ЗЕМЈОТРЕС

Screenshot-2025-05-22-at-08.12.53

Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини.Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион.До сега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 8 месеци

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.

Свет | пред 8 месеци

Zemjotres

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, утрово ја погоди Албанија.Земјотресот бил со епицентар на 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, во охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_1730

Земјотрес почувствуван во Македонија, втор за три дена

Земјотрес со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија. Според информациите од сервисот ЕМСЦ, земјотрес е регистриран на седум киломтери од Центар Жупа.Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.Ова е втор земјотрес во изминативе три дена. Претходниот беше со јачина од 2.5 степени и на 10 километри источно од Скопје. 

Македонија | пред 11 месец

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Скопје.Според податоците од сервисот ЕМСЦ, земјотресот бил на 10 километри источно од центарот на градот.Истиот бил на длабочина од 8.2 километри.

Скопје | пред 11 месец

IMG_0005

(Видео) Разорен земјотрес во Тибет: први снимки, над 50 загинаа

Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи.Загинаа најмалку 53 лица, 60 се повредени, а во моментов во тек се спасувачки операции. Земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина.Шигатсе е седиште на Панчен Лама, една од најважните фигури на тибетскиот будизам, чиј духовен авторитет е веднаш по Далај Лама.Шест села се на оддалеченост од 5 километри од епицентарот, соопшти кинеската државна CCTV, без да даде дополнителни детали.Селата во Тингри пријавија силно тресење на земјата, проследено со десетици последователни потреси со јачина до 4,4 степени.На 20 километри од епицентарот има три града и 27 села. Таму живеат вкупно околу 6.900 жители, објави Ксинхуа.Земјотресите се почувствувани и во главниот град на Непал, Катманду, на околу 400 километри. Таму преплашените жители во моментот на земјотресот избегале од своите куќи на улица.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 7 часот и 23 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-07-at-11.37.17

Пак се тресеше Скопје, втор земјотрес за 24 часа

Нов земјотрес го потресе Скопје вечерва во 18:44 часот, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот, со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, е втор што ги вознемири граѓаните на главниот град во изминатите 24 часа.Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 70 километри североисточно од Елбасан во Република Албанија и на 17 километри исток-североисточно од Центар Жупа во Северна Македонија.Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри.

Скопје | пред 1 година

zemjotres-2-2

Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 1 јануари 2025 година во 00 часот и 15 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, 80 km западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Zemjotres

Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Република Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

IMG_8463

Три земјотреси во Македонија: се тресеше тлото, во Скопје слушнал и звук

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани еден час по полноќ во Македонија.Според првичните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), прв бил токму најсилниот земјотрес, во 1:12 часот, со епицентар во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри. По само една минута, на истото место имало помал потрес од 2.2 степени.Десетина минути подоцна, се тресеше и во Скопје, а земјотресот, исто така според првичните информации, бил на длабочина од 13 километри, со јачина од 2.5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ кон Косово.Граѓаните кои пишуваат на веб-страницата на ЕМСЦ дека го почувствувале овој земјотрес, главно се од Скопје и од местата северно од главниот град. Според нивните пошувања, потресот бил кус, а слично како и во Гевгелија и околината, многумина велат дека непосредно пред земјотресот или паралелно со него, слушнале и карактеристичен звук.

Македонија | пред 1 година

554777_grcka.jpg_iff

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а земјотресот е регистриран на 20 километри од градот Неа Рода, каде Србите сакаат да летуваат.Земјотресот е регистриран на длабочина од 4 километри, југоисточно од Неа Рода и 109 километри источно од Солун.Земјотресот го почувствувале не само граѓаните на Грција, туку и на Бугарија, кои тврдат дека почувствувале благи потреси.- Почувствував како ми го ниша столот додека седев на компјутер - напиша жител на Бугарија на ЕМСЦ.Земјотресот е почувствуван и на подрачјето на Солун. Велат дека било помалку интензивно и траело само неколку секунди.Не се знае дали е забележана материјална штета во близина на епицентарот.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Ноќеска се тресеше во Косово, земјотресите почувствувани и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата: епицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, епицентарот на вториот земјотрес е 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL3.3 а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

zemjotres-kalifornija

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Калифорнија, оставајќи илјадници луѓе без струја: Предупредувањето за цунами е откажано

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Северна Калифорнија и брегот на округот Хумболт околу 10:44 часот по локално време во четвртокот.Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри југозападно од Еурека, Калифорнија, во Тихиот Океан, објави Американскиот геолошки институт (USGS). Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени, но таа информација набрзо била променета.Беа забележани и неколку последователни потреси - во близина на градот Коб во округот Лејк неколку минути по првиот земјотрес, се случи вториот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.Останатите варираат по магнитуда помеѓу 2,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти USGS. Еден жител на Еурека, Џон Вригли, изјави за Си-Ен-Ен дека чувствувал вибрации од земјотресот околу 30 секунди, кои на крајот станале толку слаби што чувствувал мачнина, како да е на брод.Тој додава дека иако земјотресот не бил силен, сепак бил најдолгиот што го доживеал. Речиси цел живот живее во Еурека, а во разговорот со соседите не слушнал за некаква штета. Градскиот менаџер, исто така, изјави за Си-Ен-Ен дека не е забележана значителна штета. Тие не добиле повици за прекинати линии или структурни оштетувања.Тој го опиша земјотресот од четвртокот како „долг“, но не толку „насилен“ како претходните, односно оние со епицентар на копно. USGS проценува дека повеќе од 1,3 милиони луѓе живееле доволно блиску до епицентарот за да го почувствуваат, а локалните медиуми објавија дека првиот земјотрес бил почувствуван дури и во Сан Франциско. УСГС издаде жолто предупредување предвидувајќи локализирана, но минимална штета.Националната метеоролошка служба издаде предупредување за цунами за најмалку 5,3 милиони луѓе, покривајќи делови од бреговите на Калифорнија и Орегон. Тие потоа објавија дека веќе нема опасност од цунами. Тие им препорачуваат на жителите во близина на крајбрежјето во секој случај да бидат внимателни, но и дека „не е неопходно да се преземаат никакви мерки“.

Свет | пред 1 година

strumica

Посилен земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 27.11.2024 година во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања