Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руски РТ се потсмева на Зеленски: „Томахавк? Не е на менито – доби пилешко и салата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Рускиот државен медиум RT објави сатирична порака во која се потсмева на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако тој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Во објавата, медиумот саркастично наведува дека на менито за вечера имало пилешко, салата и сладолед – но не и ракетите „Томахавк“ што Украина ги бара од Вашингтон.

— реклама —

„Ракети Томахавк? Не се на денешното мени. Зеленски доби печено пилешко и салата“, објави RT, алудирајќи на исходот од средбата која, според руските медиуми, не донела конкретни ветувања за дополнителна воена помош за Киев.

— реклама —

Зеленски и Трамп вечерта одговараа на прашања од новинарите пред состанокот зад затворени врати. Американскиот претседател изјави дека „верува оти Путин е подготвен за мир“, додека Зеленски предложи размена – украински дронови за американски „Томахавци“.

— реклама —

Само неколку дена претходно, Трамп изјави дека САД би можеле да ја одобрат испораката на ракетите доколку Русија продолжи да го избегнува мировниот процес. Но, по најавата за нов круг директни преговори меѓу Трамп и Путин, руските медиуми тоа го претставија како американско повлекување од претходните закани.

— реклама —

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите објави се дел од широка пропагандна стратегија на Кремљ, со цел Западот да се прикаже како неодлучен и изморен од војната, во момент кога Москва го засилува темпото на воздушните напади низ Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-librarydomkoiv4lstj9yXXQxq

(Видео) Руски ракети погодија два големи моста во Киев, прекинато снабдувањето со вода и струја

Свет | пред 21 час

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања