Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

media-libraryff221a9d8e2dcJvo9I9

Властите во Приштина со апел за смиреност по земјотресот кај Призрен, досега нема пријави за жртви

Градските власти на Приштина вечерва информираа дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погодил јужниот дел на Косово, во подрачјето меѓу Призрен и Штрпце. Потресот бил регистриран околу 22:05 часот и, според официјалните информации, бил почувствуван во повеќе делови на земјата.Во соопштението се наведува дека досега нема пријави за повредени лица или за сериозни материјални оштетувања. Надлежните институции, како што се посочува, и понатаму ја следат состојбата на терен.Граѓаните се повикуваат на смиреност и почитување на безбедносните препораки, особено во случај на нови потреси. Од градските власти апелираат лицата да се држат подалеку од прозорци и објекти кои би можеле да се урнат, а во затворени простории да побараат засолниште под цврста маса или покрај носечки ѕид. Доколку се најдат надвор, граѓаните се советуваат да се задржат на отворен простор и да избегнуваат непотребно движење.Надлежните служби исто така апелираат јавноста да се информира исклучиво преку официјални канали и да им помогне на лицата на кои им е потребна поддршка. За итни случаи, граѓаните можат да се јават на службените телефонски броеви за итни интервенции.Од институциите порачуваат дека сите нови информации ќе бидат навремено објавени преку официјалните канали и дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.

Свет | пред 1 месец

media-libraryajl3m8oq2gnq8DTHsBs

(Видео) По земјотресот, публиката во МНТ тргна да заминува, Сашко Коцев ја сврте работата на смеа

Земјотресот што вечерва го почувствува Скопје се случи за време на стенд-ап комедијата „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, која се изведуваше во Македонскиот народен театар. Во моментот на потресот, дел од публиката се вознемири и стана од своите места со намера да ја напушти салата, додека другиот дел продолжи да реагира со смеа на шегите на сцената.Коцев, кој изјави дека не го почувствувал земјотресот, ситуацијата веднаш ја сврте на шега, задржувајќи ја смиреноста и позитивната атмосфера во салата. До посетителите кои решија да заминат, тој упати апел тоа да го сторат мирно и без брзање, со цел да не се создаде паника или дополнителна вознемиреност.По околу десет минути, стенд-ап комедијата заврши во целосно мирна атмосфера, без тревога и без нарушување на безбедноста на публиката. Настанот помина без инциденти, а реакцијата на комичарот придонесе вечерта, и покрај неочекуваниот прекин, да заврши во духот на смеата и смиреноста.Инаку според последните информации, земјотресот е регистриран во Косово, а почувствуван во делови од Македонија. Истиот, според неофицијалните страници кои преработуваат информации од сеизмолошки станици е 4,3 степени, инаку првичните информации беа дека станува збор за потрес од 4,6 степени.

Настани | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес почувствуван во Тетово и околината, епицентар во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес почуствуван во Битола и Охрид, епицентарот бил во Албанија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 4,7 степени го погоди Закинтос

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Закинтос во Јонското Море, соопштија грчките власти, при што не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.Според Атинскиот геодинамички институт, земјотресот се случил нешто пред 20 часот, со епицентар на околу 85 километри југозападно од Закинтос, на длабочина од 9,2 километри.Закинтос се наоѓа во западниот дел на Грција, регион кој е познат како сеизмички активен и често погоден од земјотреси. Надлежните служби ја следат состојбата, но засега нема информации за дополнителни последици.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес во Кина

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската покраина Гансу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри, на приближно три километри од местото Дијанга.Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди областа јужно од Панама

Областа јужно од Панама денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на потресот бил лоциран на отворено море, на длабочина од околу 10 километри и на оддалеченост од 537 километри од градот Есмералдас.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина над 6 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Утринава силен земјотрес ја погоди областа на Папуа Нова Гвинеја, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 106 километри под површината на земјата. Дел од извештаите наведуваат дека јачината на потресот можеби достигнала и до 6,7 степени.Засега нема официјални информации за настрадани лица или за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја тресеше Јапонија

Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот јапонски регион Чугоку. По ова следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Четири земјотреси го погодија западниот дел од островот Хоншу, со магнитуда од 4,1 до 5,7 степени.Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 км, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија соопшти дека немало неправилности по земјотресот.Железничкиот оператор „Вест Јапан Рејлеј“ објави дека услугите на брзите возови на погодените делови се суспендирани по земјотресот.Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес од 2,2 степени регистриран во охридскиот регион

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во охридскиот регион, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил лоциран во непосредна близина на Охрид, а потресот е регистриран на длабочина од околу 15 километри.Податоците се означени како автоматски и неофицијално потврдени, што значи дека можна е минимална корекција на параметрите по деталната анализа.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.Нема информации за повредени и за материјална штета.

Македонија | пред 2 месеци

Zemjotres

Земјотрес во Далмација со силина од 4 степени, епицентарот бил во Јадранското Море кај Мљет

Силен земјотрес беше регистриран синоќа во 23:07 часот во Јадранското Море, со епицентар во близина на островот Мљет, соопшти Сеизмолошката служба. Потресот имал магнитуда од 4,0 степени според Рихтер и интензитет V степени според EMS скалата.Потресот бил почувствуван и во Дубровачкото приморје, а сеизмографите забележале дека станува збор за прилично силен земјотрес во епицентарот.Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) го регистрираше истиот настан со магнитуда 3,9 степени и објави повеќе сведоштва од граѓани од регионот кои го почувствувале тресењето на тлото.Нема информации за материјална штета или повредени лица.

Свет | пред 2 месеци

seizmograf

Скопјани почувствуваа слаб земјотрес: Регистриран утринава со јачина од 3,3 степени по Рихтер

Жителите на Скопје утрово почувствуваа послаб земјотрес, кој во 07:20 часот ја затресе метрополата и околните населени места. Потресот, според првичните податоци, бил со јачина од 3,3 степени по Рихтер.Епицентарот бил лоциран во пограничното подрачје кај Урошевац, околу 124 километри северно од Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на државата го регистрираше земјотресот преку станиците што ги одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.Потресот бил почувствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот на нивната интернет-страница или да се јават на бројот 112, со цел да се соберат податоци за понатамошни анализи.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани кои го почувствувале потресот. „Дефинитивно беше почувствуван“, изјави наредничката Калиста Меклауд. Многумина своите реакции ги споделувале и на социјалните мрежи.Сеизмологот Алисoн Брд појасни дека најпогодениот дел од Јукон е планински и ретко населен. „Најчести пријави се за паднати предмети од полици и ѕидови“, истакна таа.Најблиската канадска населба до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со 1.018 жители според последните податоци од 2022 година. Земјотресот бил почувствуван и во Јакутат, на Алјаска, град со 662 жители, сместен околу 90 километри подалеку.

Свет | пред 3 месеци

media-library1bkr1kqakga17mstby6

По силниот уште 100 последователни потреси во Турција

По синоќешниот земјотрес од 6,1 стеоен во Турција следеле повеќе од 100 потреси.По земјотресот со јачина од 6,1 степен кој го погоди регионот Баликешир најсилниот кој следел бил со јачина од 4,4 степени.Во земјотресот беа повредени најмалку 22 лица.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.Потресот се почувствувал и во Грција.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања