Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗЕЛЕНСКИ

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп: Путин се согласи да престане со напади врз Киев и другите градови

„Особено го замолив претседателот Путин да не го гаѓа Киев и другите градови и населби. И тој се согласи. Морам да кажам, тоа беше многу убаво“, рече Трамп на брифинг за новинари, посочувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.Сепак, американскиот претседател не даде детали за тоа кога и на кој начин му го упатил барањето на Путин, ниту од кој датум би требало примирјето да стапи на сила. Неговите коментари следуваа по шпекулации дека Киев и Москва се договориле за привремена станка во нападите на енергетската инфраструктура, иако ниту една страна официјално не потврдила такво нешто.Меѓутоа, украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили во ноќта лансирале над 100 дронови врз Украина, со 18 потврдени удари во различни региони.Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија смета за неприфатливо примирје по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и непотврдени информации дека и руските и украинските сили добиле усна наредба за привремена обустава на напади на енергетската инфраструктура.Според про-кремљански блогер, руските војници добиле забрана за гаѓање на инфраструктурни објекти низ Украина, вклучувајќи ги Киев, термоцентрали, хидроелектрани и складишта за гас, нафта и гориво, со забрана која би траела до 3 февруари. Слична усна наредба, според украински медиуми, наводно била упатена и до украинските сили да не напаѓаат руска енергетска инфраструктура.Тие шпекулации се поврзуваат со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, на кои учествувале и САД. Financial Times пишува дека станувало збор за можно запирање на руските напади врз украински енергетски објекти во замена за воздржување на Киев од удари врз руските нафтени постројки и танкери, но некои украински извори предупредуваат дека конечен договор нема и дека евентуалната пауза би била краткотрајна.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjf6epn3bng7r3MkNoeO

Кремљ е подготвен за средба Зеленски-Путин, но со еден услов

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва ако сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ушаков додаде дека Москва е подготвена да му гарантира безбедност и сите потребни услови за работа на Зеленски.Изјавата следува по подготвеноста на Зеленски да разговара со Путин за два клучни прашања во мирниот процес: територијално решение и иднината на нуклеарната централа Запорижја, која е под руска окупација.Следниот круг дипломатски разговори, во кој учествуваат Украина, Русија и САД, се очекува да се одржи на 1 февруари. Висок американски претставник посочи дека директна средба меѓу Зеленски и Путин, евентуално со учество на Доналд Трамп, „не е невозможна“.Историјата покажува дека досега биле направени повеќе обиди за директни разговори, но Москва често наоѓала причини за одложување. Последната лична средба меѓу Зеленски и Путин се случила во Париз во декември 2019 година, во рамките на Нормандискиот формат, а откако Русија ја започна целосната инвазија во февруари 2022, директни разговори не се воделе.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Крајот на војната ќе зависи од американските безбедносни гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека крајот на војната ќе биде утврден преку договор за безбедносни гаранции од страна на Соединетите Американски Држави.Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјапков, потсети дека ова прашање веќе му било споменато на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Енкориџ. Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин му предложил следниот состанок да се одржи во Москва, но истакна дека најавената иницијатива нема понатамошен практичен развој.Во меѓувреме, Европската Унија воведе ограничена слобода на движење за руските дипломати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека раководството на ЕУ е неспособно да гледа во иднината и порача дека Русија никогаш нема да преговара со министерката за надворешни работи на Естонија, Каја Калас.

Свет | пред 4 седмици

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Донбас во фокусот на разговорите меѓу Украина, Русија и САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, кои денеска се одржуваат во Обединетите Арапски Емирати, ќе бидат фокусирани на статусот на источниот украински регион Донбас.„Прашањето за Донбас е клучно. За него ќе се разговара, како и за моделите, односно за тоа како го гледаат сите три страни“, изјави Зеленски, осврнувајќи се на разговорите што се одржуваат во Абу Даби, каде што Украина испраќа своја делегација.Тој нагласи дека овие разговори ги гледа како можен исчекор кон ставање крај на војната, иако, како што рече, исходот не може однапред да се предвиди. „Ова е чекор, се надевам кон завршување на војната, но можни се различни сценарија“, додаде украинскиот претседател.Зеленски информираше и дека за Донбас разговарал вчера со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Според него, двајцата претседатели во тие разговори ги „финализирале безбедносните гаранции“ за Украина и отвориле прашања поврзани со дополнителни ракети за противвоздушна одбрана, неопходни за пресретнување на руските балистички проектили.„Се надевам на позитивен исход“, порача Зеленски, оценувајќи дека претстојните разговори можат да имаат значајна улога во идниот развој на мировниот процес.

Свет | пред 1 месец

media-library37jn7mv2f7694plOq7M

Зеленски: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е апсурдно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, нивната неодлучност, одолговлекување и потпирање врз Соединетите Американски Држави во клучните безбедносни прашања, вклучително и Украина и Гренланд, објави Би-би-си.Зеленски го започна говорот со споредба со филмот „Бескраен ден“, во кој главниот лик постојано го преживува истиот ден. Тој истакна дека никој не сака да живее така, повторувајќи го истото со денови, недели, месеци и години, додавајќи дека токму така, според него, денес живее светот.Според Зеленски, глобалното внимание во последните денови се пренасочило кон Гренланд, но без јасен одговор што Европа навистина планира да направи. Тој оцени дека повеќето европски лидери сè уште не знаат како да постапат и дека изгледа како сите да чекаат САД да се „оладат“ околу ова прашање и темата едноставно да исчезне.Во продолжение, Зеленски направи паралела со Иран, каде што протестите, како што рече, биле задушени со крв, а потоа повторно се осврна на војната во Украина. Го спомена и случајот со Венецуела, нагласувајќи дека претседателот Николас Мадуро се наоѓа во Њујорк и чека судење, додека рускиот претседател Владимир Путин не се соочува со таква одговорност.Тој ѝ се заблагодари на Европа за замрзнувањето на руските средства, но нагласи дека нивната употреба за одбраната на Украина била блокирана токму во моментот кога тоа било најпотребно. Зеленски изјави дека нема никаков вистински напредок во воспоставувањето меѓународен трибунал за руската агресија врз Украина, и покрај бројните состаноци, прашувајќи дали проблемот е во времето или во политичката волја.Говорејќи за европската безбедност, Зеленски истакна дека Европа мора да биде способна сама да се брани. Тој посочи дека иако некои држави ги зголемиле издвојувањата за одбрана, многу од нив не ги исполнувале ниту сопствените обврски сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не извршил притисок. Запраша каква порака тоа им испраќа на Путин и на Кина, додавајќи дека испраќањето 40 војници за заштита на Гренланд нема да направи никаква разлика и го нарече таквиот потег апсурден.Зеленски додаде дека Украина има капацитет да го брани Гренланд, нагласувајќи дека знае како се води борба во такви услови, но потсети дека тоа би било возможно доколку Украина беше членка на НАТО. Тој повторно предупреди дека Европа се однесува како некој друг да ќе го реши прашањето со Гренланд, додека во меѓувреме, како што рече, рускиот воен механизам продолжува да се движи.Украинскиот претседател ги критикуваше и Европа и САД затоа што не ја спречиле продажбата на компоненти за ракети на Русија, истакнувајќи дека додека Европа и Америка молчат, Путин продолжува да произведува ракети. Тој рече дека му било советувано во разговорите со САД да не спомнува одредени системи за вооружување за да не се расипе атмосферата, додека во Европа, според него, се води бескрајна внатрешна дебата што ја спречува отворената и искрена дискусија за решенијата. Европа, рече Зеленски, наместо да стане вистинска глобална сила, останува убав, но фрагментиран мозаик од мали и средни сили.Тој порача дека американскиот претседател нема да се промени и оцени дека некои европски лидери се „од Европа, но не и за Европа“, предупредувајќи дека позицијата на САД се менува, но дека никој не знае точно како и со која брзина.Говорејќи за можен прекин на огнот, Зеленски изјави дека сè уште не е постигнат договор со САД за безбедносни гаранции, кои ги смета за клучни. Тој праша зошто САД можат да запираат танкери од таканаречената руска флота во сенка и да запленуваат нафта, додека Европа тоа не го прави, иако токму таа нафта што минува покрај европските брегови го финансира руското војување против Украина. Според него, доколку Путин остане без пари, нема да има ниту војна за Европа.Осврнувајќи се на денешната средба со Доналд Трамп, Зеленски рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси подготвени и дека Украина работи искрено и решително, додека Русија мора да стане подготвена да ја заврши агресијата. Тој додаде дека претходните разговори со САД резултирале со испорака на противвоздушни ракети и разговори за заштита на небото, изразувајќи надеж дека Вашингтон ќе продолжи да стои зад Украина.На крајот, Зеленски повика на силна Европа и истакна дека континентот има потреба од независна Украина која еден ден би можела да ги брани и другите. Тој порача дека на Украина ѝ се потребни дела, затоа што од нив произлегува светскиот поредок, нагласувајќи дека без дејствување денес, нема утре, и говорот го заврши со пораката: „Слава на Украина“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп по разговорите со Зеленски испрати порака до Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е јасна – војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски одржани во Давос во четвртокот.Американски и украински претставници веќе со недели водат интензивни дипломатски активности меѓу различни престолнини, во период кога Киев се соочува со засилен притисок од администрацијата на Трамп да обезбеди мировен исход на речиси четиригодишниот конфликт, и покрај ограничените сигнали дека Москва е подготвена да ги прекине борбите.По средбата со Зеленски, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, без да навлезе во детали за содржината. Еден ден претходно тој оцени дека можен договор е „разумно близу“.„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е процес што трае“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека американските пратеници денеска патуваат во Москва на разговори. На прашањето каква порака му испраќа на Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“Зеленски претходно оваа недела најави дека ќе отпатува во Давос само доколку постои можност за потпишување договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат конкретен напредок.Двајцата лидери се сретнале лице в лице приближно шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, отворајќи простор за дипломатија со Русија.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Зеленски во Давос: Средба со Трамп пред клучните разговори Вашингтон–Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Давос во 13:00 часот по локално време, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина. Зеленски веќе пристигнал во Швајцарија пред почетокот на форумот, пренесува АФП.Средбата со Трамп е закажана само неколку часа пред специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, да одржат разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Вашингтон инсистира на постигнување договор за прекин на војната, која трае речиси четири години.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Напад врз Зеленски: „Не е во состојба да се справи со кризата“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одговори зошто не е во состојба да се избори со критичната состојба во енергетскиот сектор во Киев, изјави во разговор за весникот Тајмс пратеникот во Врховната рада, Јарослав Железњак.„Моето прво прашање е упатено кон Зеленски, особено по сите овие корупциски скандали. Имаме пет или шест ситуациски центри за подготовка за руски напад“, изјави тој.Пратеникот потсети дека во главниот град веќе четири години функционира воена администрација поврзана со кабинетот на Зеленски, додека Киев располага со најголемиот општински буџет во земјата.„Русите имаат нова тактика, а јас седам овде на студ“, се пожали Железњак, обвинувајќи за настанатата состојба и Зеленски и градоначалникот Виталиј Кличко.Украинските медиуми пред една недела објавија дека Киев и уште неколку населени места останале во мрак поради вонредни и планирани исклучувања на електричната енергија. Во ноќта кон вторникот, руската армија извршила нов силен напад врз претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, како и врз енергетската и транспортната инфраструктура што се користи за потребите на украинските вооружени сили.Руското Министерство за одбрана редовно соопштува за напади врз вакви објекти, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќепати нагласуваше дека војската не ги избира станбените згради и социјалните установи како цели.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски загрижен дека драмата околу Гренланд ќе го одвлече вниманието на светот од Украина

Украина и Европа треба да создадат заеднички воени одбранбени сили со капацитет до три милиони војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор со новинари одржан преку апликацијата „ВатсАп“. Тој нагласи дека идејата за заедничка армија ја покренал уште минатата година, имајќи ја предвид безбедносната закана од Русија, која, според неговите зборови, планира до 2030 година да располага со околу 2,5 милиони војници.Во истиот разговор Зеленски откри дека Украина добила покана да се приклучи на таканаречениот одбор за мир, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп, која се смета за обид за создавање алтернатива на Обединетите нации. Во ова тело веќе е поканет и рускиот претседател Владимир Путин, што, како што рече Зеленски, за него е тешко замисливо сценарио. Сепак, додаде дека украинските дипломати во моментов ја разгледуваат поканата.Украинскиот претседател изрази и загриженост дека меѓународното внимание кон напорите за мир во Украина би можело да биде засенето од други глобални теми, меѓу кои и прашањето за Гренланд, автономна територија на Данска за која Трамп покажува интерес. Зеленски оцени дека секое намалување на вниманието во услови на војна од големи размери е проблематично, нагласувајќи дека конфликтот во Украина и другите меѓународни спорови не треба да се третираат како заменливи прашања.

Свет | пред 1 месец

a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Зеленски ги отфрли шпекулациите: Украина нема да испраќа војници на Гренланд

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на онлајн-конференција одговори на прашања поврзани со можната улога на украинските вооружени сили на Гренланд, во контекст на сè поизразените американски притисоци врз Европа околу арктичкиот остров.Новинар го праша Зеленски дали Украина би испратила војници на обука на Гренланд доколку тоа го побара Данска, вклучително пилоти или оператори на дронови, како и дали Киев добил дозвола од Европската Унија да купува американско оружје со европски средства, имајќи ги предвид актуелните тензии околу Гренланд.Зеленски изјави дека вториот дел од прашањето не го разбрал целосно, но потврди дека програмата ПУРЛ функционира и дека Украина со средства од Европската Унија набавува оружје од Соединетите Американски Држави, пред сè системи за противвоздушна одбрана.Во однос на евентуално испраќање украински војници, тој нагласи дека Украина води одбранбена војна против руската инвазија и дека сите расположливи сили се ангажирани на фронтот.„Во вакви услови, тоа прашање е излишно. Сите наши сили се насочени кон одбраната на земјата“, рече Зеленски, додавајќи дека такво распоредување не се разгледува, особено затоа што Украина не е членка на НАТО и членството не е на повидок.Изјавата доаѓа во време кога тензиите околу Гренланд се зголемени, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го истакна интересот на САД за контрола врз островот, повикувајќи се на безбедносни причини и потенцијални закани од Русија и Кина. Локалните власти тоа остро го отфрлија, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба и дека за неговата иднина одлучуваат народот на Гренланд и Данска.Зеленски, исто така, повтори дека Украина и Европа треба да размислат за формирање заеднички одбранбени сили, предупредувајќи на најавите дека Русија планира значително зголемување на својата армија до 2030 година. Тој додаде дека нема застој во комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски останува во Киев по жестоките руски напади, Давос во втор план

Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега останува во Киев по масовните руски напади извршени во текот на ноќта и нема да отпатува на Светскиот економски форум во Давос, објави агенцијата Танјуг.Според новинарот на американскиот портал „Аксиос“, Барак Равид, кој се повикува на анонимен украински функционер, Зеленски би заминал во Давос само доколку биде организиран билатерален состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој би се потпишал таканаречен „договор за просперитет“.Равид ја сподели информацијата на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека одлуката украинскиот претседател да остане во земјата е донесена пред сè поради влошената безбедносна состојба.Во меѓувреме, Киев се соочува со сериозни последици од ноќниот напад. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, соопшти дека 5.635 високи згради утрово останале без греење, додека левиот брег на градот и натаму е без водоснабдување, како директен резултат на руските удари.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

„Политико“: Трамп го избегнува Зеленски на маргините на Давос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги избегнува контактите со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос, објави „Политико“, повикувајќи се на свои извори.Според експерти за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски изразува силна желба за лична средба со Трамп, но неподготвеноста за таков состанок доаѓа директно од Белата куќа. Во анализата се наведува дека украинскиот претседател смета оти придобивките од директна комуникација со американскиот лидер ги надминуваат можните ризици, предупредувајќи дека, доколку тој не воспостави контакт со Трамп, тоа ќе го сторат други актери.По последната средба со американскиот претседател кон крајот на декември, Зеленски изјави дека двете страни постигнале целосен договор за безбедносните гаранции за Украина. Во исто време, Трамп пред неколку дена оцени дека Русија е подготвена за склучување мировен договор, додека, според него, Киев го одолговлекува процесот.Во рамки на разгледувањето на мировниот план на САД, на почетокот на декември рускиот претседател Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Иако беа разгледани основите на иницијативата предложена од Вашингтон, не беше постигнат компромис. Путин соопшти дека САД ги поделиле 27-те точки од првичниот план во четири пакети и предложиле тие да се разгледуваат одделно.Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок меѓу претставници на САД и Украина, чија содржина ѝ била пренесена на Москва преку директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.Кон крајот на декември, Трамп и Зеленски одржаа разговори на Флорида, по што американскиот претседател изјави дека е постигнато разбирање за 95 отсто од прашањата. Потоа Трамп телефонски разговараше со Путин, кој го информирал за обид на украинските вооружени сили да ја нападнат неговата резиденција, по што од Москва беше соопштено дека преговарачката позиција е ревидирана.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Украина под нов жесток удар, Киев во мрак, Запорожје на праг на катастрофа

Војната во Украина влезе во 1.424. ден, можности за мир само се најавуваат, а борбите продолжуваат со сериозни предупредувања од претседателот Володимир Зеленски дека Русија подготвува нови масовни напади низ земјата.Во вакви услови е договорено само ограничено и привремено примирје, исклучиво за да се овозможи поправка на последниот резервен далекувод во нуклеарната централа Запорожје.Киев се соочува со најтешката енергетска криза од почетокот на војната. Градоначалникот Виталиј Кличко предупреди дека главниот град располага со едвај половина од потребната електрична енергија, по разорните руски напади врз енергетската инфраструктура.Западната поддршка продолжува. Претседателот на Чешка, Петр Павел, најави дека Украина ќе добие борбени авиони способни за соборување непријателски дронови, додека Велика Британија јасно порача дека нема разговори со Путин, туку фокусот е исклучиво на поддршка на Украина.Во исто време, Кремљ тврди дека сè уште не е утврден датум за средби со американски претставници.Меѓународната агенција за атомска енергија потврди локален прекин на огнот околу Запорожје, но клучното прашање останува: колку долго може да трае овој кревок договор додека војната влегува во уште поопасна фаза?

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

„Киев е проблемот, а не Москва“! Трамп ја префрла вината за застојот во мировните преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Украина дека го кочи мировниот процес со Русија, тврдејќи дека Киев покажува помала подготвеност за договор отколку Москва. Со оваа изјава, дадена во интервју за Ројтерс, Трамп директно се судри со ставот на европските сојузници, кои со месеци предупредуваат дека Кремљ нема искрена намера да ја заврши војната.Од Овалната соба, Трамп порача дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на речиси четиригодишниот конфликт, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски, според него, покажува резерви. На прашањето зошто напорите на САД досега не довеле до мировен договор, Трамп одговори со едно име: Зеленски.Овие изјави повторно ги изнесоа на површина тензичните односи меѓу двајцата лидери, кои со години се движат меѓу отворена недоверба и привремено затоплување. Иако контактите меѓу Вашингтон и Киев се подобрија по враќањето на Трамп на функцијата, американскиот претседател и натаму покажува поголема склоност да им верува на уверувањата од Москва, што предизвикува незадоволство во Украина, Европа и дел од американскиот Конгрес.Истовремено, американските разузнавачки служби продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од своите стратешки цели во Украина и поширокиот регион. Тие проценки, објавени од Ројтерс во декември, беа јавно оспорени од директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, што дополнително ги збуни сигналите што доаѓаат од Вашингтон.По серија неуспешни рунди, разговорите предводени од САД во последните недели се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина по евентуален мировен договор, со цел да се спречи нов руски напад. Во тој контекст, според дипломатски извори, американската страна врши притисок Киев да се откаже од источниот Донбас, што украинското раководство категорично го отфрла.Во преговорите активно учествуваат и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, близок соработник и зет на Трамп. Дел од европските партнери, сепак, изразуваат сомнеж дека Москва би прифатила компромис, дури и ако Киев се согласи на болни отстапки.Трамп изјави дека не бил информиран за можната посета на Виткоф и Кушнер на Москва, за која претходно објави Блумберг. Во однос на можната средба со Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател рече дека е отворен за таква средба, но без конкретен договор.Зеленски, пак, останува на ставот дека Украина нема уставно право да се откаже од ниту еден дел од својата територија, јасно ставајќи до знаење дека компромис на сметка на украинската земја не доаѓа предвид – без разлика на притисоците од Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски се обиде да назначи нов министер за енергетика, парламентот го одби предлогот

Украинските пратеници денеска не го одобрија именувањето на актуелниот министер за одбрана во заминување, Денис Шмихал, за министер за енергетика, што претставува редок пример на критика кон претседателот Володимир Зеленски во чувствителен момент од војната со Русија.Шмихал, кој пет години ја извршуваше функцијата премиер, а минатата година беше префрлен на чело на Министерството за одбрана, беше предложен од Зеленски да го преземе енергетскиот сектор, кој се соочува со сериозни обвинувања за корупција и со постојани руски напади врз енергетската инфраструктура.Последната постојана министерка за енергетика беше разрешена од функцијата минатата година поради корупциски скандал, во кој бил вмешан и нејзиниот претходник.За изборот на Шмихал беа потребни најмалку 226 пратенички гласови, но предлогот доби поддршка од 210 пратеници, додека пратениците од три опозициски партии беа воздржани.Именувањето на Шмихал беше дел од поширока реконструкција на украинската влада, во период кога Киев се соочува со сè посилен руски притисок, а војната со Русија влегува во својата петта година.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања