Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Трамп: Путин се согласи да престане со напади врз Киев и другите градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

„Особено го замолив претседателот Путин да не го гаѓа Киев и другите градови и населби. И тој се согласи. Морам да кажам, тоа беше многу убаво“, рече Трамп на брифинг за новинари, посочувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.

Сепак, американскиот претседател не даде детали за тоа кога и на кој начин му го упатил барањето на Путин, ниту од кој датум би требало примирјето да стапи на сила. Неговите коментари следуваа по шпекулации дека Киев и Москва се договориле за привремена станка во нападите на енергетската инфраструктура, иако ниту една страна официјално не потврдила такво нешто.

— реклама —

Меѓутоа, украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили во ноќта лансирале над 100 дронови врз Украина, со 18 потврдени удари во различни региони.

— реклама —

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија смета за неприфатливо примирје по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и непотврдени информации дека и руските и украинските сили добиле усна наредба за привремена обустава на напади на енергетската инфраструктура.

— реклама —

Според про-кремљански блогер, руските војници добиле забрана за гаѓање на инфраструктурни објекти низ Украина, вклучувајќи ги Киев, термоцентрали, хидроелектрани и складишта за гас, нафта и гориво, со забрана која би траела до 3 февруари. Слична усна наредба, според украински медиуми, наводно била упатена и до украинските сили да не напаѓаат руска енергетска инфраструктура.

Тие шпекулации се поврзуваат со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, на кои учествувале и САД. Financial Times пишува дека станувало збор за можно запирање на руските напади врз украински енергетски објекти во замена за воздржување на Киев од удари врз руските нафтени постројки и танкери, но некои украински извори предупредуваат дека конечен договор нема и дека евентуалната пауза би била краткотрајна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaf34qbtgoaopcKfb0uG

Зеленски до пратениците на Трамп: Прво посетете го Киев, па потоа Москва

Свет | пред 49 минути

— реклама —
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Нов спор меѓу Варшава и Киев: Полска бара одземање на орденот на Зеленски

Свет | пред 2 дена

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз Украина

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Зеленски испратил итно писмо до Трамп: Украина останува без противракетна одбрана

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања