Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗДРАВСТВО

detska-klinika-1

При пожар во Детската клиника, нема да гасне на повисоките катови, сведочи директорот

Ако има пожар во Клиниката за детски болести, нема да може да се изгасне на повисоките катови, посочува директорот д-р Реџеп Мемеди, кој сведочи дека во оваа здравствена институција многу работи се амротизирани и ризични за пациентите. Па така, според Мемеди, кујната каде што се спрема храна е со инвентар стар над 20 години, а треба од неа да се хранат бебиња и деца, па праша: „Дали тоа е безбедно?“„При пожар, ќе нема притисок за вода за гаснење на високите катови. Лифтовите се стари 40 години, пациенти одат по скали“, додаде Мемеди.Кога го прашаа дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, тој топката ја префрли кај другите институции. Смета дека во моментов се води кампања против него и Клиниката, а откако бебиња починаа при лекување. Таму имаше вкупно три смртни случаи во изминатиов период.„Сакаа да прикажат дека додека јас директорувам, за три месеци, има голема стапка на смртност. Но, сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години“, додаде тој.Сподели и фотографии од кои се гледа лошата состојба на клиниката.

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период, рече Таравари

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри“, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.„Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на Националната комисија за скрининг на рак на дојка“, рече министерот.

Македонија | пред 1 година

operacija-1

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор - извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Министерството за здравство известува дека во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор.Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, велат од МЗ.- Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.„За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи. Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот“, додава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-115913

(Видео) Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника Жан Митрев

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување, велат од Клиниката.Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина, соопштија од Клиниката.

Македонија | пред 1 година

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

За вакцинација за сезонски грип досега пријавени над 61 илјада, вакцинирани над 19 илјади граѓани

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.„Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани. Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи“, соопшти Министерството за здравство.„За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Kozle-1

Директорката на „Козле“ за случајот со 14-месечното бебе: Нема лекарски пропуст

Д-р Каролина Симоновска – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај.Како што кажа директорката, Комисијата не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пациентот во „Козле“, објави Фокус.Според неа во клиниката „Козле“ е преземено се во третманот на детето.Пациентот бил веднаш прифатен во Клиниката „Козле“, биле направени бројни анализи, бебето било поставено на терапија според интерните протоколи на клиниката, било мониторирано и под кислородна поддршка, вели директорката и додава дека поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, било препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.

Македонија | пред 1 година

taravari1

Таравари очекува дека ќе се разбуди свеста кај менаџментот на „Козле“: Ако не веруваат на извештајот, нека си направат свој, лекарски пропусти има

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ да се разбуди свеста и да бидат преземени чекори за случајот со починатото 14-месечно бебе.Таравари вели дека со правната екипа во Министерството ги имаат разгледано сите можности што на нив им се на располагање.„Ќе дадеме се што треба официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, рече Таравари.Таравари вели дека одлуката, времено да се отстранат двајцата доктори од Детската клиника, е добра и оти се надева дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на болницата во Козле.Министерот смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една четвртина од нив, според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.За набавка на биолошката терапија минатата година биле одобрени речиси 21 и пол милиони евра. Иако има зголемување за двојно на средствата за оваа намена, тие не се доволни.„И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата. Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54.423 утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, се вели во ревизорскиот извештај.Иако од лани се изготвени и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, односно KATO системот исто така се уште не е во функција. За негова набавка се дадени околу 162 илјади евра, а лани биле детектирани проблемите.„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.Министерството за здравство годинава спровело тендер за набавка на делови потреби за да се стави системот во употреба, но не била поднесена ниту една прифатлива понуда.Ревизорите откриле и дека клиниката во 2023 година примила донирани лекови вредни над половина милион евра кои ги немало во финансиската евиденција.

Македонија | пред 1 година

Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Доктори од Клиниката за детски болести отстранети од работа: констатирани пропусти во лекувањето на 1 годишното девојче

Констатирани се пропусти во лекувањето на 14-месечната Руа Сулиси, сооптија од Клиниката за детски болести.„Врз основа на Извештазот на Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство на РСМ во врска со случајот на починатото 14 месечно дете Руа Сулиси, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од 333 и чл.30 од Статутот на J3 Универзитетска клиника за детски болести-Скопіе, в.д директорот на J3 У Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 год. донесе одлука за формиране Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдуванье на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 год“, велат од Клиниката и додаваат:Истовремено директорот на Универзитетската Клиника за детски болести- Скопје донесе Решение за времено отстрануваье на двадцата здравствените работници- доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-133251

Лекарската комора чека решение од Таравари со кое точно ќе се прецизира кој е одговорен во случајот со починатото бебе

„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.“, велат од Лекарската комора.„Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење:Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен.Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни“, соопшти Лекарската комора.

Македонија | пред 1 година

detska-klinika

Се проверува дали имало лекарска грешка при лекувањето на починатото девојче на Детската клиника

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација“, велат од Министерството за здравство и додаваат:„Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало.Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита.Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-13.15.54

Едногодишно девојче почина на Детска клиника: таткото сведочи дека три дена одбивале да го задржат детето на лекување

Девојче кое имало 14 месеци почина на Клиниката за детски болести утринава. Смртта е пријавена во полиција, откако родителот кршел низ болницата, по дознавањето на трагичната вест. Родителот според „Слободен печат“, бил дециден дека трипати ја носел сега починатата ќерка, но оттаму не сакале да ја хоспитализираат и додава: „Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато“.Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Од МВР посочуваат дека имало интервенција од нивна страна.„Во 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., информира МВР.За мртвото девојче ќе се бара обдукција.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: Докторите од приватното повторно ќе можат да се вратат во јавното здравство

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лека“, посочи министерот за здравство Арбен Таравари.„За 100 дена Влада се укина постоењето економски директори, што значи заштеда за здравствениот систем. Во тек е мерката 300 плус 300 за вработување во јавните здравствени установи во дефицитарните области, која се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на годинава, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.Во првите 100 дена се прошири позитивната листа со 9 генерици или 87 лека, во различни форми, јачини и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните“, рече Таравари.„Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија, набавена е апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од милион евра.Во Поликлиника Идадија во рами на Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца, кој претставува врв во дијагностиката“, додаде министерот.Тој и натаму стои цврсто позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години, а тоа е две катни гаражи на Клинички, но и спојување на скопските клиники во еден центар со кој ќе раководи еден или неколку директори.„Моментално, на Клинички центар има 800 паркинг места, вака би имало над 1.600 места за паркирање, што мислам дека ќе биде многу порелаксирано за сите кои работат и кои доаѓаат како пациенти во Клиничкиот центар. Процедурите не можеме да ги забрзаме. Мораме да се придржуваме на сите законски норми. Ќе се обидеме целиот процес да биде што потранспарентен и што побргу да ја завршиме постапката. Барем, ако можеме, од почеток на идната година да се користат катните гаражи“, рече Таравари.Таравари откри дека Владата ја тргнала забраната од претходната власт, за докторите да не можат да се вратат од приватно во државно здравство. Според него тоа е чекор напред за да да се подобрат здравтвените услуги.„Од август 2022 година имаше забрана да не можат од приватни болници да се вработат во државни. Пред три недели го поништивме ова. Сега подготвуваме правилник во Министерството… Јас разговарав со 10 такви лекари, врвни стручњаци, тоа се кадри што гледаат надеж во јавното здравство. Ова е добар чекор, се надевам дека идната година ќе продолжиме со такви доктори кои покажуваат интерес да се вратат во јавното здравство“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-6480PM

Годинава нема да проработат сите операциони сали на Клинички: Почеток на идната година ќе има нова компресорска станица

И со преполовени операциони сали, докторите добро се снаоѓаат на Клиниката „Мајка Тереза“. Ова е ставот на министерот за здравство, Арбен Таравари, кој посочи дека се уште не знае дали едната пријавена фирма ги исполнува условите. До крајот на годинава, нова компресорска станица нема да има.„Почеток на идната година се надевам дека ќе има нова станица“, рече Таравари.Тој најави дека ќе се бара чаре за да се поправи и старата, која би била резерва на Клиниката.

Македонија | пред 1 година

DSC_0696

Само една фирма заинтересирана за да инсталира станица за компримиран воздух во хируршките сали

,,Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: "Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денес,12.09., изврши јавно отворање преку ЕСЈН.Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка.”, соопштија од Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања