Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес го погоди Иран

Иран денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од 37 километри од градот Мора.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.

Свет | пред 10 часа

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,5 степени во Турција

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја погоди централна Турција, а потресот бил почувствуван во повеќе провинции.Епицентарот на земјотресот бил на 46 километри северно од градот Токат, на длабочина од 6,4 километри, според податоците на државната Агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).Потресот се случил во 3:35 часот по локално време. Засега нема информации за штета или жртви од овој земјотрес.

Свет | пред 4 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван низ Европа

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќеска Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 375 километри и на околу 43 километри од Неапол.Според сведоштва на очевидци објавени на страницата на EMSC, потресот бил почувствуван во повеќе европски држави.Очевидци наведуваат дека земјотресот се почувствувал во Задар, на Малта, во швајцарскиот град Лугано, па дури и во Словачка.Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, пренесува „Кориере дела Сера“.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со епицентар во Грција, почуствуван и во Македонија

Земјотрес, чиј епицентар потекнува од Грција, синоќа е почувствуван во западните делови од државава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Како што информираат оттаму, земјотресот бил со јачина од четири степени според Рихтеровата скала.Регистриран е во 22:17 часот, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.Интензитетот на почувствуваниот земјотрес, според податоците, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес регистриран во Македонија

Регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени рано утринава во Македонија.Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на девет километри југозападно од Тетово, а на длабочина од пет километри.Земјотресот бил регистриран во 05:21 часот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Камчатка

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областa источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 48 километри, на 150 километри од Петропавловск-Камчатски.За сега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од 5,1 степени ги погоди Курилските Острови

Курилските Острови на рускиот Далечен Исток денеска беа погодени од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од шест километри и на оддалеченост од 354 километри од Петропавловск-Камчатски.Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од 6,1 степен на Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод.Потресот се случил на длабочина од еден километар во Северниот Тихи Океан, наведува Американскиот геолошки завод.Американскиот систем за предупредување не издал тревога за цунами.Најблиското населено место до епицентарот на земјотресот е Николски, во американската сојузна држава Алјаска.

Свет | пред 3 седмици

Zemjotres

Земјотрес од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез рано утринава, соопштија властите. Не се пријавени материјални штети или повредени лица.Земјотресот се случил на девет километри западно од Гаргалиани, во близина на крајбрежниот град Пилос, на длабочина од 11,4 километри.

Свет | пред 3 седмици

Zemjotres

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран вчеравечер во 20:59 часот на територијата на Албанија.Според податоците, епицентарот бил на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница, на географска ширина 39,72 и должина 20,29. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 5 километри, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 1 месец

zemjotres

Силен земјотрес го погоди Пакистан, засега нема информации за жртви

Пакистан денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC).Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри и на оддалеченост од 106 километри од градот Куздар.Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.

Свет | пред 1 месец

media-librarydlonu78spq60071FC0j

Земјотресот е последица на умерена тектонска активност околу Шар Планина, која се поместува, анализира професорот Милевски по земјотресот

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, по последниот земјотрес даде подетално географско и тектонско објаснување за процесите што се одвиваат на просторот на Косово и западниот дел од Македонија. Тој нагласи дека станува збор за тектонски активен простор, но со умерена, а не со изразено силна активност, како дел од поширокиот систем на планини, раседи и котлини на Балканот.Според Милевски, причината лежи во вклештеноста на помали микро-плочи на кои се наоѓаат планинските масиви и котлините, под влијание на притисоците од поголемите регионални и континентални плочи – Африканската од југ, нејзиниот сегмент Јадранската плоча (Adria), како и Евроазиската плоча од север и североисток. Притисокот од Јадранската плоча кон североисток ги активира раседните структури во северна Албанија, Косово и западна до северозападна Македонија.Тој објаснува дека Шарпланинскиот тектонски блок е ограничен со повеќе нормални и хоризонтални раседи, и од косовската и од македонската страна, долж подножјето на Шар Планина. Притисоците од Јадранската плоча се пренесуваат врз овие активни раседи, при што повремено доаѓа до нивно „размрдување“, што се манифестира како земјотрес.Милевски посочува дека раседите и блоковите околу Шара имаат умерена динамика, особено во североисточниот дел, но тие дејствуваат континуирано со десетици и стотици илјади години. Како резултат на тие процеси, блокот на Шар Планина постепено се изместува, и во височина и кон исток, што, според него, објаснува зошто планината во северниот дел има лачно извиена форма.Во однос на последниот земјотрес, професорот проценува дека поместувањето на планинскиот блок било во рамки на десетина милиметри вертикално и до неколку сантиметри кон исток, со минимални поместувања и на околните депресии. Според ослободената енергија, настанот бил еквивалентен на експлозија од приближно стотина тони ТНТ.Тој нагласува дека тектонската активност во овој дел од Балканот е слаба до умерена и дека не се очекува посилен земјотрес во реонот на Шара, за разлика од подрачјата како дебарското, валандовското, пехчевското или скопското, кои се познати по поголема сеизмичка активност. Според Милевски, станува збор за постепено дооформување на северниот дел од Шар Планина и котлините околу неа, како дел од долгите геолошки процеси што траат со милиони години.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryg9cvddih71i75fzrYme

(Видео) Снимки од Скопје, Тетово и Призрен сведочат за силината на вчерашниот земјотрес

Снимки сведочат за синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала.Во Скопје потресот се случи за време поткастот „Естраден лексикон“.Во Тетово е забележан од надзорни камери на објект.Во Призрен преку надзорни камери во маркет.

Македонија | пред 1 месец

media-library7pqrflooq1redLcDvoy

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Свет | пред 1 месец

media-library7h2agh079c6384Q5XRn

Географско објаснување по земјотресот: Ништо страшно, Шар Планина се извишува

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси.Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција на планинските масиви.„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.Објаснувањето доаѓа по земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, а кој силно беше почувствуван во Скопје и Тетово.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања