„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

зеленски

a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам по завршувањето на војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да се повлече од функцијата откако ќе заврши војната со Русија.„Ако ja завршиме војната со Русите, да, подготвен сум да не одам на избори, затоа што изборите не ми се цел. Мојата цел е да заврши војната“, рече Зеленски во видео-интервју за веб-страницата Axios.Тој додаде дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори доколку се постигне примирје.Претседателските избори во Украина требаше да се одржат во 2024 година, но беа одложени поради воената состојба воведена со почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година. И покрај тоа, Зеленски и по повеќе од три и пол години војна ужива високо ниво доверба – според анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија, околу 59% од Украинците имаат доверба во него.Во текот на неделата Зеленски престојуваше во САД, каде што учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека Киев бара ново оружје со долг дострел од Вашингтон.Зеленски во интервјуто порача дека руските функционери треба да знаат каде е најблиското засолниште, доколку Москва одбие да стави крај на војната. На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, предупредувајќи дека „Русија може да користи оружје против кое ни засолниште не би помогнало“.Војната продолжува со редовни руски напади врз Украина со беспилотни летала и проектили, додека Киев возвраќа со дронови со долг дострел, насочени кон воени цели и енергетска инфраструктура.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Зеленски следната недела пак ќе се сретне со Трамп во Њујорк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следната недела во Њујорк ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, на маргините од заседањето на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува Анадолу.Во интервју за украинските медиуми, Зеленски појасни дека клучни теми на разговорот ќе бидат безбедносните прашања, инвестициите и воената соработка.„Средбата со американскиот претседател Трамп ќе се одржи за време на неделата на високо ниво на Генералното собрание на ОН,“ потврди Зеленски.За време на посетата на САД, Зеленски најави и средби со водечки личности од западните технолошки компании и одбранбениот сектор. Осумдесеттото заседање на Генералното собрание на ОН започна на 9 септември, а генералните дебати на кои ќе учествуваат светските лидери ќе се одржат на 23, 27 и 29 септември.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: „Ова не се случајности, Русија мора да почувствува болка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди руското нарушување на воздушниот простор на НАТО во Естонија, нарекувајќи го „скандалозно“ и повика на „одлучни мерки“ против Москва.„Ова не се случајности,“ порача Зеленски во објава на социјалната мрежа Х, потсетувајќи на долгиот список на руските нарушувања на европскиот воздушен простор, меѓу кои Полска, Романија и Естонија, како и наводните мешања во изборни процеси во Романија и Молдавија.Тој нагласи дека е потребна системска реакција:„Мора да се преземат силни дејствија – и колективно и поединечно од секоја држава. Русија мора да ја почувствува сè поголемата болка под притисок на светот, пред сè преку својата економија, а тоа најдобро се постигнува со санкции.“Зеленски додаде дека истовремено е клучно загубите на Русија во војната да продолжат да растат, што може да се обезбеди само со „силна украинска армија“.„Им благодарам на сите што помагаат. Европа, САД, групата Г7 – потребни се силни мерки од сите,“ порача украинскиот претседател.

Свет | пред 3 месеци

bespilotni-letala

Руски дрон 50 минути во НАТО-воздушен простор, дали ова е провокација за ширење на војната?

Романските воздухопловни сили не соборија руски дрон кој во петокот, 13 септември, влезе во воздушниот простор на земјата и таму се задржа околу 50 минути. Инцидентот го потврди министерот за одбрана Јоанут Моштеану за Antena 3 CNN, пренесе The Kyiv Independent.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека леталото навлегло околу 10 километри во длабочина на романска територија за време на руски напад врз Украина. Според него, станува збор за намерна провокација и ширење на војната кон НАТО-просторот.Министерот Моштеану појасни дека дронот бил откриен од радарските системи и дека два ловци F-16 веднаш полетале за да го пресретнат.„Авионите го воочија и беа многу блиску да го соборат, но дронот леташе на многу ниска височина и во еден момент се врати кон Украина“, изјави тој.Од романското министерство за одбрана соопштија дека дронот исчезнал од радарите на околу 20 километри југозападно од селото Чилија Вече и дека не прелетал над населени подрачја, ниту пак претставувал непосредна опасност за цивилното население.Иако Романија има донесено закон што ѝ овозможува на војската да соборува неовластени дронови кои го нарушуваат воздушниот простор во мирнодопски услови, спроведбените правила сè уште не се целосно усогласени.Инцидентот доаѓа само неколку дена по масовниот упад на најмалку 19 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога Полска за првпат со помош на НАТО-сојузниците собори дел од леталата. Зеленски повтори дека Русија свесно ги испраќа дроновите и побара од меѓународните партнери построги санкции и заеднички одбранбен систем за спречување на ваквите напади.Руски напаѓачки дронови од 2022 година повеќепати го нарушиле воздушниот простор на НАТО, вклучувајќи ја Литванија, Полска и Романија, додека Москва редовно ги отфрла обвинувањата за намерно таргетирање на териториите на Алијансата.

Свет | пред 3 месеци

zelenski-putin

Зеленски до Путин: „Во Киев дојди, во Москва не одам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби повикот на рускиот лидер Владимир Путин за преговори во Москва, предлагајќи наместо тоа рускиот претседател да дојде во Киев. Во интервју за ABC News, Зеленски истакна дека не може да патува во главниот град на земја која секојдневно ја напаѓа Украина.„Тој може да дојде во Киев… Јас не можам да одам во Москва додека мојата земја секој ден е под руски напади. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. И Путин тоа го разбира“, изјави Зеленски.Тој додаде дека понудата на Путин ја гледа како обид за одложување на вистински состанок.„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, тогаш предлага нешто што мене или на другите не може да им биде прифатливо“, нагласи украинскиот претседател.Потсетуваме, Путин претходно изјави дека нема намера да патува надвор од Русија за средба со Зеленски, но дека е подготвен да разговара во Москва. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха веќе го оцени овој предлог како „неприфатлив“.

Свет | пред 3 месеци

putin-4124

Путин: Ако Зеленски сака – нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени својот престој во Кина како позитивен и корисен, нагласувајќи дека постигнал клучен договор за проектот гасовод „Силата на Сибир 2“ и дека разговорите со кинеското раководство биле многу продуктивни.„Форматот на овие средби овозможи да разговараме за секоја тема, што е од големо значење“, изјави Путин, додавајќи дека гасоводот ќе создаде конкурентска предност за Кина, бидејќи ќе добива гас по пазарни, а не по вештачки надуени цени.Прашан за мировни гаранции за Украина, Путин рече дека секој треба да има безбедносни гаранции, вклучително и Украина, но нагласи дека тоа не значи размена на територии.„Не се бориме за земја, се бориме за правата на луѓето да зборуваат руски јазик и да живеат по своите традиции“, изјави тој, додавајќи дека се гледа светло на крајот од тунелот. Рускиот претседател повторно го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да дојде во Москва, доколку е подготвен за директни разговори.Осврнувајќи се на состојбата на боиштата, Путин изјави дека руските сили напредуваат на сите фронтови, а Украина нема капацитет за офанзиви од поголем обем. „Можеби подготвуваат нешто, но според нашите експерти, украинската војска во моментов нема такви способности“, додаде тој. За западните санкции тврдеше дека настаните во Украина се само изговор за претходно подготвени економски мерки против Русија и други земји. „Тоа нас не нè засега,“ рече кратко.Во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна завера меѓу Путин, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, рускиот лидер одговори со насмевка: „Трамп има добар смисол за хумор.“ Тој додаде дека никој во Кина за време на посетата не зборувал против Трамп и дека сите ја поддржале средбата во Анкориџ, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за крај на војната.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да очекува нереални територијални отстапки од Русија.„Европјаните не смеат да го продолжуваат овој војна и да поттикнуваат неразумни очекувања, а истовремено да очекуваат Америка да ја сноси цената,“ изјавил висок претставник на Белата куќа за Axios.Медиумот не прецизира кои земји се на мета на критиките, но наведува дека тоа не се Обединетото Кралство или Франција, кои заедно ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, лабаво партнерство на западни земји што и ветуваат поддршка на Украина.

Свет | пред 3 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина планира нови удари длабоко во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев подготвува нова серија напади врз цели длабоко во руската територија.„Украина планира нови удари длабоко во Русија. Ќе ги продолжиме нашите активни операции токму на начин кој е неопходен за одбраната на Украина,“ изјави Зеленски.Тој додаде дека „силите и ресурсите се подготвени“ и дека „се планирани нови длабоки удари“, по средбата со врховниот украински командант Олександар Сирски.

Свет | пред 3 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски ја отфрли идејата за 40-километарска тампон-зона во Украина

Идејата за создавање 40-километарска тампон-зона меѓу руските и украинските линии на фронтот како дел од можен мировен договор за завршување на војната во Украина предизвика жестоки реакции, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оценувајќи дека таков предлог не ја одразува реалноста на современото војување.„Само оние кои не го разбираат технолошкото ниво на денешната војна предлагаат тампон-зона,“ изјави Зеленски, нагласувајќи дека во пракса ваква зона веќе постои поради масовната употреба на дронови.Тој појасни дека тешкото вооружување на двете страни веќе се наоѓа на повеќе од 10 километри едно од друго токму поради ризикот од напади со дронови.„Овој тампон – јас го нарекувам ‘мртва зона‘, некои го викаат ‘сива зона‘ – веќе постои,“ рече украинскиот претседател.Зеленски категорично одби можност Украина да се откаже од делови од својата територија во рамки на таков договор: „Ако Русија сака поголема оддалеченост од нас, може да се повлече длабоко во привремено окупираните територии на Украина.“Тој додаде дека Москва не е подготвена за вистинска дипломатија и дека единствено бара начини за одолговлекување на крајот на војната.Во меѓувреме, европските лидери разгледуваат опции за обезбедување безбедносни гаранции за Украина во случај на договор со Русија. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, порача дека министрите за одбрана на Унијата се согласиле дека поддршката за Киев мора да биде „робусна и веродостојна“. Зеленски најави продолжување на разговорите веќе следната недела за обврски „слични на НАТО“ кои би обезбедиле сигурност за Украина.Од Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги оцени најновите западни предлози како „еднострани“ и насочени кон обуздување на Русија.

Свет | пред 3 месеци

1f8d93fe-192e-4557-b4a9-3992096b9087

Украинскиот блогер Сергеј Стерненко: „Ако Зеленски предаде територија, ќе стане политички – а потоа и буквален – мртовец“

Украинскиот воен блогер, активист и снабдувач со дронови Сергеј Стерненко преживеал четири обиди за атентат во последните седум години. Последниот напад, на 1 мај оваа година во Киев, го извршила 45-годишната Људмила Чимерска, која испукала најмалку три куршуми кон него. Еден куршум му го пробил бедрото, но тој успеал да преживее благодарение на телохранителите и брзата интервенција.Стерненко, кој има повеќе од два милиони следбеници на YouTube и над 850 илјади на Телеграм, е едно од најпознатите имиња меѓу младите Украинци. Тој е националист, поранешен лидер на улични протести, адвокат и клучен недржавен снабдувач на украинската армија со дронови. Од почетокот на руската инвазија, преку донации собрал над 100 милиони евра за набавка на беспилотни летала.„Знаев дека Русите ќе се обидат да ги убијат познатите Украинци. Да сум на нивно место, би направил исто,“ изјави тој за Times.Стерненко остро ја отфрла можноста Украина да отстапи територија како дел од мировен договор со Москва.„Ако Зеленски даде земја што не е окупирана, тој ќе биде леш – најпрво политички, а потоа и вистински. Тоа би била бомба под нашиот суверенитет,“ тврди блогерот.Според него, компромис со Русија е невозможен: „Ќе има само еден победник – Русија или Украина. Ако руската империја опстане во сегашна форма, таа секогаш ќе сака да се шири. Борбата ќе трае сè додека Русија не ја напушти украинската земја.“Иако е меѓу најпопуларните гласови во Украина, Стерненко често е во судир и со украинскиот политички естаблишмент, критикувајќи ја корупцијата во институциите. Неговите противници го обвинуваат дека избегнува фронтова служба, што тој решително го негира.Руски служби, пак, го гледаат како приоритетна цел, пред сè поради дроновите што ги обезбедува за армијата.Стерненко се вклучил во протестите на Мајдан уште како 18-годишник. Бил сведок на убиствата и насилството во Киев во 2013–2014 година, по што се приклучил на уличните судири во Одеса. Како лидер на локалната подружница на „Десен сектор“, бил сведок на крвавите настани на 2 мај 2014 година, кога во пожар во Домот на синдикатите загинаа 42 луѓе.„Главната цел тогаш беше да ја ослободиме Одеса од корупцијата и од прорускиот криминален уплив,“ вели Стерненко.Во мај 2018 година бил нападнат пред својот стан во Одеса. За време на тепачката, со нож убил еден од напаѓачите. Судиите пет години ја испитуваа неговата верзија за самоодбрана, а тој тврдеше дека е жртва на политички прогон од проруското судство. Во декември 2023 случајот беше затворен, а судот дури му го врати и ножот.„Свесен сум дека мојот животен век е ограничен. Затоа морам да направам нешто корисно за својот народ и за Украина,“ порачува Стерненко, човекот што во Украина важи за симбол на отпорот, но и за мета – и дома, и во Москва.

Свет | пред 3 месеци

mitko

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев меѓу странските функционери кои добија ордени од Зеленски

По повод Денот на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски објави список со приближно двесте странски функционери и јавни личности, на кои им додели државни одликувања во различни категории.На листата се најде и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој доби орден за заслуги од трет степен. Наградата се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, како и за добротворна дејност и промоција на Украина во светот.Истовремено, украинскиот претседател во неделата ги одликуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Пленковиќ беше награден со Орден на принцот Јарослав Мудриот од прв степен, додека Грлиќ Радман доби Орден за заслуги од втор степен, за нивниот придонес во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Подготвен сум за секаков формат на средба со Путин, но Москва одложува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за секаков формат на средба со рускиот лидер Владимир Путин, но дека, како што оцени, „Москва повторно се обидува да одложи сè“.Во телефонски разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Зеленски ги повика земјите од Глобалниот Југ да апелираат до Русија да започне мировни преговори.„Важно е глобалниот Југ да испрати соодветни сигнали и да ја охрабри Русија на мир“, напиша Зеленски на платформата X, по телефонскиот разговор.

Свет | пред 4 месеци

zelenski-putin

CNN: Кремљ ја отфрли можноста за средба Путин–Зеленски

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега.По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за „подигнување на нивото“ на руската и украинската делегација, но не и за средба на самите лидери.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додаде дека Москва „не одбива ниту еден формат на работа“, но предупреди дека состаноци на највисоко ниво мора да се подготват „со исклучителна внимателност“.За Путин, Украина не е независна држава, туку дел од „руската историја и култура“. Затоа, за аналитичарите, средбата со Зеленски би претставувала признание на неговата легитимност – нешто што Кремљ систематски го негира.„Тоа би било пораз за Путин, затоа што би морал да седне со претседател кој, според неговата реторика, е само ‘шегобиец’ од земја што тој не ја признава“, вели Ориша Луцевич од тинк-тенкот Chatham House.Аналитичарката Татјана Становаја од Carnegie Russia Eurasia Center вели дека Путин гледа кон Доналд Трамп како главен посредник. Според неа, Москва очекува САД да го притиснат Киев да попушти во однос на териториите.Зеленски досега ги отфрли таквите сценарија. Сепак, Русија би можела да предложи нови преговори во Истанбул, но со делегации на повисоко ниво, наместо со самите претседатели.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „иницирал подготовки“ за средба Путин–Зеленски, но потоа призна дека конечната одлука е кај самите лидери.Во меѓувреме, Москва нема причина за брзање: Путин веќе доби самит со Трамп на Алјаска, американската страна се повлече од условот за примирје пред преговори, а санкциите стивнаа. На терен, Русија ја интензивира офанзивата – само во понеделник лансирајќи 270 дронови и 10 ракети кон украински градови.Како што заклучува CNN, единствената непозната сега е – кого Трамп ќе обвини ако иницијативата пропадне.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Се огласи Зеленски по средбата во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се започнати подготовки за состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Трамп на својата мрежа Truth Social средбата со Зеленски и европските партнери ја оцени како „многу добра“.На разговорите во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стуб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.„Вчера во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на САД и европските лидери. Тоа беше значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување сигурност за Украина и нашиот народ,“ напиша Зеленски на X.Тој додаде дека веќе се работи на конкретна содржина на безбедносните гаранции и дека координацијата на лидерите продолжува: „Ќе има дискусии, подготвуваме формати, советниците за национална безбедност се во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции. Украина ја чувствува таа сила. Благодарни сме на сите наши партнери за решителноста и поддршката. Ќе направиме сè патот до мирот да стане реалност – преку партнерство, гаранции и храброста на украинскиот народ.“

Свет | пред 4 месеци

makron

Макрон предлага мировен самит меѓу Зеленски и Путин во Швајцарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага за организирање мировен самит помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин на „неутрално тло“. Како идеална локација ја посочи Швајцарија, а особено градот Женева, пренесуваат странските медиуми.Макрон смета дека на масата за преговори, покрај Зеленски и Путин, треба да седат и клучни европски лидери.Во интервју за француската телевизија LCI, Макрон потврди дека веќе денес ќе започне подготовка на конкретен предлог за сигурносни гаранции за Украина.„Ќе создадеме коалиција на подготвени заедно со британскиот премиер Кир Стармер за да ја информираме јавноста. Паралелно, ќе работиме со Американците за да видиме кој е подготвен и на кој начин да придонесе“, најави францускиот претседател.Тој нагласи дека мирот не смее да биде капитулација на Киев:„Украина ќе направи отстапки кои ги смета за фер и корисни. Но, овој мир не може да биде капитулација – тоа би било трагично и за Украина и за Европејците.“

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања