Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Клиника кажала дека Леонид не може да се лекува, ФЗО тврди дека може - конзилијарно има“, Андоновски ја обвини Манолева дека лаже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Untitled-1-1

Здравствените власти го отворија прашањето дали Леонид Индов има конзилијарно мислење за да му се одобрат пари за лекување, а заменик-правобранителот Јован Андоновски тврди дека го поседува и од него се гледа дека Клиниката кажала дека нема услови за негово лекување. Изјавата на заменик-министерката за здравство Маја Манолева која кажа дека не е побарано мислење од соодветна институција, според Андоновски е лага.

— реклама —

„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот! Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината‼️ ФЗО - во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас, НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша заменик-правобранителот Јован Андоновски.

— реклама —
— реклама —

Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјава се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик – министерката за здравство Маја Манолева вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.

— реклама —

„За детето за кое и вчера и денес се дискутира, родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи“, кажа меѓудругото Манолева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања