„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

здравство

Нема фотографија

Министерството им врати на специјализантите кои ќе протестираат: Секогаш се залагаме за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти

Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.Ве информираме дека по средбата со нив, е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период.Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти.

Македонија | пред 1 година

DSC_0696

Поради дефект на еден од компресорите два дена одложен беше елективниот програм, а не итните случаи, проблемот е саниран

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите во тек на два дена беше одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар.Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ.Компресорската станица требала да биде променета уште пред 3 години. Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени.Апелираме јавноста да се информира исклучиво од Министерството за здравство, а информациите да не се злоупотребуваат од политичките партии со цел собирање на политички поени.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приватните специјализанти најавија штрајк од 15 април

,,И покрај одржаниот протест на приватните специјализанти , на ден 27.03.2024 и остварената средба со Министерот за Здравство д-р Илир Демири, одржана на 02.04.2024 сеуште не се исполнети нашите барања. На средбата со Министерот за Здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со Министерот се одржани две седници на Влада и тоа на ден 03.04 и 09.04.2024, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања.Поради тоа ние, приватните специјализанти сме приморани да го направиме следниот чекор , а тоа е пристапување кон ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК од 15 Април, кој ќе трае се до исполнување на нашите барања.”, известија приватните специјализанти.

Македонија | пред 1 година

lekari-715x420

Демири: Го зајакнуваме здравствениот систем, вложуваме во нови лекови, инфраструктура, опрема и се грижиме за медицинскиот персонал

Министерот за здравство д-р Илир Демири истакнува дека откако стапил на функцијата министер за здравство посветено се работи на зајакнување на здравствениот систем.„Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со Светската здравствена организација, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани. Фокусирани сме на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата.Минатата година се воведоа шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза за првпат примија лек. Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата. Нека ни е честит Светскиот ден на здравјето!“ истакнува Демири.

Македонија | пред 1 година

IMG_3329

Манолева: Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството

,,Светскиот ден на здравјето–7 април традиционално претставува можност да зборуваме за предизвиците во здравството, да ги сублимираме реализираните инвестиции во здравствениот систем, како и заеднички да ги разгледаме аспектите на идниот развој на здравството во нашата држава.Во оваа прилика сакам да упатам благодарност до Македонското лекарско друштво за поканата заеднички да го одбележиме Светскиот ден на здравјето.Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува еден од столбовите на секој здравствен систем.Со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со СЗО, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани.Во насока на продолжување на успешната соработка со Светската здравствена организација, вчера беше потпишан и двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и СЗО за 2024 – 2025 година.Посебно сме фокусирани на зајакнување на превенцијата и рано откривање на заболувањата - тука би го споменала успешното спроведување на скрининзите за рано откривање карцином на дојка и на грло на матка. Во рамки на Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања од годинава почнуваме и со активности за организирана скрининг колоноскопија, со идентификување на пациентите со просечен ризик за колоректален карцином на возраст од 50 до 75 години.Исто така, организираме бесплатен скрининг за две илјади пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување.Како што знаете, актуелен предизвик со кој се соочуваме е зголемување на опфатот со вакцинација и за таа цел заедно со фелата, деновиве потпишавме заедничка Декларација за поддршка на вакцинацијата, со цел зајакнување на институционалната поддршка на процесот на вакцинација и континуирано спроведување заеднички активности за нејзина промоција.Во оваа прилика сакам да истакнам и други новини од областа на здравствената заштита, реализирани во претходниот период – минатата година се воведени шест нови лекови за ретки болести, а годинава се воведуваат уште четири нови лека.Само за споредба, во 2009 година буџетот за ретките болести изнесувал околу 25 милиони денари, а денеска изнесува 950 милиони денари. Ова е показател за посветеното вложување во третманот и лекувањето на ретките болести.Само во сегментот на нова медицинска опрема, изминатиот период е иницирано двојно зголемување на буџетот за набавка на опрема од 2,6 на 5 милиони евра.Во делот на инфраструктурни вложувања, сакам да потсетам дека веќе е потпишан договор за формирање нов Ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија.Меѓу позначајните инвестиции изминатата година се и отворањето нов дијагностички центар на Клиниката за пулмологија, реновирана хируршка сала на Универзитетската клиника за ортопедски болести, отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија во тетовската болница, а за потсетување пуштена е во употреба и комплетно нова поликлиника во Сарај.Во делот на дигитализација на здравствените услуги, успешно е имплементирана и се користи мобилната апликација „Мое здравје“, веб платформата „Е-здравство, како и можноста за електронско поднесување барање за електронски извод од матична книга на родените.Како што споменав, ова се само дел од бројните инвестиции кои се реализирани во здравствениот сектор изминатиот период. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата.На крај, уште еднаш сакам да упатам благодарност до Македонското лекарско друштво и канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, со кои заеднички, традиционално го одбележуваме овој ден.”, изјави заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-6270PM

Во Скопје се стабилизира состојбата со голема кашлица, во другите градови бројот на заболени се зголемува

Комисијата за заштита од заразни болести денеска одлучи да не препорача нови мерки за сузбивање на големата кашлица, остануваат истите препораки кои важат за целата држава.И натаму во градинка можат да престијуваст само деца со примени три дози од ДиTеПер вакцината. Останува и условот ревакцината да биде примена во рок од шест месеци.„Центрите за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба и доколку има значаен пораст, самите центри пријавуваат епидемија за регионот што го контролираат”, велат од Министерство за здравство.Во Скопје, состојбата полека се стабилизира, а бројот на регистирани со пертусис надмина 300. Загрижува податокот што во последните денови најголем број регистрирани се бебиња.Внимателно се следи состојбата со голема кашлица во Куманово, каде има зголемување на пријавени заболени.Центарот за јавно здравје во Куманово прогласи епидемија на пертусис со регистрирани 23 случаи кои се на возраст од 4 месеци до 60 години.Надлежните препорачуваат и апелираат на масовна вакцинација.

Македонија | пред 1 година

IMG_3323

Манолева: Кумановската болница се залага за инвестиции во човечки капитал

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово кадешто во изминатите неколку години реализирани се бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови - инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал.„Со поддршка од Министерството за здравство изграден е и пуштен во употреба нов Хируршки ургентен центар, граѓаните секојдневно добиваат здравствени услуги од областа на хирургија, ортопедија, анестезија и радиодијагностика. Со наша соработка изградена и пуштена во употреба е котлара на гас со што затоплувањето на установата е решено целосно со гас и со тоа е намалено загадувањето“, рече Манолева.Оваа установа, исто така годиниве е зајакната со нов современ рентген апарат, нов современ мамоград, ендоскопски столб, најсовремен 128 слајден компјутерски томограф и ехотомографски апарат.Од сопствени средства на болницата набавена е нова опрема за патолошка лабораторија и целосно е обновена апаратурата на одделот за физикална медицина.Кумановската болница важи за установа која силно се залага за инвестиции во човечкиот капитал. За неколку години реализирани се вработувања на 199 лица, а за седум години упатени се 35 доктори на специјализација во различни области.

Македонија | пред 1 година

IMG_3320

Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО

Министерството за здравство, д-р Илир Демири, заедно со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година.Министерот Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.Показател за нашата континуирана и успешна соработка се бројните проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Во оваа прилика би сакал да изразам искрена благодарност до регионалниот директор на СЗО, д-р Ханс Клуге, за континуираната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем во Северна Македонија, како и за постојаната поддршка од канцеларијата на СЗО во Скопје во спроведување бројни активности, рече Демири.Во своето излагање, министерот посочи дека Северна Македонија е земја со аспирации кон Европската унија, и токму затоа се стремиме кон исполнување на сите обврски коишто произлегуваат од процесот на пристап кон ЕУ, како и исполнувањето на глобалните и регионални обврски, посебно на целите за одржлив развој на Обединетите нации, европската програма на СЗО за здравје 2021 – 2025 и патоказот за Западен Балкан.Во своето излагање, регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, честитајќи му на министерот за одличната соработка досега, изрази решеност за за продолжување на соработката и во иднина.„Презедовме низа активности за да ги зајакнеме управувачките функции на Министерството за здравство. Многу сум горд на тие активности, бидејќи се од заеднички интерес. Ви се заблагодарувам за поддршката при успешното спроведување на здравствените политики на одржлив начин, Северна Македонија е пример за целиот регион на Западен Балкан.“Министерот Демири истакна: „Во изминатиот месец откако сум назначен на позицијата министер за здравство, еден од моите главни приоритети е токму одржувањето континуитет во спроведувањето на овие активности“.Потпишувајќи го двогодишниот договор за соработка, министерот Демири и регионалниот директор Клуге, се заблагодарија за успешната работа и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири и Манолева: Болницата Св.Еразмо во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот

Министерот за здравство, д-р Илир Демири заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева денеска ја посетија Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде изминатите неколку години се реализирани бројни инвестиции во нова медицинска опрема, инфраструктурни проекти, како и континуирано зајакнување на кадарот.Една од најзначајните инвестиции во нова опрема е апаратот за магнетна резонанца во вредност од 1.2 милион евра, обезбеден со поддршка од Европската унија. Исто така, преку ИПА проектот набавени се повеќе апарати во вредност од 150.000 евра и тоа: апарат за артроскопија, ЕЕГ-ЕМГ апарат, ЕХО апарат стационарен и мобилен, пациент монитори, како и апарати за физикална терапија. Покрај вложувањето во нова опрема во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита, оваа установа е пример и за континуирано зајакнување на кадарот. Само во изминатите неколку години се реализирани вкупно 73 нови вработувања, потенцираше министерот Демири по средбата со раководството на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.Заменик министерката д-р Манолева истакна дека во установата е реализирана и реконструкција на постојниот базен за физикална терапија во вредност од 125.000 евра, како и доопремување со хидрауличен лифт, кади за физикална терапија и апарат за крио терапија во вредност од околу 40.000 евра.Овие проекти се реализирани со поддршка од Центарот за Југозападен плански регион, Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа. Во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид се вработени вкупно 221 лице, а во моментот девет доктори се на специјализација. Во болницата се реализираат над 1.600 хируршки интервенции и над 65.000 амбулантски прегледи на годишно ниво, рече Манолева.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид.Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување на нивото на здравствена заштита, рече министерот Демири.Со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во зздравствената установа.Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите, изјави заменичката Манолева.Со цел подостоинствени услови за пациентите и вработените, потпишан е договор за поправки, санација на објектот „Маларична“ со примена на дограма, фасада, кров и партерно уредување. Исто така, спровена е постапка за санација на објектот амбуланта Белчишта во вредност од 7.665.280.00 денари од сопствени средства.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-27-at-17.37.43

Демири и Д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години - младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава.Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана продукција на нови и млади кадри коишто ќе допринесат за зајакнување на здравствениот систем. Младите здравствени работници ќе учат од експерти докажани во својата област по соодветните специјалности со долгогодишно искуство и успех зад себе.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-25-at-23.55.29

(Видео) Глушец снимен како шета на Клиника: Направете место, доаѓа главниот доктор. Кардиологија ве поздравува

Пациент сними како стаорец шета низ ходниците на Кардиологија. Снимката стана вирална веќе два дена, а под неа има разноразни коментари. Дел се критики затоа што станува збор за здравствена установа, а други се исмејување на состојбите во Македонија.„Направете место, доаѓа главниот доктор. Кардиологија ве поздравува“, пишува во еден од коментарите. Друг пак, додава: „Не го закачајте има повеќе предавања ислушано од партиските вработени“.

Македонија | пред 1 година

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Министерот за здравство и медицинските комори им најавија војна на антиваксерите

Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа трите медицински комори:Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје.Вакцинацијата, беше потенцирано е најголема придобивка на човештвото.Состојбата со имунизацијата е незадоволителна, податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација покажуваат дека не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво.,, Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен”, рече Калина Гривчева – Старделова, претседател на Лекарската комора.Министерот за здравство, Илир Демири посочи дека сите доктори во јавното и приватното здравство треба да се вакцинирани и да бидат амбасадори на вакцинацијата, но има доктори што им советуваат на родителите на мали деца да не ставаат вакцина додека детето не прооди и не почне да зборува. Во земјава функционира здружение кое јавно се залага против вакцинацијата.,,Земам јавна обврска да се испита како е засновано тоа здружение на антиваксери и под кои законски принципи функционира. Секоја изјава во медиуми треба да се проследи и да се види точно што стои зад такви антиваксерски кампањи. Не знам законски каква е можноста да се атакува на тие структури, но ако има потреба ќе влијаеме и да се сменат законите со кои ќе се казнуваат сите луѓе кои почнуваат некаква си кампања против вакцинацијата”, изјави Демири.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Демири потпиша заедничка Декларација со Лекарска комора за поддршка на вакцинацијата

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска потпиша заедничка Декларација со Лекарската комора за поддршка на вакцинацијата, со цел зајакнување на институционалната поддршка на процесот на вакцинација и континуирано спроведување заеднички активностите за нејзина промоција.Во своето излагање, тој истакна дека сме сведоци на објавување лажни вести и дезинформации во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот.“Оттаму, неопходно е заеднички да работиме на подигнување на нивото на здравствена едукација кај населението, имајќи предвид дека многу болести се превенирани токму поради вакцинацијата. Епидемијата со голема кашлица со која за жал се соочуваме во моментов е поради невакцинирањето на децата, а можеме да ја сузбиеме преку имунизација на нашите деца”, рече Демири.Тој потсети дека во периодот 2018-2019 година кога беше регистрирана епидемија на морбили заради опаднат опфат на вакцинација од 74 проценти - само во таа година се дадени 41.623 дози вакцини на деца до 14 години и како резултат на тоа е спречено натамошно ширење на епидемијата.“Во насока на подигнување на свесноста и афирмирање на имунизацијата, Министерството за здравство, во соработка со УН партнерите, спроведе неколку кампањи за информирање на родителите за важноста од вакцинацијата. Од двете реализирани кампањи „Од врата до врата“ над пет илјади деца се вакцинирани или закажани за термини вакцинација и повеќе од 13 илјади едукативни материјали се поделени, како за рутинска, така и за ковид вакцинацијата. Со потпишување на заедничката Декларација формираме поширок фронт за поддршка на вакцинацијата, одржување континуитет на активностите и потенцирање на важноста на имунизацијата. Наша заедничка цел е заштита и унапредување на здравјето на граѓаните и само заеднички - со здравствената фела можеме да ја реализираме оваа цел”, рече Демири.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Младите лекари изреволтирани излегуваат на протест - повик упатен и до нивните колеги

Младите лекари излегуваат на протест. Тие, во среда на 27.03 во 11 часот ќе бидат пред Министерството за здравство, каде ќе бараат достоинствени плати.„Достоинство за младите лекари!Нашите помлади колеги решија повеќе да не молчат и јавно преку протест да го изразат својот револт од односот на здравствените власти кон нив. Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост го поддржува протестот на младите колеги и АПЕЛИРА до секој оној колега кој сака подобар статус да дојде и излезе на овој протест!“, велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања