„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

зеленски

1681115444_zelenski

Масовен напад во Украина: Над 40 загинати, 180 ранети

Најмалку 41 лице загина, а 180 се ранети во руски ракетен напад врз украинскиот град Полтава, изјави претседателот Володимир Зеленски.Тој на видеото рече дека руските сили го погодиле градот со две балистички ракети, оштетувајќи ја зградата на Институтот за комуникации.

Свет | пред 1 година

1681115444_zelenski

Зеленски: Русија истрела повеќе од 100 ракети и проектили за време на денешниот напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска Русија истрелала повеќе од 100 ракети и 100 беспилотни летала за време на нападот врз Украина.Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор“, рече Зеленски на Телеграм.Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“, објави Ројтерс.Русија синоќа лансираше неколку десетици беспилотни летала камикази кон Украина, а утрово изврши масовен напад со крстаречки и балистички ракети, објавија претходно украинските медиуми.Експлозите се слушнале во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.Украинските власти соопштија дека најмалку четири лица загинале и дека дел од Украина останал без струја, а на некои места исчезнала и водата.Од друга страна, украинските сили денеска го нападнаа рускиот град Саратов, кога беспилотно летало удри во повеќекатната станбена зграда во Саратов, која е на околу 450 километри од границата со Украина.Во таа прилика една жена е тешко повредена.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Зеленски: Тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува „тешката, но силна“ одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември.„Украина му е благодарна на претседателот Бајден за неговата непоколеблива поддршка на борбата за слобода на Украина, која заедно со силната двопартиска поддршка во Соединетите Американски Држави беше и останува клучна“, објави Зеленски на социјалната мрежа Х.Тој потсети дека во последните неколку години беа донесени многу важни одлуки кои ќе останат запаметени како храбри чекори што ги презеде претседателот Бајден како одговор на предизвикувачките времиња.„Украина му е благодарна на претседателот Бајден за неговата непоколеблива поддршка на борбата за слобода на Украина, која заедно со силната двопартиска поддршка во Соединетите Американски Држави беше и останува клучна“, објави Зеленски на социјалната мрежа Х.Ја почитуваме и денешната тешка, но силна одлука на претседателот Бајден“, изјави украинскиот претседател.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-07-20-at-09.50.29

Детали од разговорот меѓу Трамп и Зеленски: Поранешниот американски претседател вети дека ќе стави крај на војната во Украина доколку повторно победи на изборите

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја „заврши војната“ меѓу Украина и Русија доколку победи на претседателските избори во ноември во САД.„Како и вашиот следен претседател на САД, ќе донесам мир во светот и ќе ставам крај на војната која чинеше толку многу животи“, напиша републиканскиот претседателски кандидат на својата платформа „Truth Social“.Трамп често тврдеше дека би можел многу брзо да го прекине конфликтот во Украина по неговото враќање на власт, но никогаш не кажал како би го постигнал тоа.Неговите чести пофалби за рускиот претседател Владимир Путин, како и неговите критики кон другите земји членки на НАТО, предизвикаа загриженост кај западните сојузници на Украина.Соединетите Американски Држави на Џозеф Бајден се убедливо најголемиот донатор на воена помош за Киев, а победата на Доналд Трамп може да ја загрози секоја идна помош и со тоа да ја ослаби позицијата на Украина на бојното поле.Зеленски го потврди телефонскиот разговор, при што му честиташе на милијардерот за официјалната кандидатура за претседателски кандидат на Републиканската партија.„Ја подвлечев виталната поддршка на двете партии (републиканската и демократската) и двата дома на Конгресот во заштитата на слободата и независноста на нашата нација“, напиша Зеленски на платформата Х и ја повтори својата осуда за обидот за убиство на Трамп.

Свет | пред 1 година

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Трамп и Зеленски имаат закажана средба

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаат телефонски разговор закажан за денеска, изјавија два добро информирани извори за Си-Ен-Ен.Тоа ќе биде нивни прв разговор откако Трамп ја напушти Белата куќа и доаѓа во време на загриженост во Европа за тоа каква ќе биде политиката на Трамп за војната во Украина доколку победи на претседателските избори во ноември, наведува американската телевизиска мрежа.Изворите наведуваат дека веќе подолго време се водат дискусии за соодветно време за телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски.Зеленски во четвртокот во ексклузивното интервју за Би-Би-Си рече дека ќе биде тешко да се соработува со Трамп доколку тој биде реизбран за претседател на САД, но истакна дека е подготвен да соработува со кој и да стане претседател на САД.Во врска со изјавата на кандидатот на Трамп за потпретседател Џеј-Ди Венс дека „не му е грижа што ќе се случи со Украина“, Зеленски рече дека можеби на Венс не му е грижа за Украина, но дека Киев мора да продолжи да соработува со Вашингтон.Украинскиот претседател вчера учествуваше на состанокот на европската политичка заедница во Велика Британија, каде што одржа говор, а претходно се сретна и со британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека Велика Британија ќе и дава помош на Украина се додека е потребно и вети помош од три милијарди фунти.Трамп повеќепати изјави дека може да ја реши украинската војна за еден ден, потсетува Си-Ен-Ен.Во минатомесечната дебата на Си-Ен-Ен со американскиот претседател Џозеф Бајден, Трамп рече дека условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировен договор што ќе вклучи Украина да отстапи четири територии анектирани од Русија се „неприфатливи“.Минатата недела за време на престојот во САД, Зеленски рече дека Бајден и Трамп се „многу различни“, но дека и двајцата ја поддржуваат демократијата.„Мислам дека Путин ќе ги мрази и двајцата“, рече Зеленски.Трамп минатата недела се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, втор пат за помалку од шест месеци, откако Орбан ги посети Киев, Москва и Пекинг.Орбан им порача на европските лидери по состанокот дека Трамп е „подготвен да дејствува како посредник за постигнување мировен договор“ меѓу Русија и Украина.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Зеленски се огласи по повод Националниот ден на Украина: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

Претседателот на Украина Владимир Зеленски им порача на Украинците денеска, по повод Националниот празник на Украина, да се борат против „страшниот непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде.„Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да зачува и да преживее. Украина нема да се потчини на злото, ние мора да го победиме“, рече Зеленски на својот профил на X.Според него, оваа битка е борба за независност што ќе ја наследат идните генерации. Украинскиот претседател додаде дека Украина нема да попушти пред непријателот кој, како што наведе, „пролева крв заради сопствената болна самодоверба, кој ја презира вистината – и човечката и божествената – и омаловажува сè освен себеси“.„Русија ја гради својата државност токму на ова, но ние сме различни. Веќе сме одвоени од овој непријател со нашиот дух. Мора да го победиме ова зло“, напиша Зеленски.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Зеленски: Цел свет ги чека изборите во Америка, не ги чекајте

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика американските политички лидери во Вашингтон да не го чекаат исходот од американските претседателски избори во ноември за силно да и помогнат на неговата земја против руската инвазија.„Сите го чекаат ноември. Американците го чекаат ноември, во Европа, на Блискиот Исток, на Пацификот, целиот свет гледа кон ноември и Путин исто така го чека ноември“, рече Зеленски, говорејќи во Институтот Роналд Реган пред самитот на НАТО.„Време е да се излезе од сенка, да се донесат силни одлуки... да се дејствува, а не да се чека ноември или кој било друг месец“, рече украинскиот претседател.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Зеленски е бесен: Украина ќе побара итна средба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со денешните напади на руската армија врз Украина, во кои загинаа најмалку 29 лица, а беше оштетена детска болница.Зеленски посочи дека Украина ќе формира „нова легија“ на полска територија и ги повика сите Украинци кои живеат надвор од земјата да и се придружат.Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека никој не може да зборува за мир во Украина без учество на Киев, додавајќи дека Украина може да смета на поддршката од Полска во нејзината намера да стане членка на НАТО.Зеленски и Туск потпишаа билатерален договор за безбедносни гаранции, што е 21-ви документ склучен во областа на безбедноста меѓу Украина и нејзините партнери.Претходно, Украина веќе имаше потпишано слични договори со САД, Франција, Германија, Канада, Јапонија, Европската унија како институција и други земји.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Орбан пристигна во Киев, ќе се сретне со Зеленски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, објави Ројтерс. Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена откако двајцата разговараа на самитот на ЕУ во Брисел.Британската агенција наведува дека Орбан, кој е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставувал на многу иницијативи на Брисел за поддршка на Украина во одбрана од руските напади.Оваа година, по неколкунеделно противење, Унгарија заедно со другите членки на ЕУ ја поддржа помошта од 50 милијарди евра за Украина. ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина минатата недела.

Свет | пред 1 година

orban-zele

(Видео) Орбан и Зеленски, очи в очи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаа краток разговор на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.На видеото од салата се гледа како Зеленски седи, додека до него стои претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел. Во тој момент им приоѓа Орбан и му ја подава раката на Зеленски. Украинскиот лидер потоа станува и се ракува со унгарскиот премиер.Не се слуша за што точно разговарале Орбан и Зеленски, но од нивните гестови изгледа како емотивно да се вклучиле во разговорот, оценува хрватскиот портал Индекс.За време на разговорот Зеленски дури ја стави раката на рамото на Орбан, додека Орбан мавташе со рацете речиси во текот на целиот разговор.Инаку, Украина во четвртокот потпиша договори за безбедност со Европската унија, како и со Литванија и Естонија, додека Унгарија за неколку дена, од 1 јули, ќе го започне шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија.Од почетокот на руската инвазија, Орбан се позиционираше како еден од ретките е-европски сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, континуирано противејќи се на испраќањето оружје во Киев. Тој, исто така, ја оспори политиката на воведување санкции кон Русија.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Зеленски ненадејно го разреши генералот: „Уби повеќе Украинци отколку руски генерали“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши генерал-полковник Јуриј Содол од функцијата командант на здружените сили на украинската армија. Во понеделникот, украинскиот лидер објави дека Содол ќе биде заменет со бригадниот генерал Андриј Хнатов. Зеленски не понуди причина за отказот на Содол. Содолов беше назначен за командант на здружените сили во февруари.Трансферот дојде откако Бохдан Кротевич, началникот на штабот на бригадата на националната гарда на Азов, на својот канал Телеграм рече дека поднел официјална жалба до Државното биро за истраги на Украина, барајќи истрага за „еден воен генерал кој, според мое мислење , уби повеќе украински војници од кој било руски генерал“.Кротевич не го именуваше Содол, но „Украинска правда“ објави дека нејзините извори потврдиле дека Кротевич „го обвинил генералот за злоупотреба на овластувањата и неспособна команда на трупите, што довело до губење на голем дел од територијата на Украина“.„Кротевич побара истрага за потенцијалната соработка на Содол со Русија. Шефот на кабинетот на Азов, исто така, рече дека е подготвен да сведочи во тој случај“, пишува „Украинска Правда“, повикувајќи се на свои извори. Во објава на Телеграм во саботата, Кротевич напиша дека не му е грижа дали против него е покрената истрага.„Условите во кои моментално се борат бригадите, ќе го кажам ова, се нереално херојство, пред се за војниците, командантите на водовите, четите, баталјоните и бригадите. А нивното херојство е што го содржат непријателот“, напиша тој.Началникот Азов рече дека верува оти започнувањето истрага е „единствената можност да се промени ситуацијата“.„И единственото нешто од што секогаш ќе се срамам е што не го направив тоа порано. Судбината ги фаворизира храбрите, а некои луѓе имаат корист од тоа што повеќето молчат поради страв од последици. Затоа, забележувам дека ова е мое лична одлука и целосно ги прифаќам последиците“, рече тој.Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во САД, во понеделникот објави дека Хнатов служел како заменик командант на јужниот украински театар од 2022 година и одиграл клучна улога во ослободувањето на Херсон.Тој, исто така, командуваше со одбраната на градот Бахмут во областа Доњецк во источна Украина во пролетта 2023 година.

Свет | пред 1 година

zelenski-bajden

Бајден и Зеленски потпишаа десетгодишен безбедносен договор

Американскиот претседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа десетгодишен безбедносен договор меѓу САД и Украина.По потпишувањето, во италијанското одморалиште Борго Игнација, каде што се одржува Самитот на Г7, Бајден рече дека војната во Украина е тест за целиот свет и дали ќе застане на страна на Украина и на „суверенитет и слобода, против тиранијата. “, според Си-Ен-Ен.„САД, Г7 и земјите ширум светот постојано позитивно реагираат на тоа прашање. Повторно ќе кажеме – ќе застанеме покрај Украина“, рече Бајден.Тој додаде дека во моментов сите системи за противвоздушна одбрана што ги имаат САД одат во Украина и дека другите земји кои ја очекуваат истата помош ќе мора да почекаат додека не се задоволат потребите на Украина. Зеленски рече дека ова е „историски ден“ и дека потпишаниот договор е во корист на сите бидејќи Русија е „вистинска глобална закана“.„Ова е договор за безбедност, а со тоа и за заштита на човечкиот живот. Ова е договор за соработка и затоа за тоа како нашите земји ќе станат посилни. Ова е договор за чекори кои ќе гарантираат одржлив мир и затоа сите во светот имаат корист од него“, рече Зеленски.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Бајден ги собра најмоќните луѓе во светот поради Украина

Американскиот претседател Џо Бајден ги предводи најбогатите демократски земји во светот во испраќањето на клучната порака до рускиот претседател Владимир Путин - дека Западот нема да ја напушти Украина и покрај сите глобални политички превирања што фрлаат сомнеж врз посветеноста на сојузниците.Бајден се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Италија на маргините на самитот на Г7 за лично да му го потврди ветувањето дадено минатата недела во Нормандија за одбележување на 80-годишнината од Денот Д.

Свет | пред 1 година

zelenski-solc

Шолц повикува на зајакнување на воздушната одбрана на Украина

На меѓународната конференција за обнова на Украина, германскиот канцелар Олаф Шолц повика на натамошно зајакнување на воздушната одбрана на земјата од руските напади, јавува денеска dpa.Тој ги повика сојузниците да ја поддржат иницијативата на Германија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина „со се што можат“.„Затоа што најдобрата реконструкција е онаа што воопшто не мора да се случи“, рече Шолц на почетокот на конференцијата што се одржа во Берлин. Присутен е и украинскиот претседател Володимир Зеленски.Шолц укажа на можноста за далекусежни и долгорочни обврски за реконструкција во земјата, која беше сериозно оштетена од повеќе од две години скапа војна и години тлее конфликт пред тоа. Канцеларот вели дека ќе се заложи за таква посветеност на претстојниот самит на групата на богати демократии Г7, што започнува во четврток во Италија.Шолц истакна дека Светска банка проценува дека во следната деценија ќе бидат потребни 500 милијарди долари помош за обнова на Украина. Тој ги покани и приватните компании да учествуваат во инвестициите, велејќи дека „со оглед на размерите за кои овде зборуваме, мора да се додаде и приватниот капитал“.Стотици германски компании сè уште активно работат во Украина, а само автомобилските компании во Украина вработуваат околу 35.000 луѓе, нагласи Шолц. И покрај војната, нема намалување на германските инвестиции во Украина, рече Шолц, а обемот на трговијата значително се зголеми откако Русија ја започна својата инвазија во февруари 2022 година. „Сето ова ми покажува дека деловниот сектор е свесен за потенцијалот на Украина“. рече Шолц.

Свет | пред 1 година

volodimir-zelenski1-830x0

Зеленски ги критикуваше светските лидери: Разочаран сум што не дојдоа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што „одредени светски лидери“ не се обврзале да присуствуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија.Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател Џо Бајден.„Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит“, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД.Зеленски имаше „многу добар“ состанок со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска во Сингапур, бидејќи тој се обидува да добие силна поддршка од Западот наспроти рускиот напредок на теренот.Повеќе од сто земји и организации ветија дека ќе учествуваат на јунскиот самит во Швајцарија, рече Зеленски и ги покани земјите од азиско-пацифичкиот регион да се приклучат.Кина во петокот рече дека би било „тешко“ да учествува на овој самит доколку Русија не биде поканета.Средбата меѓу Зеленски и Остин дојде откако украинскиот претседател во петокот го пофали „напредокот“ откако САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за напади на руска територија, под одредени услови.Украина се бори да ја спречи руската копнена офанзива во регионот Харков каде Москва неодамна го направи најголемиот територијален напредок во последните 18 месеци.Во последните денови, Зеленски посети неколку европски земји за да побара поголема воена помош за украинската армија, која се повеќе се бори да се спротивстави на континуираните напади на Русија.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања