Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: „Партијата мора да биде гласот на граѓаните“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-0d205aba3f3240ddd5fc7a547a9a8b71-V

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија денеска го одржа Вториот Конгрес на кој 413 делегати едногласно го избраа Максим Димитриевски за претседател на партијата во наредните четири години.

Во своето обраќање, Димитриевски истакна дека ЗНАМ е различна политичка опција – создадена од граѓаните и за граѓаните. „ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ – туку гласот на народот. Нашата идеологија црпи сила од Крушевскиот манифест и АСНОМ. Нашата мисија е да вратиме нормалноста во Македонија“, порача тој.

Во изминатите 14 месеци, ЗНАМ формирало 53 општински организации и градска организација во Скопје, што, според Димитриевски, е доказ за посветеност и инклузивност. Делегатите аплаудираа на пораки дека „нема да се дозволи бришење на историјата поради членство во ЕУ“ и дека „ние сме подеднакво Европејци како и тие во Брисел“.

— реклама —

Димитриевски нагласи дека оваа власт треба да ја добие шансата што граѓаните ѝ ја дале, но повика на будност и активна контрола. „Македонија мора да биде правна, чесна и достоинствена држава. Да нема веќе Кочани, Тетово, Ласкарци и модуларни болници“, рече тој, повикувајќи на сочувство со сите што изгубиле блиски во трагедии предизвикани од системски пропусти.

— реклама —

Пред крајот на говорот, упати силна порака до партиските функционери:

„Функцијата е минлива. Работете според закон, посветено и чесно. Бидете безмилосни кон корумпираните и оние што сакаат да владеат од сенка – законот е вашата алатка.“

— реклама —

Со поддршка од делегатите, на Конгресот беа избрани и новите состави на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, како и измени на Статутот. Движењето ЗНАМ најави дека ќе продолжи со градење силна граѓанска структура што ќе ја предводи Македонија кон достоинствена иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 седмица

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 2 седмици

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања