„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

знам

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија

СДСМ преку соопштение се осврна на објавената ,,бомба” дека тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода.,,Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ.Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.,,Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?”, велат одСДСМ и ги повикуваат ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага.,,Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.

Македонија | пред 6 часа

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 1 месец

media-library6s9t2tjlctc58ro9JGy

Лабудовиќ во Центар со поддршка од ВЛЕН

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ ќе ja добие поддршката од ВЛЕН.Вечерва, Лабудовиќ, заедно со генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, ја официјализираа соработката на средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик. На средбата присуствуваа новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити кој ги повика жителите од албанска националност од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати, смета ВЛЕН.И Максим Димитриевски ќе биде поддржан од ВЛЕН во Куманово.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски: „Човек со милион афери и уште ги употребува зборовите на Бранко“

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, коментирајќи ги фотографиите на кои поранешниот премиер и претседател, како и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секој има право со кого сака да седи во кафеана со кого сака.Со Црвенковски сме добри пријатели. Тој е еден од основоположниците на СДСМ и човек кој го почитувам. Добар дел од луѓето во ЗНАМ се поранешни членови на СДСМ, разочарани од тоа што денес се случува во таа партија. Секој има право со кого сака да седи во кафеана, изјави Димитриевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.Димитриевски вели дека СДСМ за него е завршена приказна, но дека жали што партијата ја води лажен социјалдемократ кој го следат милион афери.Жалам што СДСМ дојде до ова дереџе – човек со милион афери, со златна виза за Дубаи, со луксузирање на јахти, кој се продава за чесна душа, денес ја води таа партија. И уште прави алузии на зборовите на Црвенковски – ‘или си СДСМ или не си’. Можеби тој наскоро ќе си замине, но сите тие што денес ја водат партијата треба час поскоро да си одат. Не може лажен социјалдемократ како Филипче да ја води социјалдемократијата во Македонија, рече Димитриевски.Лидерот на ЗНАМ потенцираше дека

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Филипче ги употреби зборовите на Црвенковски: „Или си со СДСМ или не си“, коментар за објавените фотографии

Од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска беше побаран коментар за објавените фотографии на кои е Бранко Црвеновски во друштво со членови на партијата ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ.-Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политичкиот живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска. објави Скопје1.мк

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

(Фото) Бранко Црвеновски во друштво на членови на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.На една од фотографиите, која ја објави Инфомакс, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye0p62hjg006h0TH1M73

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. - истакна Лабудовиќ.Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени. - додаде Лабудовиќ.Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryqi4ubs1655997c4CWZx

Филипче: ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакаа промена, ве изневери вас, ве повикувам да се вратите дома

На денешната конвенција за презентација на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година, претседателот на СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ.„Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сакам јасно да ви кажам, вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома“, рече Филипче.Тој потенцираше дека лагите на Максим Димитриевски и неколкумина, заради лични интереси, го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаат искрени промени во СДСМ, но наместо коректори на политиките гласовите го вратија стариот познат режим на ВМРО-ДПМНЕ.„Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна токму ВМРО да се врати на власт. Сите го чувствуваме тоа денес. Се вратија партизацијата, стравот, неспособноста. Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција, или ВМРО ќе владее без контрола, со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја“, потенцираше Филипче на конвенцијата.

Македонија | пред 3 месеци

IMG-40b5911f7bbdb81a2be94be63586dd56-V

ЗНАМ со кандидатура на Лабудовиќ за Центар и листа за Советот на Град Скопје

Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за Советот на општината и за Советот на Град Скопје.„Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со јасна визија за почист, побезбеден и организиран Центар. Овој хаос мора да запре. Ќе го ослободиме просторот, ќе го исчистиме, озелениме и повторно ќе го слушаме детскиот џагор во маало. Знаеме како,“ изјави Лабудовиќ, заблагодарувајќи се на движењето ЗНАМ за довербата, но и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката.Тој најави визија за системски решенија и подобар живот за граѓаните на Центар, со акцент на повеќе зелени површини, чиста животна средина, подобра инфраструктура и враќање на јавниот простор во рацете на граѓаните.Истовремено, во Градската изборна комисија беше поднесена и листата на советници за Советот на Град Скопје, чиј носител е генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на АРМ.„Влегуваме чесно и со јасен план и визија, со волја да ги решаваме проблемите со кои се соочува Скопје. Граѓаните заслужуваат функционален, организиран и чист град, а ние знаеме како тоа да го постигнеме,“ изјави Котески.Од ЗНАМ порачуваат дека нивната определба останува чесна, одговорна и транспарентна политика, насочена кон реални решенија и создавање на Скопје и Центар како заеднички дом на сите граѓани.

Скопје | пред 3 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 3 месеци

IMG-0d205aba3f3240ddd5fc7a547a9a8b71-V

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: „Партијата мора да биде гласот на граѓаните“

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија денеска го одржа Вториот Конгрес на кој 413 делегати едногласно го избраа Максим Димитриевски за претседател на партијата во наредните четири години.Во своето обраќање, Димитриевски истакна дека ЗНАМ е различна политичка опција – создадена од граѓаните и за граѓаните. „ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ – туку гласот на народот. Нашата идеологија црпи сила од Крушевскиот манифест и АСНОМ. Нашата мисија е да вратиме нормалноста во Македонија“, порача тој.Во изминатите 14 месеци, ЗНАМ формирало 53 општински организации и градска организација во Скопје, што, според Димитриевски, е доказ за посветеност и инклузивност. Делегатите аплаудираа на пораки дека „нема да се дозволи бришење на историјата поради членство во ЕУ“ и дека „ние сме подеднакво Европејци како и тие во Брисел“.Димитриевски нагласи дека оваа власт треба да ја добие шансата што граѓаните ѝ ја дале, но повика на будност и активна контрола. „Македонија мора да биде правна, чесна и достоинствена држава. Да нема веќе Кочани, Тетово, Ласкарци и модуларни болници“, рече тој, повикувајќи на сочувство со сите што изгубиле блиски во трагедии предизвикани од системски пропусти.Пред крајот на говорот, упати силна порака до партиските функционери:„Функцијата е минлива. Работете според закон, посветено и чесно. Бидете безмилосни кон корумпираните и оние што сакаат да владеат од сенка – законот е вашата алатка.“Со поддршка од делегатите, на Конгресот беа избрани и новите состави на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, како и измени на Статутот. Движењето ЗНАМ најави дека ќе продолжи со градење силна граѓанска структура што ќе ја предводи Македонија кон достоинствена иднина.

Македонија | пред 6 месеци

maksim-dimitrievski-43

Максим ќе бара пак доверба да остане градоначалник во Куманово, партијата најавува борба и за место во Скопје

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, потврди дека партијата ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово – актуелниот градоначалник и партиски лидер Максим Димитриевски.Преговорите за настап на локалните избори во рамки на коалиција се сѐ уште во тек, а ЗНАМ најавува кандидати и во други општини, вклучително и во Скопје.Филков додаде дека ЗНАМ е подготвена за избори со било кој модел – дури и веднаш.На прес-конференцијата беше објавено и формирањето на градската организација на ЗНАМ во Скопје, што партијата го нарече почеток на „сериозна и решителна политичка борба“.

Македонија | пред 6 месеци

maksim-dimitrievski1

ЗНАМ нема да поддржат намалување на патните трошоци како што бара Левица, ниту кажаа конкретен став дали се високи или ниски

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.„Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар за секоја тема. Отворени сме за конструктивен процес на преговори, за сите прашања, со сите пратенички групи, за да се дојде до најдобро решение“, рече Даниела Белимова, пратеник од ЗНАМ.Според неа, Левица не е решение на проблемот туку таа создава проблеми. На прашањето дали лично смета дека патните трошоци треба да се намалат, Белимова рече: „Ние секој предлог го прифаќаме, како пратеничка група да седнеме на маса со другите пратенички групи, да договориме општо прифатливо“. На прашањето што е тоа „општо прифатливо“, дали се ниски или високи патните трошоци, таа немаше одговор и го повтори истото: „Кога ќе седнеме на маса, ќе изнајдеме решение“.

Македонија | пред 10 месеци

pratenici-sobranie-levica

ЗНАМ со лажни обвинувања поради неспособноста на власта да обезбеди кворум, вели Левица

“Смешни се обвинувањата на ЗНАМ за тајна коалиција помеѓу Левица, СДС и ДУИ, а со цел, како што велат, блокада на работата на Собранието и блокирање на процесот за исплата на плати на околу 1000 инспектори во државните инспекторати. Нервозата кај власта е заради тоа што свикаа неделовнички седница, во петок, а пратениците беа известени само три часа пред почетокот на седницата. Сето ова доаѓа од тоа што министрите на ДПМНЕ и ЗНАМ доцнат шест месеци со консолидација на законите, односно околу 1000 инспектори не можат да добијат декемвриска плата затоа што министрите не ги направиле потребните измени согласно реорганизацијата на министерствата”, вели Левица и додава:Ја потсетуваме власта, а особено нејзиниот најмал коалиционен партнер ЗНАМ, кој денес беше испратен да држи прес во одбрана на ДПМНЕ, дека согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици, а на последната координација беше договорено во петок да нема седници. Иако бевме известени само три часа пред почеток на седницата пратениците на Левица беа во Собранието и со ниту една постапка не ја опструираа работата на истото. Работата на Собранието ја опструираа пратениците од власта кои со викања, колнења, пцовки и погрдни зборови најверојатно сакаа да предизвикаат инцидент за да ја прикријат својата неспособност. Кога не успеаја во тоа - ги испратија ЗНАМ да ја оцрнува Левица.Пратениците од ЗНАМ ги советуваме петоците и тие да ги користат за контакт со граѓаните, со цел граѓаните конечно да ги запознаат нивните избраници, бидејќи, за жал, поради нивната пасивност, сервилност и не делување во Собранието, нивните имиња и ликови се сѐ уште се непознати на јавноста.Левица веќе докажа дека е единствена автентична опозициона партија, во коалиција единствено со народот. Од друга страна, сите останати парламентарни партии, без разлика на нивната декларативна реторика - со своето делување повеќепати го потврдија постоењето на широката коалиција за лични и партиски интереси.Потсетуваме дека Левица беше иницијатор на интерпелацијата поради која беше разрешена претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути - пратеничка од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ. За оваа интерпелација поднесена од Левица, пратеничката група на СДС одби да гласа и ја напушти собраниската сала. Дополнително, не смее да се заборави фактот дека ДУИ секогаш стои на располагање за спас на владејачкото мнозинство формално составено од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, особено кога е потребно 2/3 мнозинство за носење закони.Левица нема да биде замолчена од евтини и смешни манипулации и ќе продолжи да го брани интересот на народот, разобличувајќи ја неспособноста, хаосот и скриените сојузи во Собарнието.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

ЗНАМ контра Гаши: Даути е разрешена

На Илире Даути 61 пратеник ѝ изгласа недоверба на функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, прифаќајќи ја интерпелацијата од Левица.Изненади соопштението од Кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши.„Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство“.Со овој став не се согласуваат од ЗНАМ, владиниот коалициски партнер, кој постојано објаснува дека за коалиција се договарале со ВМРО-ДПМНЕ, но не и со ВЛЕН.„За нас исходот е многу јасен. Собранието утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“, вели Движење ЗНАМ.Бараат опозицијата да предложи нов кандидат за позицијата.За Јован Митревски од СДСМ, Гаши не е во право , интерпелација мора да има правна последица, ама ова сепак е преседан.„Во Деловникот има интерпелација за носители на јавни функции, а претседател на собраниска комисија е и тоа како носител на јавна функција. Даути треба да си замине од Комисијата, но право на парламентарната партија е да предложи кого сака за претседател“, вели Јован Митревски.Интерпелацијата за Илире Даути ја поднесе Левица поради нејзиното несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување со кочење на Законот за бранители со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања