Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пратенкот Здравковски: Пациенти од велешката болница вртат во Брза помош, нема кој да им помогне!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

„Граѓаните го изгубија правото на здравствена грижа во болниците.

Тотален хаос и целосен распад на системот доживува нашата држава под владеење на СДС и ДУИ.

— реклама —

Фрапантна и згрозувачка е информацијата што ја добивме пред неколку дена, а што се случила пред месец и половина во велешката болница.

На 22.01.2024 година, пациент во неподвижна состојба со шипки на рацете и ‘рбетот, паднал од болничкиот кревет на физикалното одделение во велешката болница и повеќе од 2 часа не добил помош од персоналот на одделението иако безнадежно ги повикувал. Во таква беспомошна состојба пациентот успеал да го дофати својот мобилен телефон и да се јави на бројот 112 за да повика брза помош. Тие пристигнале, но никој не успеал да ги слушне и не им отвориле. Бидејќи повикот се прекинал и мислеле дека пациентот е во критична состојба биле принудени заедно со болничкото обезбедување, да ја разбијат вратата на одделението за да влезат и да му пружат помош на пациентот.

— реклама —

Нели е срамота? Дали има во оваа држава барем малку морална и човечка одговорност? Дали функционерите имаат морална и човечка одговорност? Очигледно е дека господа од СДС и ДУИ дека ве интересираат само бизнисите и криминалните зделки, но како барем малку не се засрамите и да поведете грижа за граѓаните.

Малку ли беше што го продадовте и го пониживте овој народ, му ги ускративте и основните човекови права, правото на движење, го заробивте во сопствената држава, но зарем луѓе од болничките кревети треба да се јавуваат во брза помош за да добијат основна нега.

— реклама —

Зошто повеќе од еден месец се крие и воопшто не е решен случајот? Дали и овој пат сакате да го сокриете случајот исто како она со градинката кога негователка им даваше електронска цигара на мали дечиња?

Како пратеник и граѓанин од Велес, од овде ги повикувам сите надлежни институции, веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај. Згрозен сум од помислата дека и на други одделенија во државата се случува истото ова и многу животи се доведени во прашање.

— реклама —

Почитувани,

За многу кратко народот ќе си ја врати државата и во оваа држава ќе има систем на вредности, меѓутоа и систем на одговорност. За многу кратко народот ќе ја збрише оваа одродена власт и ќе ја испрати во историјата затоа што никогаш не било полошо!“, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и пратеник

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања