страна на медицинскиот и организацискиот директор, кои имаат заедничка надлежност, децидно стои во Законот за здравствена заштита дека договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни набавки. Во овој случај станува збор за договори за вработување кои се потпишани само од организацискиот директор“, вели директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.Таа вели дека извршиле контрола на Клиниката откако на 2 мај издадоа решение во кое се забрани пристап на здравствени работници и работници кои немаат важечки договори за вработување и извршување здравствена дејност.

Македонија | пред 1 година

toksikologija

Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и економската директорка Бесија Иљази

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири го разреши директорот на Токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка, Албанката Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која неодамна протестираа лекарите од оваа клиника, меѓу кои и со звање професор и примариус. Демири ја оствари својата закана дадена пред да завршат изборите и Токсикологија ја остава во несредена состојба.Од министерството за здравство само кусо соопштија дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.Директорот Петровски потврди дека е информиран од правната служба за неговото разрешување но не сакаше да даде изјава. Вели дека ќе го чека образложението на решението пред да даде било каков коментар. Не ја исклучува можноста да е разрешен бидејќи дежурал на Клиниката во период кога е на одмор а тоа го сторил исклучиво поради недостиг на кадар.Бесија Иљази ја остави Клиниката за токсикологија без биолог и без осигурување (имаше хаварија поради поплава од пукната парно цевка) поради што токсиколошката лабораторија работи незаконски, само со еден лаборант, но тоа не беше причина да биде разрешена. Оваа состојба не е ни констатирана од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Бројот на заразени од голема кашлица се намалува, минатата недела пријавени 27 нови случаи

Институтот за јавно здеавје во новиот извештај објави дека во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани 27 нови случаи на голема кашлица.Ова е намалување од 41,3 проценти во однос на претходната недела. Најголем дел од заразените се во Скопје, а нивната возраст се движи од еден месец до 54 години. Најголемиот број случаи се регистрирани кај деца од 10 до 14 години.Четворица од новопријавените 27 случаи на голема кашлица се хоспитализирани.Заклучно со 25 април, како што стои во извештајот на ИЈЗ, пријавени се вкупно 516 случаи на голема кашлица досега.Од заболените, хоспитализирани се 73 лица, а 59 од нив се на возраст до четири години.„Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето, за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12. недела. Од 12. недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува“, се вели во извештајот на ИЈЗ.Во периодот од 18 јануари до 25 април годинава, аплицирани се 42 857 дози вакцини против голема кашлица.Се намалува и бројот на заразени со грип.Од 15 до 21 април 2024 во земјава биле пријавени 120 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела.Најголем број од заболените се во Гостивар – 55, Неготино – 20 и Скопје – 15.Заклучно со 21 април, во земјава вакцинирани се вкупно 61.826 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Македонија | пред 1 година

fxoyu3dbh5snp0ruirfk

Дон Кихот конечно го напушта оклопот: д-р Беќаровски заминува од Токсикологија

Доктор Нико Беќаровски од Токсикологија во објава на ФБ навести го напушта јавното здравство и дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија.„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот, конечно, го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, напиша Беќаровски.Ова се случува откако зовре состојбата на климиката и тој вчера на прес-конференција заедно со уште пет доктори од стручниот колегиум на токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар.Тие посочија дека тас саксла да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, меѓу нив и лица без соодветно образование.Беќаровски, откри шокантен податок дека болничар, вршел притисок врз лаборант, урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, но лаборантот не прифатил.За образованието на Иљази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.Министерот за здравство, Илир Демири, најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и на економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.Директорката не говори македонски јазик, на работа доаѓа со нејзиниот татко.Деновиве таа излезе и на прес-конференција,но не даде одговор на македонски јазик, по што новинарите си заминаа.Граѓаните се револтирани и велат дека нема да има кој да ги лекува.,,Тешко на народот.Ќе не лечи Баба Рада на ТВ!Сите доктори што вредат заминаа”, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 година

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерот за здравство ги обвини специјализантите за политичка мотивираност, а на Онкологија нема лекари и со часови се чека терапија

Денеска 400 приватни специјализанти ангажирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не дојдоа на работните места во клиниките. Ревилторани се од нивниот нерешен статус и од изјавата на министерот за здравство Демири кој го поврза протестот со политиката.,, Ако бевме политички мотивирани до сега ќе бевме вработени, како што се случува деновиве на повеќе клиники каде без задршка во предизборие се примаат секакви кадри, а дури и се назначуваат нови економски директори со кои министерот се фотографира на Фејсбук”, велат специјализантите.,,Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија што треба да не мотивира за ние да си ги бараме основните човекови права кои ни се загарантирани со Устав.Јас лично немам ниедна книшка од политичка партија. Единствената книшка што ја имам дома е крводарителската на која што пишува „нулта позитив“. Штрајкот ќе го продолжиме додека не помине седницата на Влада и додека Министерството за здравство не излезе со официјално известување што е одлучено на таа седница, а после тоа ќе разговараме со колегите и ќе одлучиме што ќе правиме понатаму”, вели Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант.Граѓани така ја изразија својата поддршка за соецијализантите, се жалат дека на Онкологија нема доволно доктори, глетката е страшна, полни чекални каде со часови се чека да се прими хемотерапија.,, На Онкологија е ужас, луѓето чекаат со часови за да дојдат до хемотерапија, а некои влегуваат преку ред. Дајте нека ги вработат овие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе? Дајте да се направи барем нешто за овие млади луѓе да ни останат тука. Како да останат? Како и народов да остане тука кога ќе нема доктори, ќе нема ништо? Малку доктори има на Онкологија, но треба нови да се примат. До каде отидовме? Многу е жално ова што се случува во нашата држава. Два милиони народ не можеме да се организираме. Срамота е, 21 век е, светот до вештачка интелигенција дојде, возбуденаби револтирана вели ќерка на онколошка пациентка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3448

Министерство за здравство: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.-Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.-Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.Деветвалентните ХПВ вакцини ќе бидат достапни од следниот месец во сите вакцинални пунктови во државата.-По повод воведувањето на новата вакцина, искрени честитки за напредокот на државата кон остварувањето на долгорочните стратешки цели од „Агендата 2030“. Вклучувањето на момчињата во процесот на вакцинација, нè приближува сите до посакуваното зголемување на опфатноста со ХПВ вакцина во Северна Македонија од околу 90%. Воедно, голема, искрена благодарност и до новинарите, чија улога и помош во обликувањето на јавното мислење високо ја цениме. Ви благодариме што сте наши партнери на патот кон подобро здравје за сите, рече д--р Ане Јохансен, специјална претставничка на Светската здравствена организацијаСе проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

Македонија | пред 1 година

IMG_3387

Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија и Црна Гора

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар.На билатералните средби се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат земјите во здравствениот сектор, можностите за обезбедување финансиска одржливост на здравствените системи, зајакнување на превенцијата на болести, како и за продолжување на соработката, посебно во делот на едукација и професионализација на сестрите и акушерките.

Македонија | пред 1 година

IMG_3372

Манолева: Република Македонија едногласно прифатена како 12-та членка на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денеска се обрати на 10-от Состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа кој се одржува во Лимасол, Кипар.Таа потенцираше дека пристапувањето кон Европската Унија е главен двигател на земјата, која полека, но стабилно прави чекори во усвојувањето на реформите на ЕУ.„Република Северна Македонија е цврста во својата посветеност на заедничките напори на Иницијативата за мали земји при СЗО во европскиот регион. Со здружување на силите со нашите ценети партнери, имаме за цел да ја искористиме споделената експертиза и ресурси за да го зајакнеме нашиот капацитет за промоција на здравјето, превенција на болести и испорака на квалитетна здравствена заштита. Уверена сум дека приклучувањето на Република Северна Македонија во Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа не само што ќе ги унапреди напорите за здравствена заштита на нашата нација, туку и ќе поттикне колективен стремеж кон постигнување на универзална здравствена заштита и подобри здравствени резултати за сите“, истакна Манолева.На денешниот состанок со 11 министри на земјите членки на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, Република Северна Македонија беше едногласно прифатена како 12-та членка на оваа Платформа.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања