Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мехмедовиќ: 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2022-02-22-at-13.26.18

на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за медиумите информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.

— реклама —

„Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа се' уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро. Од 18.01 до 29.02.2024 година по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини. Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.

— реклама —

Тој истакна дека она што Комисијата реши да го препорача е да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките.

„Следната препорака беше да се овозможи тестирање на територијата на целата држава за пертусис коешто ќе биде спроведувано од Центрите за јавно здравје. Досега таква можност немаше, во другите градови претежно се работеше микробиолошко култивирање коешто е поврзано со изолацијата на пертусисот, меѓутоа сега да се овозможи и ПЦР технологија која ќе биде достапна и на останатите граѓани во државата, за да можат нивните материјали да се обработуваат во локалните Центри за јавно здравје“, посочи Мехмедовиќ.

— реклама —

Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.

„Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат. Во однос на останатите препораки кои се разгледани, беше разговарано и за тоа дали е завршено со набавката или до каде е набавката на вакцините за возрасни. Знаете дека Комисијата донесе препораки за вакцинирање на возрасни. Информацијата која што ја добивме од Комитетот за имунизација е дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни“, рече Мехмедовиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 4 дена

media-library7qn05d28as93cH9cpU6

Лекарската комора: Не смее да има генерализација на одговорноста кај докторите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryc732or5a7ngu5dmjMJV

„Фали терапија“ пред Министерство: Пациентите со ретки болести бараат континуитет, од институцијата велат нема недостинг на лекови

Македонија | пред 5 дена

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања