Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3320

Министерството за здравство, д-р Илир Демири, заедно со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година.

Министерот Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.

Показател за нашата континуирана и успешна соработка се бројните проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Во оваа прилика би сакал да изразам искрена благодарност до регионалниот директор на СЗО, д-р Ханс Клуге, за континуираната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем во Северна Македонија, како и за постојаната поддршка од канцеларијата на СЗО во Скопје во спроведување бројни активности, рече Демири.

— реклама —

Во своето излагање, министерот посочи дека Северна Македонија е земја со аспирации кон Европската унија, и токму затоа се стремиме кон исполнување на сите обврски коишто произлегуваат од процесот на пристап кон ЕУ, како и исполнувањето на глобалните и регионални обврски, посебно на целите за одржлив развој на Обединетите нации, европската програма на СЗО за здравје 2021 – 2025 и патоказот за Западен Балкан.

Во своето излагање, регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, честитајќи му на министерот за одличната соработка досега, изрази решеност за за продолжување на соработката и во иднина.

— реклама —

„Презедовме низа активности за да ги зајакнеме управувачките функции на Министерството за здравство. Многу сум горд на тие активности, бидејќи се од заеднички интерес. Ви се заблагодарувам за поддршката при успешното спроведување на здравствените политики на одржлив начин, Северна Македонија е пример за целиот регион на Западен Балкан.“

— реклама —

Министерот Демири истакна: „Во изминатиот месец откако сум назначен на позицијата министер за здравство, еден од моите главни приоритети е токму одржувањето континуитет во спроведувањето на овие активности“.

Потпишувајќи го двогодишниот договор за соработка, министерот Демири и регионалниот директор Клуге, се заблагодарија за успешната работа и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

doktor

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Хаос во јавното здравство: 1.822 тужби за неисплатени дежурства, ноќни смени и прекувремена работа

Македонија | пред 2 месеци

media-library2reqo5k0mgkq1taD7Dy

Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Нема недостиг од лекови и терапија на Клиниката за хематологија, тврди Министерството

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања