Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Матичните лекари се жалат за изречените казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
bolnica-lekari-napad

Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој нема да биде казнет.

- Втор проблем е што сите извештаи од специјалистички прегледи и слично се бараат од матичните лекари. Тоа е еден голем трошок за нас, а парите што ги добиваме не се зголемуваат, што ни претставува проблем во функционирањето. Според нашите анализи, за да опстанеме, потребни ни се многу повеќе пари. Има многу заминувања на здравствен кадар, тешко се наоѓаат медицински лица. Ние сме спремни за работа електронски, хартијата да ја исфрлиме. Лекарите совесно си ја вршат професијата, понекогаш и на сопствена штета, само и само секому да се даде лек. А има недостиг на лекови. Решенија во корист на здравството многу бавно се носат. Апелираме тоа да биде побрзо. Кога подолго време не наидовме барем на знаци дека нешто ќе се подобри, решивме да обрнеме внимание дека сме во лоша ситуација - рече доктор Љубомир Стефановски, матичен лекар и член на Управен одбор на здружението и потпретседател во Лекарска комора за примарна здравствена заштита.

— реклама —
— реклама —

Доктор Анкица Станоевска, специјалист по семејна медицина, рече дека дури ни катедрата по семејна медицина, за жал, досега од Министерството, како специјализација по семејна медицина, воопшто не била признаена.

— реклама —

- Се ветуваше дека ние како специјалисти по семејна медицина ќе имаме поголеми ингеренции во однос на нашите пациенти, во однос на давање лекови и издавање дијагностички процедури. Меѓутоа, тоа сѐ уште не е сторено. Затоа матичните бараат средба со правните служби, за промена на правните регулативи што доведуваат до вакви небулози - подвлече таа, нагласувајќи дека бараат и промена на казнените политики со кои се соочуваат, а како што истакна, работат во корист на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

doktor

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Хаос во јавното здравство: 1.822 тужби за неисплатени дежурства, ноќни смени и прекувремена работа

Македонија | пред 2 месеци

media-library2reqo5k0mgkq1taD7Dy

Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Нема недостиг од лекови и терапија на Клиниката за хематологија, тврди Министерството

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања