Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доктори од Кардиохирургија му го возвратија ударот на министер во заминување: Лиферува безброј лаги!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4246

,,Реакцијата е поради наводите изнесени во јавноста во вчерашната емисија WIN- WIN, на која беше гостин техничкиот министер за здравство во заминување, д-р Илир Демири, во која беа лиферувани безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на клиниката за кардиохирургија.

Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството со што се доведуваат во општа опасност животот и здравјето на граѓаните на РСМакедонија. Имено командната одговорноста за нефункционирањето на хируршкиот блок на клиничкиот центар, кој претставува срцето на здравствениот систем, е во рацете на човекот за чија стручност и професионалност сите беа информирани кога како раководител на КОВИД центарот во време на пандемија Македонија заврши на неславното 4-ро место во Европа и 6-то место во светот по бројот на смртни случаи.

— реклама —

Зарем на овој човек ќе му се дозволи со давање на паушални и своеволни субјективни судови, со кои ја доведува во прашање стручноста, капацитетот и многугодишното образование на малкумината специјалисти кои пожртвувано, свесно и одговорно го даваат и последниот атом од својата сила за да им помогнат и да ги лекуваат најтешките случаи за кои навидум нема спас, притоа запоставувајќи ги своите семејства, своето здравје и жртвувајќи го своето слободно време, да предизвика непоправлива штета.

Со злоупотреба на својата позиција како министер, се служи со секакви методи познати во некои други општествени уредувања за да дисциплинира исклучителни професионалци. Тој го доведува во прашање кредибилитетот на образовниот систем, медицинскиот факултет и сите професионални здруженија на лекари.

— реклама —

Ја напаѓа програмата на владата за кардиоваскуларни болести преку која во нашата институција дошле да ги споделат своите искуства врвни професионалци како Проф. Омер Џемаили, кој е сега директор на одделот за Кардиохирургија во Цирих, Швајцарија, Д-р Петар Ристевски кој е негов заменик, Проф. Светозар Путник, директор на клиниката за кардиохирургија во универзитетската клиничка болница во Белград, Проф. Слободан Мичовиќ, директор на институтот за кардиоваскуларни заболувања - Дедиње во Белград,Проф.Иван Кнежевиќ,директор на хируршки блок при КБЦ - Љубљана Проф. Марек Ерлих, шеф на универзитетската клиника АКХ во Виена, Проф. Теодосиј Биздас, врвен експерт во ендоваскуларната хирургија од реномираниот центар Оназис во Атина. Судејќи според неговата стручност и експертиза се сомневаме дека воопшто слушнал за овие центри и нивните достигнувања.

— реклама —

Очигледно мотивиран од други цели спротивни на хуманоста, грижата за здравјето и животот на граѓаните, а опкружен со луѓе кои се наоѓаат на дното на стручноста и професионалноста, неговиот порив е да се предизвика неповторлива штета на јавното здравство со непромислените и невистинити изјави, како и дејствија планирани во јавноста. Уште еднаш повикуваме релевантните институции задолжени за заштита на законитоста, животот и здравјето на граѓаните да реагираат согласно нивната надлежност. Го повикувам целиот еснаф, министерството за здравство и образование каде има се уште професионалци кои си ја знаат својата работа. Истовремено го повикуваме медицинскиот факултет при УКИМ, кој е директно нападнат со овие наводи, да излезат и да се произнесат. Неговите закани кои секојдневно ги слушаме во јавноста нема да не поколебаат да ја докажеме вистината, да го одбраниме професионалниот и одговорен однос.

Времето ќе покаже и докаже на која страна е вистината.

— реклама —

Почитувани граѓани, ние сме професионалци кои ќе продолжат како досега да се грижат за вашето здравје и вашиот живот, и покрај сите актуелни случувања и по сите напади врз нашата стручност, бидејќи ние имаме морална и професионална одговорност кон сите вас.

Res, non verba (ДЕЛА, НЕ ЗБОРОВИ).”, изјавуваат од Стручен колегиум на ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања