Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Зеленски на пат кон Вашингтон повторно? Со Трамп ќе разговара за најчувствителното прашање од мировниот план!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library3u86n83vb363bKE0b0H

Соединетите Американски Држави и Украина изработија „дополнет и унапреден мировен план“ за окончување на војната со Русија, се наведува во заедничката изјава на двете држави по завршувањето на преговорите во Женева, на кои учествуваа и европски претставници.

План приспособен на украинските барања?
Двете страни, како што изгледа, го подготвиле документот врз основа на претходната американска верзија, која Киев и неговите сојузници ја сметаа премногу наклонета кон Москва, пренесе „Ројтерс“.

Во заедничката изјава по разговорите во Женева, делегациите наведоа дека воделе „исклучително продуктивни“ дискусии и дека ќе продолжат да работат на планот и наредните денови. Не ги открија деталите за спорните прашања кои допрва треба да се решат, вклучително и темата за безбедносните гаранции за Киев.

— реклама —

Белата куќа посебно соопшти дека новата верзија на мировниот план содржи посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација оценила оти документот „ги одразува нивните национални интереси“. Украинските функционери не објавија одвоена изјава и не биле веднаш достапни за коментар, јави „Ројтерс“.

Оптимизам од Вашингтон
Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги предводеше разговорите, во неделата изјави дека е „многу оптимистичен“ дека договор за Украина може да биде постигнат „многу скоро“.

Според него, во преговорите е направен значаен напредок, но конечен договор мора да биде постигнат и потврден од претседателите, а неколку чувствителни прашања остануваат отворени.

— реклама —

Рубио додаде дека делегациите и денес продолжуваат да работат на мировниот план, нагласувајќи дека преговорите траат веќе три недели, но дека во последните четири дена биле значително интензивирани.

Можно е Зелeнски да патува во Вашингтон
Според два извора запознаени со процесот, американски и украински претставници разговараат и за евентуална посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон веќе оваа недела, за да разговара со претседателот Доналд Трамп за мировниот план. Засега нема официјална потврда за датум.

— реклама —

Еден од изворите навел дека целта е двајцата лидери да ги разгледаат најчувствителните точки од американскиот предлог – вклучително и прашањето за територијата.

Американскиот план, според претходните информации, би значел фактичко предавање на целиот Донецк на Русија, додека Украина досега инсистираше примирјето да биде воспоставено според тековните линии на фронтот.

Европската алтернатива
Вчера протече и европскиот контрапредлог на американскиот план, кој суштински се разликува од Вашингтон токму во делот на територијалните решенија. Русија индиректно ставила до знаење дека би прифатила договор доколку украинските сили се повлечат од целиот Донбас, што за Киев и европските земји е целосно неприфатливо.

— реклама —

Во европската верзија се наведува дека НАТО се согласува трајно да не распоредува свои сили во Украина во време на мир. Украинската војска би била ограничена на најмногу 800.000 припадници, додека американскиот план предвидува максимум од 600.000.

Европа бара Украина да биде финансиски обесштетена, вклучително и преку руската имотна активa која останува замрзната сè додека Русија не ја надомести штетата.

Европскиот предлог содржи и точка според која Украина нема да ги враќа своите „окупирани суверени територии“ со воена сила, туку преку преговори за размена на територии, чија основа би биле линиите на контакт. Предвидено е и распишување избори во Украина што е можно побрзо по потпишувањето на мировниот договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски нема да присуствува на конференцијата за обнова на Украина во Полска

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryv6b84nlacp8faMQW3oV

Зеленски со ултиматум до Лукашенко: Имате една недела, потоа ќе дејствуваме

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски: Путин слабее, но токму затоа може да стане поопасен

Свет | пред 6 дена

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Со Трамп му предложивме на Путин средба во САД

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања