Земјотрес ја стресе Македонија
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на 13 километри од Демир Капија, на длабочина од девет километри.
Македонија | пред 1 година
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на 13 километри од Демир Капија, на длабочина од девет километри.
Македонија | пред 1 година
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија | пред 1 година
Во повеќе делови на Скопје и околината и вечерва околу 21 часот и 45 минути беше почувствуван земјотрес, кој според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), бил со јачина од 2,8 степени.Според последните податоци, епицентарот е на 24 километри источно од Скопје, а земјотресот бил на длабочина од 5,6 километри.Претходно, ноќта во понеделникот, околу 2 часот, беше регистриран посилен потрес од 3,4 степени, чијшто епицентар беше приближно како и вечерашниот.
Скопје | пред 1 година
„По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, на 23.09.2024 година, во 02:02 часот по локално време, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате следниот QR код, кој ќе Ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес“, велат од Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје и додаваат:„Сеизмолошката Опсерваторија при ПМФ – Скопје нуди стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица. Можете да не контактирате на нашата фб страница, како и на нашата Веб страна https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта seismobsko@pmf.ukim.mkСо ова известување упатуваме и апел за пополнување на прашалникот за почуствуван земјотрес во случај на почуствуван земјотрес од Ваша страна, а ваквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија“.
Македонија | пред 1 година
Откако вчера жителите на Скопје ги тресеше земјотрес кој бил почуствуван и во соседните држави, денес е почувствуван нов земјотрес но со послаб интезитет.Епицентарот бил во западниот дел на земјата, околу Лазарополе. Јачината била 2,2 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри.Претходно, рано утрово околу два часот по полноќ беше регистриран потрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала.Потресот се почувствува на територијата на Скопје, а епицентарот беше лоциран на 23 километри источно од главниот град на длабочина од 7 километри.
Македонија | пред 1 година
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија околу 2 часот утринава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри источно од Скопје и 13 километри североисточно од Студеничан, а е регистриран на длабочина од осум километри.Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во соседните Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Македонија | пред 1 година
Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја погодија областа околу грчкиот остров Крит, а нема информации за материјална штета или жртви, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.Како што информираат од ЕМСЦ, првиот земјотрес се случил во 04:45 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на длабочина од 27 километри и 64 километри јужно од Ираклион.По него, околу 6 часот и 22 минути, следеше нов, досега најсилен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на длабочина од 11 километри и на оддалеченост од 109 километри од Ираклион.Малку подоцна, околу 6 часот и 29 минути по локално време, е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 19 километри и на оддалеченост од 165 километри северозападно од Ираклион, соопшти ЕМСЦ.
Свет | пред 1 година
Во земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава во Индонезија, едно лице загина, а најмалку 82 се повредени, јави агенцијата ВНА.Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри.Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.
Свет | пред 1 година
Два земјотреси со јачина од 6,5 и 4,7 степени синоќа го погодија северниот брег на канадската провинција Британска Колумбија, а засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.Геолошкиот институт на САД соопшти дека првиот земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случил околу 00:20 часот по локално време, во близина на крајбрежниот град Порт Мекнил.Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан на длабочина од 10 километри.Потоа во 03:43 следеше земјотрес од 4,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на иста длабочина.Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по овие земјотреси нема закана од цунами, пренесува Ројтерс.
Свет | пред 1 година
Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.Земјотресот е регистриран на 32 километри од Келкит во источна Турција, на длабочина од девет километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета
пред 1 година
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Пакистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри и на 38 километри западно-северозападно од градот Леј, или 77 километри јужно од градот Дера Исмаил Кан.Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Свет | пред 1 година
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди грчката префектура Коринт на Пелопонез.Нема извештаи за повредени или материјални штети, пренесува Катеимерини.Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри северо-северозападно од Фенеос, на длабочина од 11 километри.Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде земјотресите се чести, но смртните случаи и значителни штети од земјотреси се ретки, наведува Катимерини.
Свет | пред 1 година
Во Црна Гора кај Никшиќ е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.Според моментално достапните информации, точната локација на епицентарот е помеѓу Никшиќ и Даниловград.Засега нема информации за евентуални штети и повредени.
Свет | пред 1 година
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува EMSC.Земјотресот е регистриран во 08:33 часот по локално време, на 10 километри од Жепче, односно 21 километар од Зеница.Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Свет | пред 1 година
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Сан Хуан во Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот е регистриран нешто по 10 часот на околу 113 километри од областа Винчина.Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 97 километри.Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Свет | пред 1 година
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања