Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗЕЛЕНСКИ

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Безбедносен аларм во Ирска: пет дронови блиску до авионот на Зеленски

Околу пет дронови биле забележани во близина на воздушната рута по која се движел авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговото слетување во Ирска во понеделникот, пренесуваат локалните медиуми.Според информации на „Irish Times“, ирската морнарица ги регистрирала дроновите во зоната што се смета за строго чувствителна при безбедносни операции, што предизвикало сериозно предупредување поради можноста за обид за нарушување на безбедносниот коридор на летот.Ирските власти наведуваат дека авионот на Зеленски пристигнал нешто порано од планираното и во ниту еден момент не бил изложен на непосредна опасност.

Свет | пред 2 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски отворено: Се плашам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно призна дека стравува оти САД би можеле да го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Киев и Москва, пренесува „Скај њуз“. На заедничка прес-конференција со ирскиот премиер Михаел Мартин во Даблин, Зеленски изрази умерен оптимизам за текот на преговорите, но и сериозна загриженост дали Вашингтон ќе остане целосно ангажиран.Тој посочи дека е охрабрен од засилената дипломатска активност на американската администрација и напорите да се најде пат кон прекин на конфликтот. „Имаше мал оптимизам во моите зборови поради брзината на разговорите и интересот од американска страна. Тоа покажа дека Америка не се повлекува од дијалогот, и тоа е добро“, рече Зеленски.Но, на директно прашање дали се плаши дека САД би можеле да се изморaт од процесот, тој одговори искрено: „Да, се плашам. Ако некој од нашите сојузници се измори...“ Притоа додаде дека целта на Русија е „да го извлече американскиот интерес од оваа ситуација“.Зеленски најави дека очекува повратни информации од американските претставници по средбата на специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Тој истакна дека е подготвен повторно да се сретне со претседателот Доналд Трамп, но дека средбата зависи од резултатите на разговорите во руската престолнина.Од американска страна се очекува да биде презентирана изменета верзија на планот од 28 точки за прекин на војната – документ што претходно предизвика жестоки критики поради наводната наклонетост кон руските позиции. Украина останува цврста во ставот дека нема да прифати никакви територијални отстапки и дека секој мировен договор мора да гарантира целосен суверенитет и безбедност на државата. Дел од украинските функционери стравуваат дека предложените безбедносни гаранции нема да бидат доволно силни, особено ако не наликуваат на заштитата што ја нуди членот 5 од НАТО.Русија, пак, инсистира дека дополнителни гаранции не се потребни, а Путин изјави дека нема намера да продолжи со непријателствата – но истовремено испрати заканувачка порака до Европа.„Ако Европа сака да започне војна со нас, ние сме подготвени веднаш“, изјави тој, додавајќи дека Москва ја смета ЕУ за оддалечена од преговорите поради прекинатите односи и санкциите.Путин обвини дека европските лидери намерно поставуваат „неприфатливи услови“ за да го прикажат Кремљ како пречка за американските дипломатски напори. Украинската страна, пак, предупредува дека Русија токму преку воени притисоци и пропагандни изјави се обидува да ја засили својата преговарачка позиција во пресрет на новите дипломатски рунди.Ситуацијата останува исклучително неизвесна, а изјавата на Зеленски дека „се плаши“ од можен американски замор дополнително ја нагласува ранливоста на процесот кој би требало да ја одреди иднината на украинско-рускиот конфликт.

Свет | пред 2 месеци

media-library6nm8qfh0a5jrfsxzOrB

Крахот на човекот од доверба на Зеленски: Јермак поднесе оставка, Киев во политички вртлог

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и негов најблизок советник, Андриј Јермак, поднесе оставка во петокот, само неколку часа откако Националното биро за борба против корупцијата (NABU) изврши претрес во неговите простории. Јермак, кој изгради досега невидено ниво на моќ во украинската извршна власт и имаше влијание врз парламентот, владата и клучните институции, со години беше една од најконтроверзните фигури во политичкиот систем.Заради неговата улога „десна рака“ на Зеленски, западните дипломати често го опишуваа како незаменлив, но и како извор на фрустрации. Европски функционери за Kyiv Independent велат дека бил гледан со скепса и во Брисел и во Вашингтон, а во Украина неговата непопуларност била уште поизразена. Според истите извори, токму Јермак го „повлекол куршумот“ кон антикорупциските институции, обидувајќи се да го ослаби NABU во момент кога земјата е погодена од најголемиот корупциски скандал меѓу соработниците на претседателот.Истражителите тврдат дека Јермак е поврзан со големата шема во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“, каде што, според NABU, биле испрани и украдени над 100 милиони долари. Еден од неговите најблиски соработници, Тимур Миндич, беше посочен како организатор на криминалната мрежа, а во јавноста се појавија и видеоснимки на кои, како што тврдат истражителите, се гледаат високи владини личности како примаат мито. Полиција за Kyiv Independent изјавила дека една од луксузните куќи финансирани со парите од оваа шема била наменета токму за Јермак.Активисти за борба против корупцијата сметаат дека ваквата шема тешко можела да функционира без негово знаење. Според Дарја Калениук, извршна директорка на украинскиот Центар за борба против корупцијата, претседателот Зеленски ќе мора да ги отстрани луѓето од неговиот најтесен круг за да ја докаже сопствената неумешност.Неговото име со години беше опкружено со обвиненија за мито и злоупотреби, а неколку негови поранешни заменици веќе се гонат или се под истрага за корупција. Критичарите тврдат дека Јермак создал модел во кој ниту една кадровска или институционална одлука не можела да биде донесена без негов благослов. Тој важеше за човекот кој де факто ја води домашната и надворешната политика, а многу дипломатски извори откриваат дека дури и најважните одлуки на претседателот биле оформувани според ставовите на Јермак.Од повторната победа на Доналд Трамп на изборите, неговата позиција драматично ослабна. Американски официјални лица одбивале да разговараат со него поради неговите блиски врски со претходната администрација во Вашингтон, а украински и европски извори велат дека бил гледан како најмалку посакуван преговарач. И покрај тоа, Зеленски го испраќал да ги води клучните меѓународни разговори и да се сретнува со странски лидери.Низ годините Јермак се сметаше за центар на моќта околу претседателот, а критичарите тврдат дека секој кој ја засенил неговата позиција бил тргнат настрана. Така беше сменет и популарниот генерал Валериј Залужни, а потоа и вицепремиерот за инфраструктура Александар Кубраков — двајца политички профили кои станале потенцијални конкуренти во јавноста.Оставката на Јермак претставува најголем политички потрес за администрацијата на Зеленски од почетокот на војната. Украинските аналитичари предупредуваат дека овој чекор може да има сериозни последици за стабилноста на власта, но и за односите со западните партнери, кои одамна бараат посериозна борба против корупцијата.

Свет | пред 2 месеци

zelenski-1

Шефот на кабинет на Зеленски поднесе оставка поради скандал со корупција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка по рацијата против корупција во неговиот дом.Јермак беше најблискиот советник на Зеленски во текот на војната со Русија. Тој беше под силен притисок поради корупциски скандал, иако не беше обвинет за никакво кривично дело.Украинските антикорупциски агенции извршија рација во неговиот стан во владините простории во Киев.Извори од истрагата откриваат дека се проверува имотот и евентуалните неовластени договори со странски посредници.Зеленски објави видео-порака на Телеграм, дека заминувањето на Јермак е дел од поширок процес на реконструкција.,,Украина во овие околности не смее да прави грешки.Русија навистина сака ние да грешиме, но од нашата страна нема да има грешки“, рекол Зеленски.

Свет | пред 2 месеци

media-librarya930nil3fhuoa4N55WS

Претрес кај најблискиот соработник на Зеленски

Украинските антикорупциски служби утрово извршија претрес во домот на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува „Украинска правда“.Според видеоматеријалот што го објави медиумот, околу десет службеници на Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (SAPO) влегле во дел од Киев каде што се наоѓаат клучни владини објекти.Официјални детали за причините и опфатот на истрагата засега не се соопштени. Од NABU и SAPO остануваат воздржани од коментари, додека украинските медиуми јавуваат дека рацијата е дел од поширока акција насочена кон висока корупција во државниот врв.Јермак важи за еден од највлијателните соработници на претседателот Зеленски и човек со значајна улога во државната политика, што придонесе претресот да предизвика силни реакции во јавноста. Очекувањата се дека институциите наскоро ќе излезат со повеќе информации за оваа чувствителна операција.

Свет | пред 2 месеци

media-library3u86n83vb363bKE0b0H

Зеленски на пат кон Вашингтон повторно? Со Трамп ќе разговара за најчувствителното прашање од мировниот план!

Соединетите Американски Држави и Украина изработија „дополнет и унапреден мировен план“ за окончување на војната со Русија, се наведува во заедничката изјава на двете држави по завршувањето на преговорите во Женева, на кои учествуваа и европски претставници.План приспособен на украинските барања?Двете страни, како што изгледа, го подготвиле документот врз основа на претходната американска верзија, која Киев и неговите сојузници ја сметаа премногу наклонета кон Москва, пренесе „Ројтерс“.Во заедничката изјава по разговорите во Женева, делегациите наведоа дека воделе „исклучително продуктивни“ дискусии и дека ќе продолжат да работат на планот и наредните денови. Не ги открија деталите за спорните прашања кои допрва треба да се решат, вклучително и темата за безбедносните гаранции за Киев.Белата куќа посебно соопшти дека новата верзија на мировниот план содржи посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација оценила оти документот „ги одразува нивните национални интереси“. Украинските функционери не објавија одвоена изјава и не биле веднаш достапни за коментар, јави „Ројтерс“.Оптимизам од ВашингтонАмериканскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги предводеше разговорите, во неделата изјави дека е „многу оптимистичен“ дека договор за Украина може да биде постигнат „многу скоро“.Според него, во преговорите е направен значаен напредок, но конечен договор мора да биде постигнат и потврден од претседателите, а неколку чувствителни прашања остануваат отворени.Рубио додаде дека делегациите и денес продолжуваат да работат на мировниот план, нагласувајќи дека преговорите траат веќе три недели, но дека во последните четири дена биле значително интензивирани.Можно е Зелeнски да патува во ВашингтонСпоред два извора запознаени со процесот, американски и украински претставници разговараат и за евентуална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон веќе оваа недела, за да разговара со претседателот Доналд Трамп за мировниот план. Засега нема официјална потврда за датум.Еден од изворите навел дека целта е двајцата лидери да ги разгледаат најчувствителните точки од американскиот предлог – вклучително и прашањето за територијата.Американскиот план, според претходните информации, би значел фактичко предавање на целиот Донецк на Русија, додека Украина досега инсистираше примирјето да биде воспоставено според тековните линии на фронтот.Европската алтернативаВчера протече и европскиот контрапредлог на американскиот план, кој суштински се разликува од Вашингтон токму во делот на територијалните решенија. Русија индиректно ставила до знаење дека би прифатила договор доколку украинските сили се повлечат од целиот Донбас, што за Киев и европските земји е целосно неприфатливо.Во европската верзија се наведува дека НАТО се согласува трајно да не распоредува свои сили во Украина во време на мир. Украинската војска би била ограничена на најмногу 800.000 припадници, додека американскиот план предвидува максимум од 600.000.Европа бара Украина да биде финансиски обесштетена, вклучително и преку руската имотна активa која останува замрзната сè додека Русија не ја надомести штетата.Европскиот предлог содржи и точка според која Украина нема да ги враќа своите „окупирани суверени територии“ со воена сила, туку преку преговори за размена на територии, чија основа би биле линиите на контакт. Предвидено е и распишување избори во Украина што е можно побрзо по потпишувањето на мировниот договор.

Свет | пред 3 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина е благодарна на Трамп, САД и на секое американско срце за напорите за постигнување мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на САД и на нивниот претседател Доналд Трамп за напорите да го поддржат Киев.„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.Претходно Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.Зеленски, исто така, изрази благодарност и до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно”, напиша Зеленски.

Свет | пред 3 месеци

tramp

Трамп: Четврток е клучниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти 27 ноември, четврток, е вистинскиот рок до кој Украина треба да го прифати мировниот предлог поддржан од САД, со кој би се ставил крај на војната со Русија.„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претходно објави дека САД се подготвени да го прекинат споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје доколку Киев не се согласи на рамковниот мировен договор што Вашингтон го предлага. Според изворите, Украина е под поголем притисок од било кои претходни мировни иницијативи и се очекува договорот да биде потпишан до следниот четврток.Во обраќање до украинската нација, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти во својата современа историја.„Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека земјата е под огромен притисок.

Свет | пред 3 месеци

zelenski

Зеленски во посета на Грција, грчката полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина и ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис.Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.Од грчката полиција соопштија дека од безбедносни причини, од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на Атина и во неколку блиски населби.Зеленски на Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

Свет | пред 3 месеци

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Зеленски: Никој не ги тера нашите војници да умираат поради урнатини

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги замоли своите сојузници од Европската Унија да ги надминат своите поделби околу користењето на замрзнатите руски средства, велејќи дека обезбедувањето ново финансирање е клучно за економијата на Украина, разурната од војна.„Се надевам дека ќе ја добиеме оваа одлука. Во спротивно, ќе мора да најдеме алтернатива, тоа е прашање на нашиот опстанок. Затоа ни е толку потребна. И сметам на нашите партнери“, изјави Зеленски за Блумберг.Безусловната западна поддршка за Киев е поткопанаЕвропската Унија ја одложи до декември одлуката за предлогот за користење на замрзнатите руски средства за „кредит за репарација“ од 140 милијарди евра за Украина. Русија, во меѓувреме, бавно напредува на бојното поле и ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина за да ја поткопа нејзината економија додека се приближуваат зимските месеци.Руската инвазија е во својата четврта година, додека украинската влада се бори со разорена економија и исцрпени војници во најлошиот конфликт во Европа од Втората светска војна. Покрај тоа, безусловната западна поддршка за Киев еродираше по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, анализираат медиумите.Со прекинувањето на финансирањето од САД, европските влади ветија дека ќе ја зголемат помошта за да се одбранат од новата закана од Кремљ.„Русија мора да плати за оваа војна. Парите од замрзнатите средства ќе ѝ помогнат на Украина да купи повеќе воздушна одбрана од САД и Европа и да го финансира производството на беспилотни летала за напади врз руски цели. Немаме дополнителни пари. Ова е начинот и ова е фер“, тврди Зеленски.Тој посочи дека Трамп би можел да испрати „добар сигнал“ до европските лидери со тоа што ќе почне да користи милијарди руски средства замрзнати во САД. „Трамп има повеќе од пет милијарди долари руски средства, можеби ќе одлучи да ги потроши тие пари. Тоа ќе помогне“, истакна Зеленски.„Минатата американска акција, како што се енергетските санкции, исто така ги охрабри европските партнери да донесат некои силни одлуки“, додаде тој. Тој откри дека Украина започнала да произведува беспилотни летала пресретнувачи заедно со САД.Украинскиот лидер верува дека рускиот претседател Владимир Путин води намерна кампања за заплашување на Европа со неодамнешните упади на беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на НАТО. „Успеа да ги направи лидерите помалку спремни да испратат системи за воздушна одбрана во Украина. Мислам дека ги исплаши, тоа беше неговата цел и ја постигна. Без сомнение, тоа беше психолошко заплашување“, забележа тој.„Не можеме да ја напуштиме источна Украина“Тој призна дека Украина се соочува со „многу тешка“ ситуација во градот Покровск во регионот Донецк, каде што руските сили се обидуваат да ја преземат контролата по месеци интензивни борби. Зеленски инсистира дека секоја одлука за повлекување на силите е прашање на воените команданти на терен.„Никој не ги принудува да умрат заради урнатини. Ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите што се таму. Најважно за нас се нашите војници“, нагласи тој. Тој е убеден дека Русија бара победа во Покровск за да се обиде да го убеди Трамп дека Украина треба да се повлече од целиот Донбас, кој се состои од регионите Донецк и Луганск, за да се стави крај на војната.„Не можеме да ја напуштиме источна Украина. Никој нема да го разбере тоа, луѓето нема да го разберат тоа. А главната работа е дека никој нема да ви гарантира дека ако го освојат овој или оној град, нема да одат понатаму. Нема фактор на одвраќање“, рече тој.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Русија подготвува нова голема војна во Европа до 2030 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нова, голема офанзива на европскиот континент, која, според украинските проценки, би можела да започне во периодот меѓу 2029 и 2030 година. Тој како доказ го посочи интензивираното производство на оружје во Русија, што, според него, покажува дека Москва нема намера да ја прекине војната против Украина.Во објава на „Телеграм“, Зеленски истакна дека Москва значително ја зголемува воената индустрија, што јасно укажува дека целта на Кремљ е продолжување, а не завршување на конфликтот.„Состојбата на фронтот ни покажува дека Русија не е подготвена да сопре. Кога ги гледаме нивните фабрики, складишта и производни капацитети, станува јасно дека тие се подготвуваат за долгорочна војна,“ изјави украинскиот лидер, пренесе агенцијата „Укринформ“.Зеленски нагласи дека само здружениот меѓународен притисок може да ја принуди Русија да ја прекине агресијата, повикувајќи ги земјите-сојузници да дејствуваат сега, додека војната сè уште може да се сопре во рамките на Украина.Во меѓувреме, Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува нови санкции против руските енергетски гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, барајќи од Москва итно да прифати прекин на огнот. Според проценките на Киев, овие санкции ќе ѝ нанесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно.И Европската унија продолжува со притисокот врз Кремљ – високата претставничка за надворешна политика Каја Калас објави дека Унијата го усвоила 19-тиот пакет санкции насочен кон руската економија и нејзините воени капацитети.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Како Трамп ја уништи главната надеж на Зеленски: „Многу лоши работи може да се случат“

Односот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски очигледно е подобрен, но главната цел на Киев – добивање далекудометни ракети Tomahawk – останува недостижна. И покрај девет месеци интензивна дипломатија, Трамп и понатаму преферира да му даде на рускиот претседател Владимир Путин уште една шанса за разговор наместо да ја ескалира војната, пишува CNN.Иако меѓу изјавите на американскиот лидер имаше комплименти и уверувања дека мирот е „многу близу“, во Вашингтон не е донесена никаква конечна одлука за вооружување на Украина со Tomahawk ракети. Сепак, Трампова порака на неговата мрежа Truth Social – „Треба да застанеме таму каде што сме“ – се толкува како сигнал за можен прекин на огнот долж сегашните фронтовски линии, што би било прифатливо за Киев.„Мора да застанеме таму каде што сме. Важно е да застанеме таму каде што сме, а потоа да разговараме“, изјави Зеленски по средбата со Трамп. Иако украинскиот лидер очекуваше повеќе, денот за него можеше да заврши и полошо.Главна тема на разговорот беа токму проектилите Tomahawk. Трамп ја пофали нивната разорна моќ, но истовремено предупреди дека нивната употреба може да предизвика „многу лоши работи“.„Овде сме поради тоа. Tomahawk е многу опасно оружје... тоа би можело да значи ескалација“, рече американскиот претседател, додавајќи дека се надева дека „војната ќе заврши без да се размислува за Tomahawk“.Иако Трамп отворено ја држи опцијата за испорака на ракети, тој веднаш ја ублажи заканата со порака до Путин дека мирот е „на дофат“. Зад кулисите, меѓутоа, воените аналитичари укажуваат дека САД и немаат доволно залихи за „илјадници Tomahawk-и“, како што изјави Трамп, бидејќи нивното производство е скапо, а дел од ефектот веќе се постигнува преку украинските дронови со сличен дострел. На прашањето дали е оптимист, Зеленски само одговори: „Јас сум реалист“.Во меѓувреме, состојбата на фронтот се промени. И покрај големите загуби и исцрпеноста од летната офанзива на Москва, украинските сили успеаја да ги задржат клучните градови Покровск, Купјанск и Костјантиновка. Тоа претставува изненадувачки успех, имајќи ја предвид кризата со луѓе, ресурси и морал што ја погоди Украина во мај. „Тие прават навистина добри дронови“, призна Трамп, коментирајќи ја украинската иновативност.Од другата страна, притисокот врз Кремљ расте. Неуспесите на бојното поле, недостигот на гориво поради украинските напади врз рафинерии, инфлацијата и падот на моралот го ставаат Путин во незавидна позиција. Аналитичарите предупредуваат дека Русија тешко ќе може да ја продолжи војната уште една зима без сериозни последици.Зеленски, кој летово се соочи со најтешкиот дипломатски период – кога неговиот најважен сојузник се обиде да преговара за мир со Путин без Украина – сега повторно патува низ НАТО-членките, нудејќи им украинска технологија и воено партнерство. Русија, од своја страна, се соочува со истото прашање што сè почесто го поставуваат дури и во Москва: „Кој е следниот потег на Путин?“

Свет | пред 4 месеци

media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

Зеленски вчера дозна што всушност сака Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа барајќи ново оружје за одбрана од Русија, но наиде на американски лидер кој изгледа повеќе заинтересиран за посредување во мировен договор отколку за нови испораки на ракети „Томахавк“.Иако Доналд Трамп не ја исклучи можноста Украина да ги добие американските крстосувачки ракети со долг дострел, неговиот став беше воздржан, особено во пресрет на новиот состанок со Владимир Путин во Будимпешта.По повеќе од два часа разговор со Зеленски, Трамп излезе пред новинарите со порака што изненади многумина: „Запрете ја војната сега. Двете страни треба да се повлечат, да се вратат кај своите семејства. Ова треба да заврши – веднаш на бојното поле.“Трамп наведе дека истата порака му ја упатил и на Путин. Неговата изјава се толкува како прв конкретен сигнал дека е подготвен да прифати мировен договор со замрзнување на фронтот, дури и по цена на тоа Украина да се откаже од дел од својата територија.Во разговорот за вооружувањето, Зеленски отворено побара „Томахавци“, објаснувајќи дека Украина има илјадници дронови подготвени за офанзива, но дека ѝ недостасуваат ракети со долг дострел„Немаме Томахавци, затоа ни се потребни тие проектили,“ изјави Зеленски.Трамп одговори: „Би сакал повеќе да не ви требаат Томахавци. И нам ни се потребни. Не можеме да се откажеме од нешто што е неопходно за нашата безбедност.“По состанокот, Зеленски призна дека САД не сакаат ескалација, но го оцени разговорот како „реален и конструктивен“.„Сметам дека претседателот Трамп може да изврши притисок врз Путин да го сопре овој војна,“ изјави тој.Во меѓувреме, Трамп повторно ја потврди намерата да се сретне со Путин, велејќи дека и двајцата лидери „сакаат крај на војната“, но дека „треба малку повеќе да се договорат“.Аналитичарите предупредуваат дека помирливиот тон на Трамп и подготвеноста за компромис предизвикуваат загриженост кај европските сојузници, кои стравуваат од договор што би бил поволен за Москва.Во позадина на средбата, руските сили продолжуваат со напади врз украинската енергетска инфраструктура, додека Киев инсистира дека ракетите „Томахавк“ би можеле да го израмнат соодносот на силите.Како што заклучува аналитичарот Макс Бергман, потегот на Путин да побара нова средба со Трамп „веројатно има цел да ја намали веројатноста за американска испорака на тоа оружје“.Украинскиот експерт Микола Бјелиесков додава дека „Томахавците не би ја скршиле Русија, но би создавале постојан притисок – и воено, и индустриски“.За сега, Зеленски останува со пораката дека иако САД не дадоа конкретни ветувања, Украина и понатаму ќе смета на американскиот притисок врз Москва – за мир, но не по секоја цена.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Руски РТ се потсмева на Зеленски: „Томахавк? Не е на менито – доби пилешко и салата“

Рускиот државен медиум RT објави сатирична порака во која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Во објавата, медиумот саркастично наведува дека на менито за вечера имало пилешко, салата и сладолед – но не и ракетите „Томахавк“ што Украина ги бара од Вашингтон.„Ракети Томахавк? Не се на денешното мени. Зеленски доби печено пилешко и салата“, објави RT, алудирајќи на исходот од средбата која, според руските медиуми, не донела конкретни ветувања за дополнителна воена помош за Киев.Зеленски и Трамп вечерта одговараа на прашања од новинарите пред состанокот зад затворени врати. Американскиот претседател изјави дека „верува оти Путин е подготвен за мир“, додека Зеленски предложи размена – украински дронови за американски „Томахавци“.Само неколку дена претходно, Трамп изјави дека САД би можеле да ја одобрат испораката на ракетите доколку Русија продолжи да го избегнува мировниот процес. Но, по најавата за нов круг директни преговори меѓу Трамп и Путин, руските медиуми тоа го претставија како американско повлекување од претходните закани.Аналитичарите предупредуваат дека ваквите објави се дел од широка пропагандна стратегија на Кремљ, со цел Западот да се прикаже како неодлучен и изморен од војната, во момент кога Москва го засилува темпото на воздушните напади низ Украина.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Ројтерс: Украина подготви детална презентација за можната употреба на американските ракети

Според извори на агенцијата Ројтерс, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му презентира на американскиот претседател Доналд Трамп план за тоа како би се користеле ракетите со долг дострел „Томахавк“, доколку САД одобрат нивна испорака. Украинската делегација подготвила детална презентација со објаснување на стратегиската употреба на проектилите и начинот на кој тие, според Киев, би можеле „значително да го променат текот на војната“.Ракетите „Томахавк“ имаат домет од над 1.600 километри, што би ѝ овозможило на Украина да погодува цели длабоко во руската територија, вклучувајќи енергетски и воени објекти. Станува збор за оружје кое САД го имаат користено илјадници пати во Ирак, Авганистан, Јемен и други конфликтни зони.Зеленски во минатото изјави дека ударите врз цели во Русија може да се споредат со „долгорочни санкции“, особено ако се насочат кон енергетската и нафтената инфраструктура.Со ваквите ракети, Украина би можела да погодува руски воздушни бази и други објекти далеку од фронтот, наведува Ројтерс, што би претставувало ново ниво на стратешки капацитет.Сепак, не е јасно дали Трамп ќе биде убеден од украинската презентација. Иако претходно најави дека ја разгледува можноста за испорака, вчера изјави дека САД имаат ограничени залихи на „Томахавци“ и дека е „загрижен за нивното преголемо трошење“.Во меѓувреме, дипломатски извори потврдуваат дека разговорите меѓу Трамп и Путин во Будимпешта ќе бидат вториот обид да се отвори сериозен мировен дијалог, но без присуство на Украина, што предизвика критики од Берлин и Киев.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека „Украина мора да биде вклучена во секоја одлука што ја засега нејзината иднина“, додавајќи дека Европа очекува од Трамп и Путин „конечно да покажат сериозност“ во однос на мировниот процес.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања