Промени тема
Контакт

ЗНАМ со кандидатура на Лабудовиќ за Центар и листа за Советот на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG-40b5911f7bbdb81a2be94be63586dd56-V

Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за Советот на општината и за Советот на Град Скопје.

— реклама —

„Центар заслужува конечно работите да се решаваат системски, со јасна визија за почист, побезбеден и организиран Центар. Овој хаос мора да запре. Ќе го ослободиме просторот, ќе го исчистиме, озелениме и повторно ќе го слушаме детскиот џагор во маало. Знаеме како,“ изјави Лабудовиќ, заблагодарувајќи се на движењето ЗНАМ за довербата, но и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката.

— реклама —

Тој најави визија за системски решенија и подобар живот за граѓаните на Центар, со акцент на повеќе зелени површини, чиста животна средина, подобра инфраструктура и враќање на јавниот простор во рацете на граѓаните.

Истовремено, во Градската изборна комисија беше поднесена и листата на советници за Советот на Град Скопје, чиј носител е генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот на АРМ.

— реклама —

„Влегуваме чесно и со јасен план и визија, со волја да ги решаваме проблемите со кои се соочува Скопје. Граѓаните заслужуваат функционален, организиран и чист град, а ние знаеме како тоа да го постигнеме,“ изјави Котески.

— реклама —

Од ЗНАМ порачуваат дека нивната определба останува чесна, одговорна и транспарентна политика, насочена кон реални решенија и создавање на Скопје и Центар како заеднички дом на сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 2 седмици

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 3 седмици

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања