Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Зеленски вчера дозна што всушност сака Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа барајќи ново оружје за одбрана од Русија, но наиде на американски лидер кој изгледа повеќе заинтересиран за посредување во мировен договор отколку за нови испораки на ракети „Томахавк“.

Иако Доналд Трамп не ја исклучи можноста Украина да ги добие американските крстосувачки ракети со долг дострел, неговиот став беше воздржан, особено во пресрет на новиот состанок со Владимир Путин во Будимпешта.

По повеќе од два часа разговор со Зеленски, Трамп излезе пред новинарите со порака што изненади многумина: „Запрете ја војната сега. Двете страни треба да се повлечат, да се вратат кај своите семејства. Ова треба да заврши – веднаш на бојното поле.

Трамп наведе дека истата порака му ја упатил и на Путин. Неговата изјава се толкува како прв конкретен сигнал дека е подготвен да прифати мировен договор со замрзнување на фронтот, дури и по цена на тоа Украина да се откаже од дел од својата територија.

Во разговорот за вооружувањето, Зеленски отворено побара „Томахавци“, објаснувајќи дека Украина има илјадници дронови подготвени за офанзива, но дека ѝ недостасуваат ракети со долг дострел

Немаме Томахавци, затоа ни се потребни тие проектили,“ изјави Зеленски.

— реклама —

Трамп одговори: „Би сакал повеќе да не ви требаат Томахавци. И нам ни се потребни. Не можеме да се откажеме од нешто што е неопходно за нашата безбедност.

По состанокот, Зеленски призна дека САД не сакаат ескалација, но го оцени разговорот како „реален и конструктивен“.

„Сметам дека претседателот Трамп може да изврши притисок врз Путин да го сопре овој војна,“ изјави тој.

— реклама —

Во меѓувреме, Трамп повторно ја потврди намерата да се сретне со Путин, велејќи дека и двајцата лидери „сакаат крај на војната“, но дека „треба малку повеќе да се договорат“.

Аналитичарите предупредуваат дека помирливиот тон на Трамп и подготвеноста за компромис предизвикуваат загриженост кај европските сојузници, кои стравуваат од договор што би бил поволен за Москва.

Во позадина на средбата, руските сили продолжуваат со напади врз украинската енергетска инфраструктура, додека Киев инсистира дека ракетите „Томахавк“ би можеле да го израмнат соодносот на силите.

— реклама —

Како што заклучува аналитичарот Макс Бергман, потегот на Путин да побара нова средба со Трамп „веројатно има цел да ја намали веројатноста за американска испорака на тоа оружје“.

Украинскиот експерт Микола Бјелиесков додава дека „Томахавците не би ја скршиле Русија, но би создавале постојан притисок – и воено, и индустриски“.

За сега, Зеленски останува со пораката дека иако САД не дадоа конкретни ветувања, Украина и понатаму ќе смета на американскиот притисок врз Москва – за мир, но не по секоја цена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

umerov1

Зеленски го назначи Умеров за шеф на украинската надворешна разузнавачка служба

Свет | пред 8 часа

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Русија за една недела нападна 16 украински региони со речиси 1.900 дронови

Свет | пред 1 ден

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски барал од Трамп да го убеди Маск да дозволи „Старлинк“ за напади во Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryaf34qbtgoaopcKfb0uG

Зеленски замина задоволен од Вашингтон: Сенатот го поддржа новиот пакет санкции против Русија

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања