Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

Santorini

Силен земјотрес го стресе тлото на популарен грчки остров

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини.Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морско подрачје 13 километри југозападна од селото Аркесини на островот Аморгос.Епицентарот бил на длабочина од 11,1 километри. Засега нема пријави за материјална штета.фото: Unsplash

Свет | пред 8 месеци

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од само 5 километри – што го прави потресот повлијателен и на површината.Во Македонија, земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, особено во југозападниот регион – Охрид, Струга, Ресен и околината.Инаку, слични сеизмички активности беа забележани и минатата недела. На 16 јуни беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, кој во Охридската котлина се почувствува со интензитет од V степени.Според податоците на ЕМСЦ, утрово се регистрирани и неколку послаби потреси во Албанија, што укажува на засилена сеизмичка активност во регионот. Македонските институции ги следат состојбите и апелираат на смиреност.

Охрид | пред 8 месеци

Zemjotres

Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 8 месеци

zemjotres-2-2

Рано утрово земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Утрово, во 04:35 часот, бил почувствуван краток земјотрес во Охрид и поширокиот регион.Според првичните податоци, земјотресот имал магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала на длабочина од околу 10 километри, со епицентар на приближно 9 км североисточно од Охрид.Земјотресот бил почувствуван од жителите на градот и околните населби, како и во пограничните места со Албанија.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-08.12.53

Силен земјотрес ги погоди грчките острови Крит и Санторини

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини.Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион.До сега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 9 месеци

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.

Свет | пред 10 месеци

Zemjotres

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, утрово ја погоди Албанија.Земјотресот бил со епицентар на 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, во охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 11 месец

IMG_1730

Земјотрес почувствуван во Македонија, втор за три дена

Земјотрес со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Македонија. Според информациите од сервисот ЕМСЦ, земјотрес е регистриран на седум киломтери од Центар Жупа.Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.Ова е втор земјотрес во изминативе три дена. Претходниот беше со јачина од 2.5 степени и на 10 километри источно од Скопје. 

Македонија | пред 1 година

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Скопје.Според податоците од сервисот ЕМСЦ, земјотресот бил на 10 километри источно од центарот на градот.Истиот бил на длабочина од 8.2 километри.

Скопје | пред 1 година

IMG_0005

(Видео) Разорен земјотрес во Тибет: први снимки, над 50 загинаа

Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи.Загинаа најмалку 53 лица, 60 се повредени, а во моментов во тек се спасувачки операции. Земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина.Шигатсе е седиште на Панчен Лама, една од најважните фигури на тибетскиот будизам, чиј духовен авторитет е веднаш по Далај Лама.Шест села се на оддалеченост од 5 километри од епицентарот, соопшти кинеската државна CCTV, без да даде дополнителни детали.Селата во Тингри пријавија силно тресење на земјата, проследено со десетици последователни потреси со јачина до 4,4 степени.На 20 километри од епицентарот има три града и 27 села. Таму живеат вкупно околу 6.900 жители, објави Ксинхуа.Земјотресите се почувствувани и во главниот град на Непал, Катманду, на околу 400 километри. Таму преплашените жители во моментот на земјотресот избегале од своите куќи на улица.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 7 часот и 23 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-07-at-11.37.17

Пак се тресеше Скопје, втор земјотрес за 24 часа

Нов земјотрес го потресе Скопје вечерва во 18:44 часот, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот, со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, е втор што ги вознемири граѓаните на главниот град во изминатите 24 часа.Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 70 километри североисточно од Елбасан во Република Албанија и на 17 километри исток-североисточно од Центар Жупа во Северна Македонија.Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри.

Скопје | пред 1 година

zemjotres-2-2

Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 1 јануари 2025 година во 00 часот и 15 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Албанија, 80 km западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од III степени Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Zemjotres

Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, 17.12.2024 година, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Република Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

IMG_8463

Три земјотреси во Македонија: се тресеше тлото, во Скопје слушнал и звук

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани еден час по полноќ во Македонија.Според првичните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), прв бил токму најсилниот земјотрес, во 1:12 часот, со епицентар во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри. По само една минута, на истото место имало помал потрес од 2.2 степени.Десетина минути подоцна, се тресеше и во Скопје, а земјотресот, исто така според првичните информации, бил на длабочина од 13 километри, со јачина од 2.5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ кон Косово.Граѓаните кои пишуваат на веб-страницата на ЕМСЦ дека го почувствувале овој земјотрес, главно се од Скопје и од местата северно од главниот град. Според нивните пошувања, потресот бил кус, а слично како и во Гевгелија и околината, многумина велат дека непосредно пред земјотресот или паралелно со него, слушнале и карактеристичен звук.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања